ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Пефки
Vila Asimina - Pefki - Evia - Leto 2021
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Пефки е мирно место сместено на крајниот север на Евиа. Самото име Пефки значи дека местото е опкружено со борова шума која  преставува воздушна бања и е идеална за оние кои сакаат природа, чист воздух, кои во комбинација со прекрасното море е право место за вистински одмор. По краткото возење со ферибот од само 25 мин. пристигнувате во Агиокампос, а Пефки е на само 20 км источно од пристаништето. Се работи за мирно и мало место, но со сите потребни содржини за пријатен одмор. Тука се и таверните, маркетите, продавниците, кафетериите, љубезните домаќини… Долж местото се протега камчесто-песочна плажа, со барови со чадори и лежалки, каде што со пијалок можете да ги користете бесплатно. Покрај  плажата е поплочено долго шеталиште со голем број ресторани и таверни. Цените тука се поповолни од останатиот дел на Грција. Од Пефки постои можност за поволна посета на Скијатос, па вреди да ја искористите оваа можност и да го збогатите својот одмор.

 

Вила Асимина А категорија – е мала вила на самиот морски брег, Вилата нуди трокреветни студија. Сите соби  се опремени со кујна, фрижидер, бања, ТВ, клима уред (ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНА), Wi-FI, прекрасно уредено дворно место , опремено со маси и столици со поглед на заливот во Пефки, скали за влез во море  дирекно пред вилата, како и плажа во непосредна близина. Воедно добивате и крпи на користење. Структура на кревети: 1/3 STD= брачен кревет + единечен

 

 

 

 

Автобуски превоз од Скопје, Велес, Кавадарци – 50еур по лице, Прилеп, Битола 40еур по лице

 

Деца од 2-11,99год – Скопје, Велес, Кавадарци – 35еур, Прилеп, Битола – 25еур

Попуст од 10еур за лица повозрасни од 63год – само за Прилеп и Битола

За уплата на 2 или повеќе термини одобруваме 7% попуст. Попустите НЕ може да се комбинираат.

Првите 4 термини и последите 2 термини се ПРОМО и не подлeжат на попуст. Кај термините со 39еур е задолжителен автобуски превоз.

 

 

Автобуски превоз

 

Автобускиот превоз е организиран со високотуристички лиценцирани автобуси со клима, тв, и придружник на патувањето. Поаѓањето започнува од Скопје, преку Велис и Битола, Кожани и Лариса, при што патувањето се скратува за стотина километри. Организирани трансфери од останати градови со доплата.

 

 

Време на поаѓање превоз Евиа:


00:00 h Скопје (Дрводекор) патува преку Битола
00:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) трансфер до Битола
23:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Велес и Битола
01:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
02:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) трансфер до Битола
03:00 h Битола (Пред спортска Сала)

02.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
01:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
01.00 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола
01:00 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

Време на заминување од Грција: Пефки 14h  по МК време.

 

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)