ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
8. Март
ПРЕДОСМОМАРТОВСКА ПРОГРАМА НА ЗЛАТИБОР
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

 

ПРЕДОСМОМАРТОВСКА ПРОГРАМА НА ЗЛАТИБОР

 (Сирогојно-Дрвенград-Врњачка Бања)

 

(29.02.2024 – 03.03.2024)

 

Вклучена забава со музика во живо и вечера

 


Прв ден: 29.02.2024 (четврток)

 

22:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:30 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Србија. Патуваме со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

 

 

Втор ден: 01.03.2024 (петок)

 

Пристигнување во Златибор во утринските часови. Краток одмор од патувањето. Потоа заминување кон етно селото Сирогојно каде ќе ја разгледаме единствената музејска поставка под отворено небо со педесетина оригинални куќи-брвнари кои прикажуваат како изгледале куќите во златиборските села пред повеќе од два века. Во музејскиот комплекс доминира куќа од типот на златиборската брвнара изградена во комбинација на камен и дрво а околу неа се наоѓаат помошните простoрии: гостинска куќа, млекара, амбар, занаетчиска работилница, штала... Во 70-те години од минатиот век жените се погрижиле селото да не остане познато само по етно музејот; успеале да го лансираат еден од најголемите српски модни брендови-сирогојскиот џемпер плетен од волна од врвен квалитет и украсен со шари од автентични златиборски мотиви. При посетата на Сирогојно ќе можете да го разгледате Музејот на плетачките во кој се изложени квалитетни волнени производи. Освен тоа, тука се чуваат текстови од модни часописи и ревии, писма и фотографии на познати личности кои имале барем по еден експонат од колекцијата на златиборските плетачки: Јованка Броз, Барбара Буш, Ненси Реган, позната глумица Лив Улман, славниот француски креатор Пјер Карден... Пауза за кафе и закуска во некој од рестораните во Сирогојно а потоа враќање во Златибор. Сместување на групата во хотелот „Buket“ 4**** (www.buketzlatibor.rs) кој се наоѓа на одлична локација во прекрасната борова шума во непосредна близина на Кралскиот Плоштад. Слободно попладне за одмор и за релаксација во спа центарот на  хотелот- затворен внатрешен базен, хидромасажна када, топли клупи, солена соба, парно купатило, финска и био сауна, фитнес центар (бесплатно користење). Во вечерните часови можете да уживате во убавините на овој туристички центар. Првото нешто што ќе Ви го привлече вниманието е Златиборското Езеро. Веднаш над езерото се наоѓа Кралскиот Плоштад со огромно шеталиште, а од таму патот Ве води до малиот трговски центар во кој се наоѓаат голем број ресторани и бутици. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

 

 

Трет ден: 02.03.2024 (сабота)

 

 

Појадок. Во договореното време организирано заминување кон Мокра Гора каде на ридот Меќавник по замисла на филмскиот режисер Емир Кустурица е изградено етно селото Дрвенград. Самиот Кустурица за Дрвенград ќе рече: „Измислив град кој изгледа како во него отсекогаш да се живеело. А не се живеело никогаш“. Изградено за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“, селото потсетува на вистински град: на самиот влез има голема влезна капија од каде започнува главната улица која се протега се до другиот крај каде се наоѓа мала дрвена православна црква со дрвено ѕвонче посветена на Свети Сава, градена по угледот на руските црквени брвнари. Во централниот дел на селото е плоштадот поплочен со дрвени коцки и опколен со брвнари кои се автентични и пренесени од околните села. Во секоја од нив се содржините карактеристични за секој град: хотел Меќавник, галерија со слики, библиотека, кино сала сместена под земја, слаткарница со домашни колачи и природни сокови, национален ресторан и продавница со народни ракотворби од тој крај... Улиците во селото добиле имиња по познати личности од науката и културата. Така, главната улица го носи името на Иво Андриќ, а покрај неа се улиците Ернесто Че Гевара , Диего Марадона, Миодраг Петровиќ Чкања, а една улица го носи и името на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Стручното жири на бриселската Фондација за архитектура оваа градба ја прогласила за најдоброто архитектонско остварување во изминатите три години во Европа. Дрвенград веќе има статус на град хотел со 4 ѕвезди, исто како што е Свети Стефан во Црна Гора. Слободно време за разгледување на етно селото и за уживање во вкусните специјалитети во ресторанот и слаткарницата. Враќање во Златибор во попладневните часови. Слободно време за релаксација во спа центарот на хотелот и за индивидуални прошетки и уживање во убавините на Златибор. Во вечерните часови во ресторанот на хотелот вечера и организирана забава со музика во живо. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 03.03.2024 (недела)

 

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови продолжуваме кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........199 евра (12.340 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус

- Две ноќевања со појадок и вечера во хотел „Buket“ 4**** во Златибор

- Забава во хотелот со музика во живо

- Користење на спа центарот во хотелот: затворен внатрешен базен, хидромасажна када, топли клупи, солена соба, парно купатило, финска и био сауна, фитнес центар

- Посета на Сирогојно со вклучена влезница во Музејот на отворено

- Посета на етно селото Дрвенград со вклучена влезница

- Посета на Врњачка Бања

- Локален туристички водич за разглед на Златибор, Сирогојно и Дрвенград

- Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

- Туристичка такса – 1.50 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)

- Доплата за еднокреветна соба - 35 евра (за две ноќевања)

- Патничко осигурување

 

 

За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

 

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)