ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Велигден
KAtegorija
Велигден во срцето на христијанството - КАПАДОКИЈА
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ВЕЛИГДЕН ВО СРЦЕТО НА ХРИСТИЈАНСТВОТО

КАПАДОКИЈА

АНКАРА-КАПАДОКИЈА-КОНИЈА-БУРСА-ИСТАНБУЛ

(04.04.2018-10.04.2018) 

Доживејте ја магијата на Турција на патувањето кое нема никогаш да го заборавите...Во Земјата на самовилите...на убавите коњи... со најубавите пејзажи на светот кои потсетуваат на површината на месецот...Во Земјата  која  е лулка на христијанството...

Ако ја сакате Турција,тогаш Кападокија ќе ја обожавате...

 

Прв ден: 04.04.2018 (среда)

14.00 часот. Заминување на групата од Скопје и од Кавадарци во 15.30 часот (пред туристичките агенции) кон Турција. Ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори.

 

Втор ден: 05.04.2018 (четврток)

Пристигнување во Анкара во претпладневните часови. Разгледување на Анкара-главниот град на Република Турција со локален туристички водич и посета на Музејот на Анадолските цивилизации и Мавзолејот на Ататурк-основачот на Современа Турција . Потоа сместување во хотел  3***.  Слободно време за одмор. Во попладневните часови организирана посета на шопинг центар во Анкара. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

Трет ден: 06.04.2018 (петок)

Појадок. Заминување на групата кон Кападокија - област позната по своите рељефни форми формирани пред десетина илјади години по истовременото избувнување на два вулкана (Ерчисе и Хасанда). Областа Кападокија е спомената уште во Библијата. Раните христијани се населиле во областа за слободно да ја проповедаат својата религија. Под дејство на водата и воздухот се создале тие чудни форми - чуда на природата. Попатна посета на второто по големина солено езеро во Турција-Туз Ѓоли, Долината на Камилата и посета на работилница за изработка на грнчарски производи. Пристигнување во Кападокија. Во попладневните часови сместување во хотел 3*** . Вечера. Ноќевање.

 

Четврти ден: 07.04.2018 (сабота)

Појадок. Разгледување на областа Кападокија со локален туристички водич: Тврдината Учхисар, Музејот на отворено во Ѓореме во чии пештери се наоѓаат цркви и манастири од Византискиот период, Долината „Зелве“-Музеј на апостолите итн. Враќање во хотелот. Вечера. Потоа посета на Турска вечер со богата музичка програма и неограничено конзумирање на пијалоци и салати (факултативно). Враќање во хотелот.Ноќевање.

 

Петти ден: 08.04.2018 (недела)

Појадок. Заминување на групата кон Конија. Во пладневните часови пристигнување во Конија. Посета  на Музејот на Мевљана - основачот на танцот на Дервишите, Џамијата Аладин и Каратајското Медресе. Заминување кон Бурса, старата престолнина на Отоманската Империја. Попатна посета на гробницата на Насредин Оџа, познатиот турски сатиричар. Пристигнување во Бурса во доцните вечерни часови. Сместување во хотел   4 **** Ноќевање.

 

Шести ден: 09.04.2018 (понеделник)

Појадок. Разгледување на Бурса со локален туристички водич: Големата Џамија „Улу Џами“, Плоштадот со прекрасен поглед на Бурса каде се наоѓаат гробниците на основачот на Османската Империја Осман Бег и на вториот султан Орхан Бег. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Околу пладне заминување кон Македонија (со фериброд преку Мраморно Море) со попатно панорамско разгледување на Истанбул.  Пристигнување на групата во Македонија (ноќно возење преку Република Грција) на 10.04.2018 (вторник) во раните утрински часови.

 

Промотивна цена за уплата до 28.02.2018........ 249 евра (15.430 денари) 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........259 евра (16.050 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30% аконтација до 28. февруари

и целосна доплата до 28.март

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени  следните услуги:

 

- Превоз на наведената релација со туристички автобус

- Билет за фериброд преку Мраморно Море

- Еден полупансион( појадок и вечера)  во хотел  со 3 *** во Анкара

- Два полупансиони ( појадок и вечера)  во хотел  со 3 *** во Кападокија

- Едно  ноќевање со појадок   во хотел  со 4 **** во Бурса

- Локален туристички водич во Анкара,Кападокија, Конија и Бурса 

- Организација на аранжманот и придружник на  патувањето

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

 

- Посета на Музејот на Анадолските цивилизации  во Анкара – 8 евра

- Посета на Музејот на отворено-Ѓореме во Кападокија – 8  евра 

- Посета на Тврдината Учхисар – 3 евра

- Посета на Долината Зелве – 4 евра

- Посета на подземниот град  Деринкују– 8 евра

- Посета на Музејот на Мевљана во Конија – 4 евра

- Турска вечер  во Кападокија со богата музичка програма -25 евра

- Ексклузивна можност за летање со балон над Кападокија

- Патничко осигурување

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

 

Информации, резервации и уплата:

 

ТА„Атлантик Турс“ Кавадарци

телефон/факс: 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885

ТА „Атлантик Турс“ Скопје

телефон/факс: 02/ 3109 825 ; 3109  826

 

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)