ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Мај
ПРВИ МАЈ ВО КАВАЛА
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ПРВИ МАЈ ВО КАВАЛА

(Целодневен излет на Зелениот Остров Тасос)

 

(01.05.2025 – 04.05.2025)

 

 

Прв ден: 01.05.2025 (четврток)

 

03:00 часот заминување на групата од Скопје и во 04:30 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Грција со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Кавала, еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Сместување во хотел „Oceanis“ 4**** (https://www.oceaniskavala.gr/), лоциран во строгиот центар на градот. Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Во попладневните часови индивидуални прошетки кон стариот дел на Кавала, градот зачетник на христијанството во Грција од каде Апостол Павле започнал да го проповеда Светото писмо, градот кој бил главен центар за време на владеењето на Александар Македонски. Од 15. до 20. век Кавала е под Турска власт и од тоа време останал најважниот градски споменик - стариот аквадукт, денес познат како „Камарес“ кој изгледа како мост кој е поврзан со старите куќи од едната и од другата страна на градот. Во таквата турска Кавала во 1769 година е роден Мухамед Али Паша, или Мехмед Паша, кој во 1801 година е испратен во Египет каде станал основач на модерната Египетска држава. Во Кавала до денес е зачувана неговата родна куќа како музеј. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 02.05.202(петок)

 

Појадок. Заминување на групата кон пристаништето Керамоти на целодневен излет на островот Тасос. Следи четириесетминутно патување со фериброд, а по пристигнувањето во Лименас, главниот град на Тасос, патувањето продолжува кон женскиот манастир „Свети Архангел Михаил“ каде се чува најсветата реликвија - клинец со кој Исус Христос бил распнат на крстот. По слободното време, заминување на групата кон Лименас, главниот град на Тасос. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Во попладневните часови враќање со фериброд во Керамоти а потоа со автобус кон хотелот во Кавала. Ноќевање.

 

 

Трети ден: 03.05.2025 (сабота)

 

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и уживање покрај море. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 04.05.2025 (недела)

 

Појадок. Во договореното време одјавување од хотелот и заминување кон Неа Ираклица, едно од најпознатите туристички места во близина на Кавала. Слободно време индивидуални прошетки и ручек. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните  часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........189 евра (11.720 денари)

 (плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со автобус на наведената релација

- Три ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 4 ****

- Целодневен излет на островот Тасос со вклучен автобуски превоз и билет за  фериброд

- Посета на туристичкото место Ираклица

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

 

Патничко осигурување

Туристичка такса – 2 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)

Доплата за еднокреветна соба.....55 евра (за трите ноќевања)

Деца до 6 години бесплатнодоколку немаат седиште во автобус и користат заеднички кревет со две возрасни лица, деца од 2-6 години плаќаат 50% од цената-имаат седиште во автобус и дополнителен кревет

 

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)