ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Мај
ПРВОМАЈСКИ ПРАЗНИЦИ ВО ТУРЦИЈА
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ПРВОМАЈСКИ ПРАЗНИЦИ ВО ТУРЦИЈА

Комбинирана програма со директен лет од Скопје

 

ИЗМИР-КУШАДАСИ-ДИДИМ-ОСТРОВ САМОС-ЧЕШМЕ-АЛАЧАТИ

(27.04.2025-01.05.2025)

 

 

Еден од највредните подароци со кој биле дарувани кралевите уште во најстарите времиња е смирна. Тоа е смола која тече од кората на дрвјата, со преубав мирис и горчлив вкус. Легендата од Стариот Завет вели дека смирна е симболот на маките на Исус Христос на крстот... Мироносниците- жените кои дошле да му помогнат по неговото распнување и затекнале празен гроб носеле со себе смирна... Зборот „смирна“ има и друго значење: Многу луѓе знаат дека Смирна е древен јонски град сместен во Турција кој денес има модерно име-се нарекува Измир!

Ве водиме во градот на слепиот поет Хомер, на островот на кој е родена грчката божица Хера и грчкиот филозоф и математичар Питагора!

 

 

Прв ден: 27.04.2025 (недела)- Скопје-Измир-Кушадаси

 

01.00 часот. Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Полетување кон Измир во 03.10 часот, слетување во 05:30 часот. Организиран трансфер со автобус од аеродромот кон градот Измир. Една легенда вели дека градот го основал Тантал, синот на богот Зевс и на Смирна, прекрасната кралица на Амазонките, па во нејзина чест го добил и името. Според друга легенда, градот е основан од војсководецот Александар Велики. Тој еден ден отишол на лов на ридот Pagos и заспал покрај храмот на богињата Немезис. Таа му се појавила во сонот и го советувала на тоа место да изгради голем град. Грците веднаш побарале совет од пророштвото во Делфи и кога добиле потврден одговор, хеленисичката Смирна била родена (денешен Измир). Организиран разглед на Измир со локален туристички водич. По својот изглед, центарот на градот потсетува на многу европски метрополи, надополнет со шармот на морето, палмите и тивкиот ветер кој ја прави климата идеална. На централниот градски плоштад Конак се наоѓа симболот на градот-Саат Кулата, изградена во 1901 година по повод 25-годишнината од владеењето на султанот Abdulhamid II. Часовникот кој е поставен на кулата бил подарок на султанот од германскиот цар Wilhelm II. Во близина на плоштадот се наоѓа трговскиот дел на Измир - најпознатиот Kemeralti Bazar, просторот каде „европскиот“ Измир се претвара во класичен пример на турската култура и страста кон занаетите и трговијата. Тука на едно место Ви се нуди се што ќе посакате да купите: текстил, облека, зачини, злато...Во попладневните часови го продолжуваме патувањето со автобус кон Кушадаси, најпопуларното летувалиште на Егејското Море. По пристигнувањето, сместување на групата во хотелот „By Karaaslan Inn“ 4**** (https://www.karaaslanhotels.com/)  лоциран во центарот на градот.  Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 28.04.2025 (понеделник)- Кушадаси

 

Појадок. Слободен ден за уживање во Кушадаси, градот кој пред 20 години бил мало рибарско село, а денес е водечко туристичко место во Турција. Она што посебно ќе не` фасцинира е мешавината на старите куќи и уличките преполни со барови, продавници и ресторани. На само неколку минути пешачење од центарот се наоѓа симболот на градот-Островот на птиците кој е поврзан со копното. Вечера. Ноќевање.

 

 

Трет ден: 29.04.2025 (вторник)- Кушадаси-Дидим-Милет

 

