ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
11. Октомври
KAtegorija
Убавините на Кападокија - Анкара - Кападокија - Бурса - Истанбул
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

УБАВИНИТЕ НА КАПАДОКИЈА

АНКАРА-КАПАДОКИЈА-БУРСА-ИСТАНБУЛ

 

Доживејте ја магијата на Турција на патувањето кое нема никогаш да го заборавите...Во Земјата на самовилите... на убавите коњи... со најубавите пејзажи на светот кои потсетуваат на површината на месецот... Во Земјата  која  е лулка на христијанството...

Ако ја сакате Турција, тогаш Кападокија ќе ја обожавате...

 

 

Прв ден: 09.10.2018 (вторник)

14.00 часот. Заминување на групата од Скопје и од Кавадарци во 15.30 часот ( пред туристичките агенции) кон Турција. Ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори.

 

Втор ден: 10.10.2018 (среда)

Пристигнување во Анкара во претпладневните часови. Разгледување на Анкара-главниот град на Република Турција со локален туристички водич, Мавзолејот на Ататурк-основачот на Современа Турција и посета на Музејот на Анадолските цивилизации. Потоа сместување во хотел 3*** . Слободно време за одмор. Во попладневните часови организирана посета на шопинг центар во Анкара. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

Трет ден: 11.10.2018 (четврток)

Појадок. Заминување на групата кон Кападокија - област позната по своите рељефни форми формирани пред десетина илјади години по истовременото избувнување на два вулкана (Ерчисе и Хасанда). Областа Кападокија е спомената уште во Библијата. Раните христијани се населиле во областа за слободно да ја проповедаат својата религија. Под дејство на водата и воздухот се создале тие чудни форми - чуда на природата. Попатна посета на второто по големина солено езеро во Турција-Туз Ѓоли, Долината на Камилата и посета на работилница за изработка на грнчарски производи. Пристигнување во Кападокија. Во попладневните часови сместување во хотел 3*** Вечера. Ноќевање.

 

Четврти ден: 12.10.2018 (петок)

Појадок. Целодневна екскурзија низ Кападокија. Името што во превод значи „Земја на убавите коњи“ е непрегледната област  пренесена од соништата и фантастичните приказни каде ветерот и сонцето извајале чудни фигури во карпите, а околу V век човечката рака ги издлабила во нив најстарите христијански цркви и манастири. Тука Апостол Павле ги води првите Христијани, тоа е родното место на Св.Георги и Св.Василиј Велики.  Екскурзијата е по таканаречениот „Месечев пејзаж“ создаден од самата природа: розови и бели ѕидови насекаде , магични кули недопрени од човечка рака...сето тоа е распослано во Музејот на отворено Ѓореме кој е под заштита на Унеско...Тука, во ова поклоничко место ќе имате можност да ги посетите уникатните пештерни градови исечени во карпите каде сеуште се наоѓаат цели домови и дворци, гостински и спални соби, манастири и цркви, светилиштата на православната Византија: Школата на Свети Апостол Павле, ѕидните фрески на православните светци, Библиски сцени на старите фрески...Посета на тврдината Учхисар од каде се простира прекрасна панорамна глетка на целата област.  Враќање во хотел. Вечера. Денот завршува со кападокиска вечер во автентичен ресторан каде можете да уживате во домашниот  фолклор и стомачните танци на преубавите девојки ( факултативно). Ноќевање.

 

 Петти ден: 13.10.2018 (сабота)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Бурса. Попатна посета на Деринкују, еден од подземните градови кои Хетите ги изградиле  во длабочина од над десетици километри под земја уште од пред 4000 години. Внатре имало се што треба да има еден град-резервоари за вода, магацини за жито, воденици, штали, станбени простории...Според некои историчари, во подземните градови во Кападокија во минатото живееле и до 80.000 жители. Во вечерните часови пристигнување во Бурса, старата престолнина на Отоманската Империја. Сместување во хотел 3****. Ноќевање.

 

Шести ден: 14.10.2018 (недела)

Појадок. Разгледување на Бурса со локален туристички водич: Големата Џамија „Улу Џами“, Плоштадот со прекрасен поглед на Бурса каде се наоѓаат гробниците на основачот на Османската Империја Осман Бег и на вториот султан Орхан Бег. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Околу пладне заминување кон Македонија со попатно панорамско разгледување на Истанбул.  Пристигнување на групата во Македонија (ноќно возење преку Република Грција) на 15.10.2018 (понеделник) во раните утрински часови.

 

 

Промотивна цена за уплата до 31.08.2018........ 249 евра (15.430 денари) 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........259 евра (16.050 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени  следните услуги:

 

- Превоз на наведената релација со туристички автобус

- Еден полупансион ( појадок и вечера)  во хотел  во Анкара

- Два полупансиони ( појадок и вечера)  во хотел  во Кападокија

- Едно  ноќевање со појадок   во хотел  во Бурса

- Локален туристички водич во Анкара,Кападокија и Бурса 

- Организација на аранжманот и придружник на  патувањето

 

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

 

- Посета на Музејот на Анадолските цивилизации  во Анкара – 7 евра (влезница и локален водич)

- Посета на Музејот на отворено-Ѓореме во Кападокија – 8  евра  (влезница и локален водич)

- Посета на Тврдината Учхисар – 2 евра  (влезница и локален водич)

- Посета на подземниот град  Деринкују– 8 евра (влезница и локален водич)

- Турска вечер  во Кападокија со богата музичка програма -30 евра

- Ексклузивна можност за летање со балон над Кападокија (планирано е да се реализира во петок, на 12.10.2018 во раните утрински часови)

- Патничко  осигурување

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

 

 

Информации, резервации и уплата:

 

ТА„Атлантик Турс“ Кавадарци

телефон/факс: 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885

ТА „Атлантик Турс“ Скопје

телефон/факс: 02/ 3109 825 ; 3109  826

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)