ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Неа Рода
KAtegorija
Vila Anastasia | Nea Roda - Leto 2018 - Atlantik Turs
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажазакитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека, па дури и кино на отворено... Скриена во преубавиот залив Akanthios, во непосредна близинана апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата Voulitsa. Атрактивната песочна плажа ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота, со лежалките и чадорите за сонце и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден на истоимениот бар од каде допираат звуците на убавата музика, студените пијалаци и локалните специјалитети. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Во непосредна близина на плажата се наоѓа и истоимениот камп.

 

Вилаta Anastasia e лоцирана во строгиот центар,на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Вилата има два четирикреветни дуплекс апартмани на прв спрат, еден седумкреветен дуплекс апартман и едно трикреветно студио на високо приземје. Апартманитеимаат по две посебни спални соби, купатила, тераси, издвоена кујна комплетно опремена со мини електричнен шпорет со рерна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 

Локација на објектот

 

(ФОТОГРАФИИТЕ ОД СЕКОЈА СОБА СЕ НАОЃААТ ПОД ЦЕНОВНИКОТ) 

 

 

Фотографии од соби и плажи

Плажа - Voulitsa Плажа - Komitsa Градска плажа - Неа Рода Апартман бр. 1 - Вила Anastasia - Неа Рода Апартман бр. 2 - Вила Anastasia - Неа Рода Апартман бр. 3 - Вила Anastasia - Неа Рода Студио бр. 4 - Вила Anastasia - Неа Рода
Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)