Појадок. Организирано заминување на групата кон античките градови Дидим и Милет. Некогашното јонско светилиште Дидим е дом на храмот посветен на богот Аполон-еден од најголемите антички храмови подигнат во IV век пред нашата ера кој важи за трет по големина во светот (после храмот на Артемида во Ефес и храмот на грчкиот остров Самос). Храмот никогаш не бил целосно завршен и токму затоа не е дел од Седумте светски чуда на антиката. На неговите ѕидини се прикажани децата на боговите Зевс и Лета - близнаците Аполон и Артемида, а на самиот влез е прочуената статуа на Медузата Горгона со лице на жена и со змии на главата наместо коса која имала способност со поглед да ги скамени луѓето. Во дворот пак се наоѓало второто по големина хеленистичко пророчиште, идентично со светилиштето во Делфи. Тука најчести посетители биле царевите Октавијан Август, Трајан, како и Александар Велики. Јужно од храмот се наоѓа делумно сочуван стадион каде во чест на богот Аполон се организирале натпревари во атлетика и уметност. Потоа заминуваме кон древниот град Милет, родното место на многу филозофи, меѓу кои и на старогрчкиот математичар Талес кој го открил соѕвездието „Мала мечка“. Со ова откритие значително им го олеснил патот на морепловците и прв го претскажал помрачувањето на Сонцето (во 585-та година пред новата ера), со што ја стекнал славата на еден од седумтемина мудреци на Антиката. Денеска во Милет можат да се видат рушевините од огромниот амфитеатар кој можел да прими повеќе од 15.000 посетители. Враќање во хотелот во Кушадаси. Вечера. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 30.04.2025 (среда)-Кушадаси-Островот Самос

 

Појадок. Заминуваме на целодневен организиран излет на грчкиот остров Самос. Островот се наоѓа во источниот дел на Егејското Море и карактеристичен е по изобилството зеленило и различните нијанси на плавата боја на морето. Според митологијата, тука е родена грчката божица Хера па многуте храмови кои туристите ги посетуваат и` се посветени нејзе. Едно од најатрактивните места на островот е градот Питагорион кој го добил името по грчкиот филозоф и математичар Питагора, роден токму на овој острoв. Питагорината теорема е како химна на Самос и главна атракција за туристите е всушност фотографирањето пред Споменикот кој симболично го прикажува Питагора и неговата теорема. Освен тоа, местото има посебен шарм-куќичките се ниски со црвени кровови, кратки улици и мноштво рибарски и туристички бродчиња. Во попладневните часови враќање со брод во Кушадаси. Вечера. Ноќевање.

 

 

Петти ден: 01.05.2025 (четврток)- Кушадаси-Чешме-Алачати-Измир

 

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и патуваме со автобус и со локален туристички водич кон Чешме и Алачати. Чешме е мало, живо туристичко место за своја атракција го има Џеновскиот замок изграден во 1508 година од отоманскиот султан Бајазит II. Кога ќе се искачиме горе на замокот, или на тврдината како што уште ја нарекуваат неговите жители, ќе имаме прекрасна глетка на целото место. Приказите во тврдината се фокусираат на клучната поморска конфронтација и битката кај Чешме, што се случила за време на Руско-турската војна и завршила со пораз на отоманската флота. Поновата историја на Чешме ќе ја запознаеме со прошетките покрај атрактивното пристаниште каде ќе имаме можност да се восхитуваме на елегантните јахти. Од таму заминуваме на организиран разглед на шармантното гратче Алачати со специфична архитектура надополнета со камени куќи, тесни улички опкружени со традиционални дуќанчиња и ресторани и изобилство цвеќиња кои само го надополнуваат овој колорит. Најубавите фотографии ќе ги направиме во паркот на античките ветерници реставрирани во 2007-ма година кои се изградени за да се искористи силата на ветерот кој постојано дува. Всушност, токму ветерот е причината ова место да стане привлечно за љубителите на водените спортови и палаглајдерите. Слободно време за уживање во монденското место кое е најмногу посетувано од уметниците, боемите, хедонистите, познавачите на доброто вино и храна... Во вечерните часови се упатуваме кон аеродромот во Измир. Полетување од Измир во 01.55 часот, пристигнување во Скопје на 02.05.2025 во 02.20  часот.  

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........699 евра (43.340 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

• Авионски билет Скопје - Измир - Скопје со вклучени аеродромски такси

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

• Сите трансфери со локален автобус вклучени во програмата

• 4 ноќевања во Кушадаси во хотел со 4* на база HB (појадок и вечера)

• Влезница во античките градови Дидим и Милет

• Билет за брод на релација Кушадаси-Самос-Кушадаси

• Влезница на тврдината во Чешме

• Лиценциран локален туристички водич за време на целото патување 

• Лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

 

 Доплата за еднокреветна соба – 150 евра

 Патничко осигурување

 

 

Напомена: За потврда на резервацијата е неопходна задолжителна уплата од 250 евра (15.500 денари). Целосна доплата на аранжманот до 01.04.2025 година.

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници

 

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)