ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Торони
KAtegorija
Vila Blue Sea | Toroni - Leto 2018 - Atlantik Turs
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Торони е мало место помеѓу Неос Мармарас и Порто Коуфо, на западниот брег на Ситонија, оддалечено околу 130 км од Солун. Заштитен знак му е преубавата плажа долга 2 км која е наградена со Сино Знаме и која секој турист го остава без здив. Тука се наоѓаат неколку таверни во кои можете да ги вкусите специјалитетите на грчката национална кујна. Секако, има и неколку одлично опремени продавници во кои можете да пронајдете се` што ќе го направи што попријатен и поконфорен  вашиот одмор во апартманите. За оние кои сакаат да ја истражуваат околината,околу Торони се наоѓаат мноштво заливи со прекрасни мали плажи,како и историски знаменитости кои ги оживуваат далечните времиња. Само да споменеме дека Торони го носи името на жената на Посејдоновиот син Протеј. Плажата е фантастична, чиста, со крупни зрна песок кои пријатно ги масираат Вашите стапала. Поставена е југозападно, а она што е највпечатливо за ова место е  прекрасниот залез на сонцето во доцните вечерни часови, глетка што ќе Ве грее уште долго по завршувањето на Вашиот летен одмор. Водата е кристално чиста, со многу пријатна температура.

 

Традиционално веќе неколку години во нашата летна понуда ја имаме вилата „Blue Sea” која е составен дел на хотелскиот комплекс „Blue Sea Hotel”во Торони. Во состав на хотелот има ресторан, таверна и мини маркет. Вилата се наоѓа на самата песочна плажа, а фактот што гостите можат да го користат базенот, џакузито и детскиот базен ја вбројува меѓу една од најбараните. Во нашата понуда имаме трокреветни и четирикреветни студија на прв и втор спрат кои имаат тераси со поглед во дворот на вилата и на базенот, како и бочно поглед кон морето. Сите студија имаат мини чајна кујна,телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената, а се наоѓаат на прв и на втор спрат. Студијата се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Вилата има сопствен паркинг простор.

 

Напомена:

 

Минатата летна сезона сите сместувачки капацитети кои се во сопствен закуп на „Атлантик Турс“ беа реновирани (десниот дел од вилата на прв и втор спрат). Во студијата беа набавени нови кревети за спиење и гардеробери и целосно беше заменета надворешната дрвена столарија на вратите и прозорците со нова, ПВЦ столарија. Во ниту едно студио не се реновирани кујните и купатилата. Кујните се опремени само со едно решо, мини фрижидер и основни садови за јадење. Наша препорака е доколку и ова лето Вашиот избор биде вилата „Blue Sea”во Торони да го имате предвид фактот дека кујните во оваа вила не се опремени со садови за подготвување на храна.

 

Локација на објектот

 

(ФОТОГРАФИИТЕ ОД СОБИТЕ СЕ НАОЃААТ ПОД ЦЕНОВНИКОТ) 

 

Ценовник за вила "Blue Sea" - Торони

Фотографии од соби и плажи

Градска плажа - Торони Студио бр. 206 - Вила Blue Sea - Торони Студио бр. 207 - Вила Blue Sea - Торони Студио бр. 208 - Вила Blue Sea - Торони Студио бр. 209 - Вила Blue Sea - Торони Студио бр. 210 - Вила Blue Sea - Торони Студио бр. 211 - Вила Blue Sea - Торони Студио бр. 212 - Вила Blue Sea - Торони Студио бр. 306 - Вила Blue Sea - Торони Студио бр. 307 - Вила Blue Sea - Торони Студио бр. 308 - Вила Blue Sea - Торони Студио бр. 309 - Вила Blue Sea - Торони Студио бр. 310 - Вила Blue Sea - Торони Студио бр. 311 - Вила Blue Sea - Торони Студио бр. 312 - Вила Blue Sea - Торони
Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)