ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Мај
ПРВОМАЈСКИ ПРАЗНИЦИ ВО ГРАДОТ НА МИМОЗИТЕ
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ПРВОМАЈСКИ ПРАЗНИЦИ ВО ГРАДОТ НА МИМОЗИТЕ

(ХЕРЦЕГ НОВИ-БОКАКОТОРСКИ ЗАЛИВ-ДУБРОВНИК)

 

(30.04.2025 – 04.05.2025)

 

 

Прв ден: 30.04.2025 (среда)

 

21:00 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон  Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.

 

 

Втор ден: 01.05.2025 (четврток)

 

Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич. Градот кој е основан пред 600 години уште го нарекуваат и градот на сонцето заради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето-тука вегетираат 250 различни видови растенија кои потекнуваат од сите континенти, а со децении ги носеле печалбарите, па така целиот град претставува една огромна ботаничка градина. Тесни улички, калдрамисани шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бокакоторски Залив...сето тоа му дава извесна доза на шарм и елеганција со што овој град се издвојува од сите други на црногорското приморје. По разгледот заминуваме кон Игало, едно од осумте  туристички места низ кои се простира Херцегновската ривиера кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Сместување во хотел „Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** (https://www.palmonbayspa.com). Слободно време за одмор од патувањето и уживање во содржините на хотелот кој располага со внатрешен базен и  Wellness и Spa центар. Хотелот е препознатлив по базенот со лековита минерална вода која  го враќа балансот на  природните минерали и соли во телото. Ноќевање.

 

 

Трет ден: 02.05.2025 (петок)

 

Појадок. Денот е резервиран за првомајско крстарење низ Бокакоторскиот Залив.  Заминуваме кон Пераст, мал град кој се наоѓа на местото каде се разделуваат Бокакоторскиот и Рисанскиот Залив. Градот се издвојува со живописната архитектура, а со својата убавина ги привлекува модерните морепловци, уметниците и патниците кои се во потрага на убавина и мир. Тука се наоѓа малото камено островче Госпа од Шкрпеља и црквата во која освен големиот број уметнички дела има и икона на Госпа од Шкрпеља. Но она што го привлекува вниманието на сите посетители е необична таписерија која цели 25 години ја изработувала извесна Јанцита Куниќ чекајќи го својот сопруг да се врати од пловидбата. Во таписеријата се наоѓаат вткаени и прамени од нејзината коса, златни од времето на нејзината младост и сребрени од годините кога таа остарела. Слободно време за разгледување на црквата, а потоа и за прошетки низ градчето Пераст. Во договореното време се враќаме назад во хотелот. Слободно време за индивидуални прошетки низ Игало и уживање во базенот и спа центарот во хотелот. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 03.05.2025 (сабота)

 

Појадок. Организирано заминување кон Дубровник, еден од најатрактивните и најпознатите градови на Средоземјето кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Тоа е  белиот град обвиткан околу 2 км со дубровачките ѕидини, поделен со главната улица Страдун, заштитен од Свети Влах... Разгледување на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се враќаме кон Херцег Нови. Ноќевање.

 

 

Петти ден: 04.05.2025 (недела)

 

Појадок.  Слободно време за индивидуални активности и користење на базенот во хотелот. Во пладневните часови напуштање на хотелот и заминување кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........289 евра (17.920 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Три ноќевања со појадок во хотел „Palmon Bay Hotel&Spa“ 4+ ****  во Игало (сместување во стандардни соби со поглед во двор)

- Користење на базенот и спа центарот во хотелот

- Организиран разглед на Херцег Нови со локален туристички водич

- Крстарење по Бокакоторскиот Залив

- Посета и организиран разглед на Дубровник со локален туристички водич

- Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

- Доплата за еднокреветна соба – 45 евра од вечер

- Туристичка такса (се плаќа во агенцијата) – 1,50 евра по лице од вечер

- Патничко осигурување

 

 

За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)