ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Сарти
KAtegorija
Vila Angeliki | Sarti - Leto 2018 - Atlantik Turs
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Сарти е една од најпосакуваните дестинации на вториот крак Ситонија. Сместено во срцето на Халкидики, на јужниот дел на полуостровот свртено кон третиот крак Атос, Сарти е градот кое е во целост подреден на туристите. Изобилство продавници, слаткарници, пекари, кафетерии, ресторани, дискотеки ... Долга песочна плажа со уредено шеталиште исполнето со медитеранско зеленило и мноштво барови и таверни со морска храна...Прекрасни зајдисонца со неверојатни бои кои оставаат впечаток дека сте навистина во близина на боговите.

Во близина на Сарти се наоѓаат и неколку познати плажи кои се вбројуваат меѓу најубавите на Ситонија. На околу 6 километри се наоѓа плажата Orange. Има многу ситен песок, и плитка вода и преубава боја на морето. На само половина километар подалеку се наоѓа дивата плажа Mega Portokali која има необично тиркизна боја на водата, а после неа е плажата Paradise.

 

Вилата „Angeliki“ се наоѓа стариот дел од градот, во непосредна близина на познатиот хотел Ostraco, на само 150 метри од плажата. Вилата има два шесткреветни дуплекс апартмани на високо приземје. Апартманите се опремени со квалитетен мебел и кујни, телевизори, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата е со бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 

Напомена: Во апартманите дозволено е сместување на толку лица колку што има нормални кревети. Во заеднички кревет со возрасно лице невозможно е да се сместат деца без разлика на нивната возраст. Во апартманите постои можност да се стави помошен кревет чие користење се доплаќа на лице место кај сопствениците на вилата. 

 

 

Локација на објектот

 

 (ФОТОГРАФИИТЕ ОД СЕКОЈА СОБА СЕ НАОЃААТ ПОД ЦЕНОВНИКОТ)

 

Фотографии од соби и плажи

Sarti Beach Апартман бр. 1 - Вила Angeliki - Сарти Апартман бр. 2 - Вила Angeliki - Сарти
Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)