ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Ханиоти
KAtegorija
Vila Christina - Hanioti
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Приземје + 1 кат + 2  кат 
Капацитет: 10 соби од 30 во целиот објект (6 на приземје + 4 на 1 кат), максимум 40 лица
Оддалеченост од море/ плажа: 70 метри
Структура: трикреветни и четирикреветни

Опис:
 

Четирикреветни, 2+2: во првата (помала) просторија/ соба се сместени кревети на спрат и мала, комплетно опремена кујна, тоалет, и (одвоена со параван/ ѕид) спална соба со француски кревет, тераса
Четирикреветни, 3+1: во првата (помала) просторија/ соба се сместени два единечни кревети, комплетно опремена кујна, тоалет и спална соба со француски кревет, голема тераса
Забелешка: одличен огромен двор, сопствен паркинг, интернет (ограничен), клима

 

 

За целосна уплата до 03.02.2018

12% ПОПУСТ!

 

 

Напомени и услови:

 

- Цените во табелите се објавени во денари и во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари.

 

- За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

 

- Вонсезонските цени се изразени по лице за пакет аранжман од 7,9,10 или 12 ноќевања и автобуски превоз.За аранжман со сопствен превоз (кај вонсезонските цени) се одбива по 620мкд. (10 евра) од цената за првото и второто лице, третото или четвртото легло се наплаќаат во целост.

 

- Сезонските цени се изразени за наем на цело студио/апартман за  7 ноќевања

 

- Цените означени со ѕвезда (*) се промотивни и не подлежат на попусти за ран букинг, превозот не се одбива од истите

 

- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

 

- Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а - напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

 

- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

- Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио/ апартман

 

- Aгенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Сликите од собите за овој аранжман се од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени во канцелариите во Скопје или Кавадарци.

 

- Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

 

- За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)

- За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра) 

- Деца до 2 години бесплатно,без седиште

 

- Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути.Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.

 

- Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.

 

- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

 

- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

 

- Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во објектот.

 

- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

 

- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на агенцијата.

 

- За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ.

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)