ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Неос Мармарас
Vila Alcano - Neos Marmaras - Leto 2020 - Sopstven zakup
Сподели со пријателите:
Испринтај: print


 Вилата Alcano која се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили, на само дваесетина метри оддалеченост од вилата „Sole A Mare. Со задоволство можеме да потврдиме дека за сезоната Лето 2020 ја имаме најдобрата понуда во Неос Мармарас која се однесува на изборот на вилите кои се издвојуваат со извонредната локација и со нивниот квалитет. Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ вилата Alcano е оддалечена околу 300 метри. Во приземјето на вилата се наоѓа најпознатиот ресторан за гиро во Неос Мармарас Alcano(имајте предвид дека во овој ресторан се подготвува храна во текот на целиот ден, што подразбира голема френвенција на туристи пред вилата до полноќните часови). Располагаме со двокреветни и трокреветни студија на прв спрат кои имаат директен поглед на море, поглед на улица или во дворот на вилата. Сите сместувачки капацитети се опремени со модерен мебел, кујни, телевизори  и клима уреди  чие користење  е вклучено во цената. Терасите се заштитени со тенди. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Напомена:

 Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети. Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години. 

 

 

Локација на објектот

 

-5% попуст за целосна уплата до 31.03.2020 

 

 

Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман
(се плаќа во агенцијата)
 

Фотографии од соби и плажи

Неос Мармарас - Градска плажа Vila Alcano - Studio br. 1 Vila Alcano - Studio br. 2 Vila Alcano - Studio br. 3 Vila Alcano - Studio br. 4 Vila Alcano - Studio br. 5 Vila Alcano - Studio br. 6 Vila Alcano - Studio br. 7
Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)