ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Лефкада
KAtegorija
Vila Flisvos | Lefkada - Leto 2018
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Vila Flisvos е составена од комплекс од повеќе згради, се наоѓа на самиот брег на Lygie, место оддалечено само 4 км од главниот град на Лефкада. Вилата има приватна плажа опремена со лежалки и чадори кои се бесплатни за гостите. Од морето е оддалечена 10 метри, а во дворот има базен со хидромасажна када и бар кој работи од 9-21 часот. Објектот има приватен паркинг, тоалети за последниот ден, туш, како и обезбеден простор за оставање на багажот за последниот ден. Најмладите гости можат да уживаат на детското игралиште кое се наоѓа веднаш до базенот. Во вилата е дозволен престој на домашни миленичиња до 5 кг. Во состав на дворот е обезбеден простор за скара, како и кујна која е опремена со микропечка, мини мшпорет со рерна, судопер,,,Во понудата имаме трокреветни студија на приземје и четирикреветни апартмани на првиот спрат од објактот до двата комплекси кои имаат поглед на море, Сите сместувачки капацитети се опремени со кујна наменета за подготовка на полесни оброци (мини електричен шпорет, фрижидер, садови за јадење), купатило, TV, WiFi со слаб сигнал, клима уред чие користење е вклучено во цената, тераси со гарнитури за седење заштитени со тенди, сеф кој не се доплаќа. Во четирикреветните апартмани има два клима уреди, по еден во секоја просторија. Во спалната соба има француски кревет, додека дневната соба е опремена со два стандардни кревети. Во студијата и апартманите има крпи кои се менуваат на 5 дена исто како и постелнината, додека чистењето е секојдневно. Вилата Flisvos на своите гости им обезбедува најразлични видови забава, меѓу кои се бесплатно изнајмување на педалинки и кајаци и можност за изнајмување на моторни чамци за незаборавно доживување на крстарењата покрај брегот на Лефкада.

 

Локација на објектот

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)