ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Паљури
KAtegorija
Vila Chrouso Palace | Paljuri - Leto 2018 - Atlantik Turs
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Нова понуда за сезоната Лето 2018- Паљури, најубавата плажа на најјужниот дел на Касандра, комбинација на кристално чиста вода, златен песок и борова шума... На само осум километри подалеку од Пефкохори, ќе го најдете најубавото место за вистински одмор...Името го добило според зборот paliuri, еден вид на грмушка што расте во овој регион и која луѓето ја посадувале за да си ги одбележат своите куќи. Селото е со типично грчка архитектура-традиционални камени куќи, тесни поплочени улици...населено е со околу 800 жители кои се занимаваат со одгледување маслинки и пчеларство, па можеби некаде ова место ќе го сретнете и под името селото на пчеларите. Селото има неколку маркети, месара, рибара, таверни и ресторани. На само 1200 метри од селото се наоѓа плажата Chrouso Beach која всушност се состои од три плажи: Horuso, Ksenija и Alonaki. Плитка вода, природна заштита од сонце, златен песок, неколку барови на плажата со одлична услуга, удобни лежалки и задолжително добра музика. Тоа е Паљури, местото каде во текот на едно деноноќие се собираат туристи од најблиските места преку ден да уживаат во беспрекорната плажа, а навечер да бидат дел од лудата забава. Тука, во оваа убавина, Ви ја предлагаме вилата Chrouso Palace градена од камен, опкружена со борова шума и со најубавите цветни градини.

 

Вилата „Chrouso Palace“ се наоѓа на 800 метри од плажата. Гарантирано најубавото апартманско сместување што досега сме го понудиле на нашите туристи: собите се чистат секој ден, постелнината и крпите се менуваат после секој трети ден, опремени кујни, пространи тераси со незаменлив поглед на преубавото зеленило, голем двор со издвоен дел за подготвување скара, посебен дел со играчки за децата, масички поставени под осветлените палми каде можете да уживате во интимниот амбиент, паркинг за возила. Сместувачките капацитети се наоѓаат на приземје и на прв спрат, затоплувањето на водата е комбинирано-со бојлер и со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Вилата е наменета за оние кои посакуваат мирен одмор...во непосредна близина се наоѓа хотелот Chrousso Vilage 4* кој во својот состав има продавница од каде можете да набавите најосновни прехранбени продукти. За останатите артикли имате одлично снабдени продавници во селото Паљури, а доколку Ви недостига вечерната гужва, на неколку километри се наоѓаат Пефкохори, Ханиоти и Полихроно.

 

Напомена: Во трокреветните апартмани можат да се сместат максимално 3 возрасни лица и едно дете до 3 години. Во четирикреветните апартмани можат да се сместат максимално 4 возрасни лица и едно дете до 3 години. 

 

За резервации и целосни уплати до 01.02.2018 одобруваме 15% попуст 

 

Локација на објектот

 

 (ФОТОГРАФИИТЕ ОД СЕКОЈА СОБА СЕ НАОЃААТ ПОД ЦЕНОВНИКОТ)

Фотографии од соби и плажи

Paljuri Beach Апартман бр. 606 - Вила Chrouso Palace - Паљури Апартман бр. 607 - Вила Chrouso Palace - Паљури Апартман бр. 609 - Вила Chrouso Palace - Паљури Апартман бр. 610 - Вила Chrouso Palace - Паљури Апартман бр. 616 - Вила Chrouso Palace - Паљури Апартман бр. 617 - Вила Chrouso Palace - Паљури Апартман бр. 618 - Вила Chrouso Palace - Паљури
Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)