ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Велигден
KAtegorija
Велигден во куќата на Богородица - Кушадаси - Памук Кале - Ефес - Измир
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ВЕЛИГДЕН ВО КУЌАТА НА БОГОРОДИЦА

КУШАДАСИ-ПАМУК КАЛЕ-ЕФЕС-ИЗМИР

(05.04.2018-09.04.2018)

 

 

Прв ден: 05.04.2018 година (четврток)

15.00 часот.Заминување на групата од Македонија кон Турција од Скопје и од Кавадарци во 17.00 часот (пред туристичките агенции). Ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори. Во утринските часови пристигнување во Галиполе и преминување на  Дарданелите со фериброд. Пристигнување во Азискиот дел на Турција, во Чанак Кале.

 

Втор ден: 06.04.2018 година (петок)

Краток одмор од патувањето и панорамско разгледување на Чанак Кале со задолжителна фото пауза пред макетата на коњот користен во текот на снимањето на филмот Троја. Продолжување на патот кон Троја. По пристигнувањето, разгледување на легендарната Троја со локален туристички водич. По истиот пат поминал и Александар Македонски во походот на Персија, кога во Троја се поклонил и принел жртва на гробот на Ахил. Продолжување на патувањето покрај планината Ида и Бергамо кон Кушадаси. Во попладневните часови пристигнување во Кушадаси. Сместување во хотел „Dabaklar” со 4**** (www.dabaklarhotel.com.tr во центарот на Кушадаси во двокреветни соби. Вечера. Ноќевање.

 

Трети ден: 07.04.2018 година (сабота)

Појадок. Заминување на групата кон Памук Кале со попатна посета на хотелскиот комплекс со термални извори „Пам“. Единствена можност за мачкање со лековита кал и користење  на базените со термална бања. Ручек на богата шведска маса (факултативно). По ова несекојдневно доживување, посета на единствениот природен феномен во светот Памук Кале и античкиот Хиераполис и изворот на Клеопатра. Слободно време за користење на изворите за капење (факултативно). Враќање во Кушадаси. Вечера. Ноќевање.

 

Четврти ден: 08.04.2018 година (недела)

Појадок. Заминување на групата кон Ефес. Пристигнување и присуство на свештената служба во најсветото место во Ефес - куќата на Дева Марија каде што Богородица живеела последните седум години од својот земски живот. По разгледувањето и престојот на најубавото и најсветото место за Велигден, продолжуваме кон  античкиот град  Ефес-трет по големина во Римската Империја. Разгледување на градот со локален туристички водич. Попатна посета на остатоците од Храмот на Артемида-едно од седумте светски чуда, а потоа заминување кон Кушадаси. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

 

Петти ден: 09.04.2018 година (понеделник)

Појадок. По појадокот заминување на групата кон Измир-древната Смирна, родното место на слепиот поет Хомер. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки на плоштадот Конак. Околу пладне заминување кон Македонија преку протокот Дарданели и Република Грција со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Македонија во утринските  часови во вторник на 10.04.2018 година.

 

 

Промотивна цена за уплата до 28.02.2018........ 159 евра (9.860 денари)   

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........169 евра (10.480 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 28. февруари

и целосна доплата до 28.март

 

 

 Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус

- Три полупансиони (ноќевање, појадок и вечера- шведска маса) во хотел „Dabaklar”4**** во Кушадаси

- Посета на Троја, Ефес, Куќата на Богородица, Храмот на Артемида, Памук Кале и Изворот на Клеопатра со локален туристички водич

- Билет за фериброд

- Организација на аранжманот и  придружник на патувањето

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

- Влезници во Троја -7 евра

- Влезница за  Ефес - 10 евра

- Влезница во Куќата на Богородица - 8 евра

- Влезница во Памук Кале -15 евра (со вклучен туристички водич)

- Ручек на шведска маса и користење на калните бањи и базените со термална вода во хотел  „Пам“ - 15 евра

- Доплата за еднокреветна соба - 50 евра

- Патничко осигурување

 

 

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 45 патници

 

 

Информации, резервации и уплата:

 

ТА„Атлантик Турс“ Кавадарци

телефон/факс: 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885

ТА „Атлантик Турс“ Скопје

телефон/факс: 02/ 3109 825 ; 3109  826

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)