ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Лефкада
KAtegorija
Vila Filoxenia - Lefkada
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Лефкада (грчки: Λευκάδα) или Лефкос е остров во Јонското Море, еден од најголемите што ѝ припаѓаат на Грција. Островот е поврзан со копното со автопат и висечки мост, а е најпознат во светот по прекрасните плажи од кои застанува здивот. 
Лефкада е прилично голем остров. Во насока север-југ е долг 35 километри, додека исток-запад, преку 15 километри. Вкупната површина на островот изнесува 336 километри квадратни. Главниот град на островот, а воедно и административен центар на целата област е истоимениот град, Лефкада, којшто се наоѓа на северно-источниот дел од островот, на точката каде што јонскиот остров се поврзува со копнениот дел од Грција и на приближно 20 минути возење со автомобил од националниот аеродром Актион.

Ново изградената куќа “Filoxenia” е лоцирана на само 20 метри од плажата во Никијана. Располагаме со дуплекс апартмани, апартмани и трикреветни и двокреветни студија. Сите се со комплетно опремена кујна, тоалет, ТВ, тераси , клима уред (вклучен во цена). 

 

 

Напомени и услови:

 

- Цените во табелите се објавени во денари и во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари.

 

- За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

 

- Цените во табелите се дадени по лице со вклучен превоз.

 

- При сместувањето во студио / апартман плаќањето  е за минимум 2 лица . 3,4 и 5 лице се сместуваат гратис за 7, 9,10 или 12 ноќевања и плаќаат превоз доколку користат.

 

- Цените означени со ѕвезда (*) се промотивни и не подлежат на попусти за ран букинг , превозот не се одбива од истите.

 

- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот. 

 

- За патниците  кои користат организиран превоз, тргнувањето е ден порано , состанок на групата е во 23.00ч на паркингот  спроти хотел Холидеј Ин, тргнување во 23.30ч.

 

- Користење автобуски превоз по лице

- Возрасни 3.100мкд. (50 евра)

- Деца до 12 години 2.170мкд. (35 евра)

 

- За аранжман со сопствен превоз во сезонските цени по лице  се одбива: 1.550 мкд (25евра)

 

- Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

 

- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

 

- Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио/ апартман. 

 

- Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии. 

 

- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

  

- Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.atlantikturs.com) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, за овој аранжман не можеме да гарантираме сместување во прецизно одредена соба од објавените.

 

- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

 

- Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

 

- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

 

- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во ТА Атлантик Турс.

 

- За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)