ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2019 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Олимпијада
Vila Arista | Olimpijada - Leto 2019 - Sopstven zakup
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

ЛЕТО 2019

ОЛИМПИЈАДА- Вила „Arista

 

Олимпијада е мало туристичко место на почетокот на третиот крак Атос на полуостровот Халкидики, оддалечено само 13 км од Ставрос и 20 км од Аспровалта. Освен по преубавите плажи, местото е познато и по тоа што го добило името по мајката на Александар Македонски, Олимпијада, која извесно време престојувала на малиот остров што се наоѓа веднаш наспроти Олимпијада. Во непосредна близина се наоѓаат и антички остатоци од родното место на филозофот Аристотел. Ова туристичко место има се што е неопходно за одмор: маркети, таверни, ресторани, слаткарници, пекари...Покрај морето има уредено шеталиште, а плажата е долга и песочна со умерена длабочина во морето. Олимпијада Ви ја препорачуваме доколку сте љубители на мирен одмор, но и заради тоа што најубавите плажи од Ставрос до Аспровалта се наоѓаат во негова непосредна близина: Babilon, Cuba, Zugla, Balkonaki, Totosи други помалку познати но подеднакво убави плажи.

 

Вилата Arista се наоѓа на само 80 метри од плажата во централниот дел на Олимпијада, веднаш до црквата. Опкружена е со зеленило, а во непосредна близина има мноштво продавници, супермаркети, гиро, таверни... Апартманите се наоѓаат на прв спрат од вилата. Сите  имаат  опремени кујни кои се целосно издвоени од спалните соби , телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сместувачките капацитети имаат тераси со поглед на море и со поглед на улица, а дел од терасите се заштитени со тенди. Постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.

 

 

 

Важна напомена во врска со превозот: Организаторот на патувањето не може да го гарантира превозот до самиот објект на сместувањето, туку до најблиската локација до каде има пристап автобусот. Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до собата во која ќе биде сместен.  Ги замолуваме патниците да си планираат толку багаж колку што се во можност сами да понесат. 

 

- Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз

- Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети  

- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Олимпијада

- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

- Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра

 

Фотографии од соби и плажи

Апартман бр.1 - Вила Апартман бр.2 - Вила
Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)