ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Амулијани
KAtegorija
Vila Gallery - Amulijani
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Амулиани е прекрасен мал остров на Егејско море, и е единствен населен во северниот дел на Грција. 
Со големина од 4,5км2 изобилува со прекрасни плажи: Аликес, Агиос Георгиос, Мегалиамос, Карагација и многу мали заливи за оние кои сакаат да уживаат во интимата.
Лоциран е во заливот на планината Атос и доминира зелената боја, со маслинови полиња...
Мирно место, го препорачуваме за семејства и парови кои сакаат вистински одмор. Местото е полно со таверни, бутици, кафе барови и продавници.
Всушност, отпатувајте заедно со нас и вратете се со свои впечатоци од ова мало, извонредно место, се надеваме дека ќе уживате во неговите убавини.

Куќата „Галери“ е лоцирана во мирниот дел на селцето, на само 350 метри од главното пристаниште. Располага со двокреветни, трикреветни и четирикреветни студија, со ТВ, клима уред, комплетно опремени кујни, тоалет, тераса. 

 

 

Напомени и услови:

 

- Цените во табелите се објавени во денари и во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари.

 

- За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

 

- Вонсезонските цени се изразени по лице за пакет аранжман од 7,9,10 или 12 ноќевања и автобуски превоз и вклучен траект (Трипити – Амулијани – Трипити) .За аранжман со сопствен превоз (кај вонсезонските цени) се одбива по 620мкд (10евра) од цената за првото и второто лице, третото или четвртото легло се наплаќаат во целост.

 

- Сезонските цени се изразени за наем на цело студио/апартман за  9 ноќевања.

 

- Цените означени со ѕвезда (*) се промотивни и не подлежат на попусти за ран букинг, превозот не се одбива од истите.

 

- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

 

- Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, автобуски превоз на релација Скопје – Трипити (пристаниште) Скопје, карта за траект Трипити – Амулијани – Трипити и трансфер до куќите.

 

- За возрасни 2.790 мкд. (45 евра) 

- За деца до 12 години 1.860 мкд. (30 евра) 

- Деца до 2 години бесплатно,без седиште

 

- Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавремено напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

 

- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

 

 - Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио/ апартман.

 

- Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии. 

 

- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

 

- Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.atlantikturs.com) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, за овој аранжман не можеме да гарантираме сместување во прецизно одредена соба од објавените.

 

- Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.

 

- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

 

- Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

 

- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

 

 - Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во ТА Атлантик Турс.

 

- За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)