ПРВОМАЈСКИ ПРАЗНИЦИ НА СЕВЕРОТ ОД БАЧКА И УНГАРИЈА
(Ергела Келебија-Суботица-Палиќ-Сегедин)
(30.04.2025 – 04.05.2025)
Дворец како од бајките, дива убавина и спокојство, липицанери, фијакери ... Според легендата, езерото Палиќ се формирало од солзите на овчарот кој го изгубил своето стадо, па затоа водата во езерото е солена. Според друга приказна, езерото е остаток од Панонското Море кое во дамнешни времиња постоело на овие простори. Да, тоа исто Панонско Море за кое Балашевиќ ја испеал Панонскиот морнар...
Прв ден: 30.04.2025 (среда)
23:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 01:00 часот од Скопје кон Војводина со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.
Втор ден: 01.05.2025 (четврток)
Пристигнување во претпладневните часови на најсеверниот дел од Бачка, во селото Келебија кое се наоѓа на само десетина километри од центарот на Суботица и на 500 метри од границата со Унгарија. Сместување на групата во Хотел Вила „Majur“ 4****, преубав објект кој потсетува на дворец од бајките (http://www.vilamajur.com/sr/). Хотелот е опкружен со прекрасен парк во кој доминираат борот и елата, со уредени патеки за прошетка и летниковци за одмор, вештачко езеро со дрвена куќичка наменета за гуските и шатките, тениски игралишта... Вистински рај за одмор на душата. Слободно време за одмор од патувањето. Во договореното време заминуваме на разглед на најголемата ергела за одгледување на коњи од расата липицанери, ергелата Келебија која е во сопственост на хотелот (http://www.ergelakelebija.rs/). Изградена е во 1993-та година на површина од неверојатни 25 хектари, а денес тука се одгледуваат 80 липицанери чии матични грла биле купувани од ергелите во поранешна Југославија. Организиран разглед на ергелата и на музејот во кој се наоѓа колекција од повеќе од 30 различни кочии, фијакери, чези и санки. Љубители на јавањето можат со помош на искусните инструктори да пробаат да ги јаваат мирните коњи. Слободно време за кафе или за ручек во ресторанот на ергелата. Во попладневните часови враќање во хотелот каде ќе можете да уживате во содржините на хотелот кој има wellness центар: затворен базен, сауна, мини теретана и просторија за масажа. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Трети ден: 02.05.2025 (петок)
Појадок. Заминуваме на организиран разглед на Суботица, градот кој извесно време бил под Австро-унгарска власт што имало најголемо влијание врз стилот на градбите. Во центарот на градот доминира Градската куќа како најголема атракција и Народниот театар. Една од најрепрезентативните градби во бароктен стил е катедралата градена кон крајот на XVIII век, а најубав пример за градба во стилот на сецесијата е Рајхловата Палата, некогашна семејна куќа на архитектот Ференц Рајхл. По организираниот разглед на градот со локален туристички водич слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време заминуваме кон најголемото природно езеро во Војводина, езерото Палиќ за кое постојат записи уште во XV век. Три века подоцна започнале испитувањата за лековитоста на водата и тоа бил почетокот на изградбата на бањата која и денес постои. Предвидена е прошетка покрај езерото и околината. Се враќаме назад во хотелот. Во вечерните часови заминуваме на организирана вечера со тамбураши во ресторанот на ергелата. Ноќевање.
Четврти ден: 03.05.2025 (сабота)
Појадок. Заминуваме на целодневен излет во соседна Унгарија и посета на еден од најубавите градови -Сегедин кој со право го нарекуваат мала Виена. Градот е познат по својата преубава архитектура; за време на разгледот ќе го видиме Музејот на познатиот писател Ferenc Mora, остатоците од Сегединскиот дворец, хотелот Tisa-некогашно место каде се собирала Сегединската елита, Плоштадот посветен на грофот Istvan Secenјij во кој се наоѓаат некои од најубавите промероци на унгарскарта сецесија, плоштадот Dugonjic на кој е изграден Сегединскиот универзитет, Катедралната црква и плоштадот. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Во попладневните часови враќање назад во хотелот во Војводина. Ноќевање.
Петти ден: 04.05.2025 (недела)
Појадок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Попатна пауза за шопинг и ручек во шопинг центарот Ушќе во Белград. Пристигнување во доцните вечерни часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........249 евра (15.440 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со туристички автобус
- Три ноќевања со појадок во хотел „Majur“ 4**** на Келебија
- Посета на Eргелата за коњи липицанери „Kelebija“ , организиран разглед со вклучена влезница
- Вечера со музика во живо во ресторанот на ергелата (02.05.2025)
- Користење на внатрешниот базен во хотелот
- Организиран разглед на Суботица и езерото Палиќ
- Организиран разглед на градот Сегедин во Унгарија
- Локален туристички водич за време на сите разгледи
- Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
- Туристичка такса (се плаќа во агенцијата) – 1 евро по лице од вечер
- Патничко осигурување
- Услови за деца: Деца до 3 години бесплатно. Деца од 3 до 12 години плаќаат 70 % од аранжманот.
За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА
-
ОСМИ МАРТ ВО ЗНАКОТ НА КРИСТАЛИТЕТри ноќевања со појадок (05.03.2025 – 10.03.2025)
-
ВЕЛИГДЕН ВО ГРУЗИЈА И ЕРМЕНИЈАСо лет од Скопје (18.04.2025-24.04.2025)
-
ПРВОМАЈСКИ ПРАЗНИЦИ ВО ТУРЦИЈАКомбинирана програма со директен лет од Скопје
-
ПРВОМАЈСКИ ПРАЗНИЦИ ВО ГРАДОТ НА МИМОЗИТЕТри ноќевања со појадок (30.04.2025 – 04.05.2025)
-
БЕЛИТЕ НОЌИ НА БАЛТИКОТ - Термин 1Со директен лет од Солун (23.06.2025-28.06.2025)
-
ЛЕТНА АВАНТУРА ВО ШПАНИЈА - 02.07-08.07.2025Со директен лет од Скопје (02.07.2025-08.07.2025)
-
Лето 2025 - ШпанијаСо директен лет од Скопје!
-
ЛЕТО 2025 - СОПСТВЕН ЗАКУПСопствен закуп - Грција
-
8.МАРТ 2025Програми во сопствена организација на ТА Атлантик Турс
-
Турција - Чартер програма - Лето 2025Аланија, Сиде, Белек, Кемер...
-
1. МАЈ - 2025Аранжмани во комплетна организација на Атлантик Турс