ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Велигден
ВЕЛИГДЕН ВО САРАЕВО
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ВЕЛИГДЕН ВО САРАЕВО

ВИШЕГРАД-МОСТАР-МЕЃУГОРЈЕ

 

(02.05.2024 – 06.05.2024)

 

 

Папата Фрањо на почетокот ги отфрлал тврдењата за наводното појавување на Богородица во Меѓугорје... Подоцна го омекнал својот став и во мај 2019-та година службено ја овластил католичката организација токму тука да организира аџилак велејќи дека за да се докажат сите тврдења потребни се дополнителни истражувања. И токму кога Меѓугорје се подготвувало за огромен наплив на аџии, избила пандемијата на Ковидот и ги спречила сите активности...

 Иако сеуште не е службено признато од Ватикан, Меѓугорје се наоѓа на листата на 30-те свети места во светот!

 

 

Прв ден: 02.05.2024 (четврток)

 

16:30 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 18:30 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Босна и Херцеговина со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.Дневно и ноќно возење преку Србија  со попатни застанувања и одмори.

 

 

Втор ден: 03.05.2024 (петок)

 

Пристигнување во Вишеград во претпладневните часови. Градот се наоѓа во Република Српска - Босна и Херцеговина и е сместен меѓу  реките Дрина и Р`зава. Тој е всушност визија како Вишеград можел да изгледа да не го заобиколиле ренесансата и другите историски периоди, а е инспириран од делата и ликовите на нобеловецот Иво Андриќ. Слободно време за пауза и индивидуални прошетки. Потоа патувањето продолжува кон Сараево. Пристигнување во Сараево во попладневните часови. Сместување во хотел „Art“ 4* кој се наоѓа во центарот на градот, на само 300 метри од прочуената Башчаршија (https://hotelartsarajevo.com/ ). Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

 

Трет ден04.05.2024 (сабота)

 

Појадок. Заминување на групата  на организиран разглед на Сараево со локален туристички водич. Посета на Парламентот, Националната Библиотека, улиците Сарачи,  Казанџилук и Браваџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското Царство, Башчаршиската Џамија, Инат куќа, Саат Кула, Караван Сарај, Латинската Ќуприја - местото на атентатот на Франц Фердинант, Соборната Православна Црква, Катедралата ... Слободно попладне за индивидуални прошетки во градот. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 05.05.2024 (недела)

 

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Мостар, еден од најшармантните градови во Босна кој според американскиот „Matador Network“ е прогласен за еден од најромантичните градови на светот. Организиран разглед со локален туристички водич на градот во кој доминира необичниот симбол - стариот мост на Неретва изграден пред пет века, кон крајот на дваесетиот век срушен па потоа повторно изграден. Но овој град крие многу повеќе од една знаменитост; тој е преполн со културни и исторски споменици, а стариот град е под заштита на УНЕСКО.  По организираниот разглед, сместување на  групата во хотелот „Bristol“ 4* во централниот дел на градот (https://www.bristol.ba/ ).  Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

 

 

Петти ден: 06.05.2024 (понеделник)

 

Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и заминување на групата кон Меѓугорје, едно од најголемите свети места кое станува познато во целиот свет во 1981 година кога тука се појавила Богородица. Од тој 24.јуни до денес, неколкумина жители тврдат дека речиси секојдневно им се појавува Богородица која дури и разговара со нив. Ќе имаме несекојдневна можност изворно да ја слушнеме приказната за привидение или вистина за појавувањето на Богородица. Посета на црквата Свети Јаков која е жариште и седиште на верниците кои доаѓаат тука од целиот свет. Во договореното време го продолжуваме нашето патување кон Македонија. Дневно и ноќно возење преку Црна Гора, Албанија и Косово. Пристигнување во Македонија во раните утрински  часови во вторник на 07. Мај.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........229 евра (14.200 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус

- Двe ноќевања со појадок во хотелот „Art“  3+*** во Сараево

- Едно ноќевање со појадок во хотелот „Bristol“ 4**** во Мостар

- Посета на Вишеград

- Организирани разгледи на Сараево и Мостар со локален туристички водич

- Посета на Меѓугорје со локален туристички водич

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

  

Во цената на аранжманот не е вклучено

 

- Доплата за еднокреветна соба - 75 евра

- Туристичка такса- 5 евра за сите 3 ноќевања (се плаќа во агенцијата)

- Патничко осигурување

 

  

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

  

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)