ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
28. Август
KAtegorija
Празнична понуда во Сокобања
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ПРАЗНИЧНА ПОНУДА ВО СОКОБАЊА

(25.08.2018 – 28.08.2018)

 

Почитувани, Ве информираме дека последен рок за пријавување за екскурзијата во Соко Бања е петок, 17. август

 

 

СОКОБАЊА... Градот кој има само воздух и вода ...

 И дарува најголемо богатство на секој човек-ЗДРАВЈЕ!

 

Некогаш многу одамна, силен господар на тврдиот Соко град јавал на својот коњ. Одеднаш се замрачило небото над Озрен, светнала молња, удрил гром, исплашениот коњ потскокнал и јавачот паднал на земја и изгубил свест. Кога подоцна се освестил, не можел да застане на нозе и  помислил дека сите коски му се скршени. Лежел беспомошно и ја чекал својата смрт. Одеднаш слушнал жубор на вода. Полека и болно се подигнал да види од каде доаѓа водата и видел сокол со скршено крило како се доближува до кладенецот. Соколот го потопил крилото во водата и тоа веднаш заздравило. Кога го видел тоа, се догребал до изворот и целиот влегол во кладенецот, оздравел и се вратил назад во градот. Веднаш наредил изворот да се огради и за многу кратко време надалеку се проширил гласот за лековитата вода.

 

Сокобања е населба од римскиот период за што сведочат многубројните остатоци од накит, садови и орудија кои се откопани на местото на денешното турско купатило. Наспроти хамамот изграден за време на Кнезот Милош сеуште стои Милошевиот конак, автентична зграда на некогашната администрација на Кнежевството Србија. Уште во тоа време водата од бањата била испратена на проверка во Виена, а од 1880 година со наредба на кнезот Милош Сокобања официјално прераснува во лекувалиште.

 

 Термалните извори во Сокобања спаѓаат меѓу најрадиоактивните во цела Европа. Во бањата има  шест извори со температура на водата од 28-45 степени, но со оглед на тоа дека радиоактивните гасови избиваат на целата територија на бањата, секој посетител е изложен на блага инхалација, што многу корисно делува на целиот организам. Токму заради овие својства Сокобања поволно делува на болестите на респираторниот систем- лекува бронхијална астма, хроничен брохнитис, психонеуроза, полесни облици на зголемен крвен притисок, хроничен ревматизам, ишијас, анемија, хронични женски болести,кожни болести и егземи, рековалесценти. За подобро опоравување придонесува погодната клима, сувиот воздух, малкуте ветрови и магли, изедначениот барометарски притисок, присуството на радан во воздухот, како и одличната надморска висина од 400 метри.

 

Сокобања годинава одбележува 180 години од постоењето и има рекордна посетеност со над 120.000 туристи годишно. Располага со повеќе хотели со  затворени и отворени базени со лековита термална вода, модерни  wellness центри, како и со квалитетно приватно сместување од апартмански тип. На гостите им се нудат голем број содржини за разонода, а од пред неколку години на површина од 16.000 квадратни метри е ставен во функција Аква паркот кој може да прими и до 2000 посетители. Ова укажува на фактот дека во Сокобања не доаѓаат само оние кои се во потрага по лек за различни болести, туку и за рекреација, опоравување, одмор и разонода.Побегнете од стресното секојдневие и поминете неколку дена во преубава природа и чист воздух со висока концентрација на кислород и негативни јони.

 

 

Прв ден: 25.08.2018 (сабота)

Поаѓање на групата од Кавадарци во 03.30 часот и од Скопје  во 05.00 часот (пред туристичките агенции ) кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Соко Бања, лидерот на бањскиот туризам во Србија, местото опкружено со четири планини (Ртањ,Озрен, Девица и Буковик) кое изобилува со недопрена природна убавина,чист воздух и квалитетна термална вода. Сместување во избраниот хотел или апартмани. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

Втор ден: 26.08.2018 (недела)

Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

Трет ден: 27.08.2018 (понеделник)

Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

Четврти ден: 28.08.2018 (вторник)

Околу пладне заминување  на групата кон Македонија. Пристигнување во Македонија во  вечерните часови.

 

 

 

Сместување во хотел „Soko Terme“ 3*(www.sokoterme.org) - 129 евра (7.990 денари)

Хотелот се наоѓа во центарот на Сокобања. Понудата вклучува превоз, 3 ноќевања со појадок, користење на затворените и отворени базени со термална вода и wellness центарот.

 

Сместување во хотел „Nataly Spa“ 3*  (www.natalyspa.com) -  119 евра (7.380 денари)

Хотелот се наоѓа на само 100 метри од центарот на Сокобања. Понудата вклучува превоз, 3 ноќевања со појадок, користење на затворениот базен со термална вода и wellness центарот.

 

Сместување во конак „Konak-Nataly 4* (www.konak-nataly.com) - 119 евра (7.380 ден)

Konak-Nataly е нов комплекс со 4 звезди лоциран на само 100 метри од центарот на Сокобања, составен дел на хотелот Nataly Spa. Гостите ќе бидат сместени во апартмани опремени со кујни. Понудата вклучува превоз, 3 ноќевања со појадок, користење на затворениот базен со термална вода и wellness центарот  (појадокот и базенот се во хотелот Nataly Spa)

 

 Сместување во апартмани „Promenada(www.kucapromenada.com) -109 евра (6.760 ден)

Promenada  е нов комплекс од А категорија пуштен во употреба во месец  јули 2018-та година. Лоциран е на само 100 метри од центарот на Сокобања, веднаш до хотелот Nataly Spa. Гостите ќе бидат сместени во апартмани опремени со кујни. Понудата вклучува превоз, 3 ноќевања со појадок, користење на затворениот базен со термална вода и wellness центарот  (појадокот и базенот се во хотелот Nataly Spa)

 

Сместување во апартмани „Delfin(www.apartmanidelfin.com)- 79 евра (4.900денари)

Апартманите од А категорија се наоѓаат на само 50 метри од центарот на Сокобања и се опремени со кујни. Понудата вклучува 3 ноќевања и превоз.

 

Напомена: Во цената на аранжманот не е вклучено патничкото осигурување.

 

Услови за деца: До 3 години бесплатно сместување (во заеднички кревет со две возрасни лица и без седиште во автобус),  деца од 3-11,99 години плаќаат 70 % од аранжманот  ( користат сопствен кревет и седиште во автобус). Во случај на сопствен превоз цената се намалува за 10 евра.

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

Фотографии од соби и плажи

Хотел „Soko Terme“ 3*** Хотел „Nataly Spa“ 3*** „Konak-Nataly“ 4**** Апартмани „Promenada“ А категорија Апартмани „Delfin“ А категорија Аква Парк - Сокобања Сокобања
Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)