Vila Aristidis Garden се наоѓа на 10 минути пешачење од плажата Piso Krioneri (900 метри) и на 1 km од центарот на Парга. Позната е по градината од околу 6000 m² и изобилството сезонско овошје во неа. Во понудата имаме трикреветни студија и четирикреветни апартмани. Студијата се опремени со три кревети со стандардна големина, додека во апартманите има спална соба со еден француски кревет и дневна соба со еден кауч на развлекување. Апартманите не се реновирани. Сите сместувачки капацитети се климатизирани (климата се доплаќа 5 евра од ден) и имаат поглед на базенпт или на градината. Имаат чајна кујна наменета за подготовка на полесни поброци (фрижидер, мини електричен шпорет, садови за јадење), купатило, тераса, LCD TV со сателитски канали, WiFi со слаб сигнал, сеф за кој се доплаќа 1 евро од ден и апарат за кафе. На располагање на гостите е базен од 120 m² со snack бар. Лежалките и чадорите околу базенот се бесплатни за гостите на вилата. Објектот има рецепција, туш во дворот, просторија и тоалет за последниот ден од престојот, Во состав на дворот има скара која е на располагање на гостите како и простор за најмладите. Сместувачките капацитети се чистат шестиот ден, постелината се менува на два дена, а крпите на три дена. Пред самата вила има простор за бесплатно паркирање . Во вилата е дозволено да престојуваат мали домашни миленичиња до 5 кг. Vila Aristidis Garden е вистински избор за оние кои сакаат да го почувствуваат грчкото гостопримство. Љубезните домаќини на вилата ќе се погрижат да се чувствувате како да сте во својотм дом.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА
-
КОПАОНИК - ПРАЗНИК НА ВИНОТО И ЉУБОВТА(14.02.2019 – 17.02.2019)
-
ОСМИ МАРТ ВО ЗЛАТИБОР СО КОНЦЕРТ НА СЕВЕРИНА - Нова понуда(07.03.2019 – 10.03.2019)
-
ОСМИ МАРТ ВО ЗНАКОТ НА МИМОЗИТЕ - ХЕРЦЕГ НОВИ - Дубровник - Котор(06.03.2019 – 09.03.2019)
-
ОСМИ МАРТ ВО ТУРЦИЈА - Кушадаси - Памук Кале - Ефес - Измир(07.03.2019 – 12.03.2019)
-
ОСМИ МАРТ ВО БУГАРИЈА - Сандански - Златолист(02.03.2019 – 03.03.2019)
-
ОСМИ МАРТ ВО ЗЛАТИБОР СО КОНЦЕРТ НА СЕВЕРИНА(07.03.2019 – 10.03.2019)
-
Велигденски аранжманиПромотивни цени за резервации до 1. Март
-
Осмомартовски аранжманиПромотивни цени за резервации до 31. јануари
-
СОПСТВЕН ЗАКУП - ЛЕТО 2019-10% попуст за целосна уплата до 01.02.2019
-
Тасос - ЛЕТО 2019Лименарија, Потос, Лименас -15% попуст за целосна уплата до 01.02.2019
-
ТУРЦИЈА - Чартер програма - Лето 2019All inclusive / Ultra All inclusive