ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
28. Август
KAtegorija
Празнична понуда во Соко Бања
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ПРАЗНИЧНА ПОНУДА ВО СОКО БАЊА

 (25.08.2018 – 28.08.2018)

 

Прв ден: 25.08.2018 (сабота)

Поаѓање на групата од Кавадарци во 04.30 часот и од Скопје во 06.00 часот (пред туристичките агенции) кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Соко Бања, лидерот на бањскиот туризам во Србија, местото опкружено со четири планини (Ртањ, Озрен, Девица и Буковик) кое изобилува со недопрена природна убавина,чист воздух и квалитетна термална вода. Сместување во избраниот хотел или апартмани. Слободно време за прошетка низ центарот на Соко Бања и посета на Милошевиот конак, Турското купатило, Црквата Св.Преображение. Ноќевање.

 

Втор ден: 26.08.2018 (недела)

Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

Трет ден: 27.08.2018 (понеделник)

Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

Четврти ден: 28.08.2018 (вторник)

Околу пладне заминување  на групата кон Македонија. Пристигнување во Македонија во  вечерните часови.

 

 

- Сместување во хотел „Soko Terme“ 3*(www.sokoterme.org) - 139 евра (8.620 денари)

Хотелот се наоѓа во центарот на Соко Бања. Понудата вклучува 3 ноќевања со појадок, користење на двата затворени и еден отворен базени со термална вода и превоз (хотелот има луксузно опремен wellness центар)

 

- Сместување во хотел „Nataly Spa“ 3*  (www.natalyspa.com) -  129 евра (7.990 денари)

Хотелот се наоѓа на само 100 метри од центарот на Соко Бања. Понудата вклучува 3 ноќевања со појадок, користење на затворениот базен, спа центарот и превоз 

 

- Сместување во конак „Konak-Nataly 4* (www.konak-nataly.com) - 129 евра (7.990 ден)

Konak-Natalyе нов комплекс со 4 звезди лоциран на само 100 метри од центарот на Соко Бања, составен дел на хотелот Nataly Spa. Гостите ќе бидат сместени во апартмани опремени со кујни. Понудата вклучува 3 ноќевања со појадок, користење на затворен базен, спа центар и превоз (појадокот и базенот се во хотелот Nataly Spa)

 

- Сместување во апартмани „Delfin“ 3* (www.apartmanidelfin.com) - 79 евра (4.900ден.)

Апартманите се наоѓаат на само 50 метри од центарот на Соко Бања и се опремени со кујни. Понудата вклучува 3 ноќевања и превоз. Напомена: Во секој апартман има по две двокреветни посебни соби со заедничка кујна и купатило. Цената се однесување за сместување на минимум 3 лица во секој апартман. 

 

Напомена: Во цената на аранжманот не е вклучено патничкото осигурување.

 

Услови за деца: До 3 години бесплатно сместување (во заеднички кревет со две возрасни лица и без седиште во автобус),  деца од 3 до 12 години плаќаат 70 % од аранжманот (користат сопствен кревет и седиште во автобус). Во случај на сопствен превоз цената се намалува за 10 евра.

 

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)