ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Неа Флогита
KAtegorija
Vila Bouzalis | Nea Flogita - Leto 2018 - Atlantik Turs
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Во централниот дел на полуостровот Халкидики, на само педесетина километри југоистoчно од Солун  се наоѓа туристичкото место Неа Флогита, препознатливо по централниот парк со фонтаните и зелениот појас со палми. Всушност, тоа е првото што ќе го забележите штом пристигнете во ова туристичко место- дрворедот од над стотина палми во должина од 1.5 километар се  протега се до Дионисос, што е всушност и неговата најголема атракција. Неа Флогита е лоцирана на привилегирана позиција- на само неколку метри од морето, што е предност повеќе токму тука да го поминете вашиот летен одмор дишејќи го секое утро специфичниот мирис на  морски воздух. Длабочината во морето е умерена што го прави ова туристичко место уште попривлечно за децата, а морскиот гребен на само 50 метри од брегот е природна заштита за пливачите.

Ова приморско место е одлично снабдено во текот на летната сезона. Изобилува со маркети, пекари, слаткарници,таверни, ресторани,а токму во ова туристичко место е најпозната плажа „Pastazi“ која нуди одлична забава за младите.Неа Флогита се наоѓа на само 6 километри од Неа Муданија, комерцијалниот центар на Халкидики до каде можете секојдневно да шетате, а доколку сте љубители на шопингот со часови да пазарувате во многубројните бутици. Ако и тоа не ја задоволи Вашата шопинг манија, тогаш искористете го предизвикот-од Неа Муданија имате секој ден редовна автобуска линија до Солун.

  

Вилата Bouzalisе лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита и на само неколку метри од морето. Располага со апартмани со најразлична големина; дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.

 

Напомена:

Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничeниот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење. 

 

Локација на објектот 

 

(ФОТОГРАФИИТЕ ОД СЕКОЈА СОБА СЕ НАОЃААТ ПОД ЦЕНОВНИКОТ)

 Ценовник за вила "Bouzalis" - Неа Флогита

  

Фотографии од соби и плажи

Градска плажа - Неа Флогита Апартман бр. 4 - Вила Bouzalis - Неа Флогита Апартман бр. 9 (поглед море) - Вила Bouzalis - Неа Флогита Апартман бр. 12 (без поглед) - Вила Bouzalis - Неа Флогита Апартман бр.15 - Вила Bouzalis - Неа Флогита Апартман (дуплекс) бр. 24 - Вила Bouzalis - Неа Флогита Апартман (дуплекс) бр. 28 (поглед море) - Вила Bouzalis - Неа Флогита
Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)