Вилата „Lena“е лоцирана во мирниот дел на Неа Рода, веднаш пред апартхотелот „Lazaridis“ на околу 100 метри од плажата. Располага со двокреветни, четирикреветни и петкреветни студија и апартмани на приземје и на прв спрат. Дел од сместувачките капацитети имаат поглед на море, а останатите поглед на улица. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрично решо, фрижидери и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Пред вилата има простор за паркирање на возила.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА