ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
1. Мај
KAtegorija
Првомајски празници во Грција - Солун - Света Гора
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ПРВОМАЈСКИ ПРАЗНИЦИ ВО ГРЦИЈА

СОЛУН - СВЕТА ГОРА

(28.04.2018 – 01.05.2018)

 

 

Прв ден: 28.04.2018 год. (сабота)

 

04.00 часот. Заминување на групата  од Скопје и во 06.00 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции  „Атлантик Турс“)  кон Грција со туристички автобус преку граничниот премин Евзони. Пристигнување во Солун во претпладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и шопинг во изобилството продавници во центарот на градот. Околу пладне  заминување на групата кон Атос, третиот и најисточниот крак на Халкидики. Пристигнување во попладневните часови. Сместување во студија и апартмани во приморските туристички места Јерисос, Неа Рода и Уранополис (Вили: „Maria“, „Anastasia“, и „Thanos“) . Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 29.04.2018 год. (недела)

 

Во претпладневните часови организирано заминување на групата на крстарење со брод околу монашката држава Света Гора на која се наоѓаат 20 манастири од кои по еден српски, бугарски и руски, а сите останати се грчки манастири. Панорамско разгледување на манастирите. По завршување на крстарењето остануваме во небесниот град Уранополис, кој е всушност капија преку која се влегува во независната монашка држава, последното место на Халкидики кое наликува на рајот што можете овде да го добиете. Слободно време за ручек и за индивидуални прошетки низ ова атрактивно летувалиште. Во попладневните часови организирано враќање во вилите. Ноќевање.

 

 

Трети ден: 30.04.2018 год. (понеделник)

 

Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 01.05.2018 год. (вторник)

 

Во претпладневните часови одјавување од вилите и организирано заминување на групата кон манастирот Каково или Мило Арсеница, оддалечено осум километри од Јерисос. Тоа е метох на српскиот манастир Хиландар на Света Гора. Според прикажувањата, Хиландар го добил овој имот пред многу векови од еден турски бег кој не можел да има деца. Со помош на неколку зрна грозје од чудотворната икона која осум века расте на гробот на Свети Симеон на Хиландар, турскиот бeг добил наследник. Во знак на благодарност сакал својот син да го замонаши во манастирот, но кога монасите го одбиле, тој им го дарувал целиот имот со 2000 хектари површина. Слободно време за разгледување на манастирот. Потоа проложуваме кон Ставрос, градот кој живее за туристите. Слободно време за ручек и за индивидуални прошетки. Во попладневните часови продолжуваме кон Македонија. Пристигнување во Кавадарци и во Скопје во вечерните часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.......75 евра (4.650 денари)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Три  ноќевања во студија и апартмани во Јерисос, Неа Рода и Уранополис

- Организација на патувањето и туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

 

- Крстарење со брод околу Света Гора-15 евра

- Патничко осигурување

 

 

Услови за деца: Деца до 4 години бесплатно (не користат кревет и седиште во автобус). Од 4-12 години плаќаат 50 % од аранжманот.

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

 

ТА„Атлантик Турс“ Кавадарци

телефон/факс: 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885

ТА „Атлантик Турс“ Скопје

телефон/факс: 02/ 3109 825 ; 3109  826

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)