ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО КАВАЛА
(Целодневен излет на Зелениот Остров Тасос)
(06.06.2025 – 08.06.2025)
Прв ден: 06.06.2025 (петок)
03:00 часот заминување на групата од Скопје и во 04:30 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Грција со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Кавала, еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Сместување во хотел „Oceanis“ 4**** (https://www.oceaniskavala.gr/), лоциран во строгиот центар на градот. Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Во попладневните часови индивидуални прошетки кон стариот дел на Кавала, градот зачетник на христијанството во Грција од каде Апостол Павле започнал да го проповеда Светото писмо, градот кој бил главен центар за време на владеењето на Александар Македонски. Од 15. до 20. век Кавала е под Турска власт и од тоа време останал најважниот градски споменик - стариот аквадукт, денес познат како „Камарес“ кој изгледа како мост кој е поврзан со старите куќи од едната и од другата страна на градот. Во таквата турска Кавала во 1769 година е роден Мухамед Али Паша, или Мехмед Паша, кој во 1801 година е испратен во Египет каде станал основач на модерната Египетска држава. Во Кавала до денес е зачувана неговата родна куќа како музеј. Ноќевање.
Втор ден: 07.06.2025 (сабота)
Појадок. Заминување на групата кон пристаништето Керамоти на целодневен излет на островот Тасос. Следи четириесетминутно патување со фериброд, а по пристигнувањето во Лименас, главниот град на Тасос, патувањето продолжува кон женскиот манастир „Свети Архангел Михаил“ каде се чува најсветата реликвија - клинец со кој Исус Христос бил распнат на крстот. По разгледувањето на манастирот заминуваме кон едно од најпосакуваните туристички места на Тасос -Потос. Слободно време за индивидуални активности и за плажа (доколку дозволат временските услови). Во попладневните часови заминување на групата кон Лименас, а потоа со фериброд во Керамоти. Враќање во хотелот во Кавала. Ноќевање.
Трети ден: 08.06.2025 (недела)
Појадок. Во договореното време одјавување од хотелот и заминување кон Неа Ираклица, едно од најпознатите туристички места во близина на Кавала. Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........159 евра (9.860 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Две ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 4 ****
- Целодневен излет на островот Тасос со вклучен автобуски превоз и билет за фериброд
- Посета на туристичкото место Ираклица
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко осигурување
- Туристичка такса – 2 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)
- Доплата за еднокреветна соба.....35 евра (за двете ноќевања)
- Деца до 6 години бесплатнодоколку немаат седиште во автобус и користат заеднички кревет со две возрасни лица, деца од 2-6 години плаќаат 50% од цената-имаат седиште во автобус и дополнителен кревет
НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА