ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
10. ЈУНИ
ПРАЗНИЧЕН ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО КАВАЛА
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ПРАЗНИЧЕН ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО КАВАЛА

(Целодневен излет на Зелениот Остров Тасос)

 

(10.06.2022 – 12.06.2022)

 

 

Прв ден:10.06.2022 (петок)

 

02:00 часот заминување на групата од Скопје и во 03:30 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции)кон Грција со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Кавала, еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Сместување во хотел „Oceanis“ 4**** (https://www.oceaniskavala.gr/), лоциранво центарот на градот. Слободно време за индивидуални активности и за плажа (во близина на хотелот е градската плажа во Кавала, а на последниот спрат од хотелот има отворен базен чие користење е вклучено во цената). Во попладневните часови организирано разгледување на стариот дел на Кавала, градот зачетник на христијанството во Грција од каде Апостол Павле започнал да го проповеда Светото писмо, градот кој бил главен центар за време на владеењето на Александар Македонски. Од 15. до 20. век Кавала е под Турска власт и од тоа време останал најважниот градски споменик - стариот аквадукт, денес познат како „Камарес“ кој изгледа како мост кој е поврзан со старите куќи од едната и од другата страна на градот. Во таквата турска Кавала во 1769 година е роден Мухамед Али Паша, или Мехмед Паша, кој во 1801 година е испратен во Египет каде станал основач на модерната Египетска држава. Во Кавала до денес е зачувана неговата родна куќа како музеј. Слободно време за индивидуални прошетки низ градот. Кавала е градот на богатите Грци, тука ја имате единствената можност да се сретнете со минатото и да уживате во сегашноста. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

 

Втор ден11.06.2022(сабота)

 

Појадок. Заминување на групата кон пристаништето Керамоти на целодневен излет на островот Тасос. Следи четириесетминутно патување со фериброд, а по пристигнувањето во Лименас, главниот град на Тасос, патувањето продолжува кон женскиот манастир „Свети Архангел Михаил“ каде се чува најсветата реликвија - клинецот со кој Исус Христос бил распнат на крстот. Слободно време за плажа, а потоа заминуваме кон традиционалното планинско етно село Панагиа (Богородица) кое е со специфична архитектура на куќите. Посета на трите извори со студена вода која тече надолу од планините до селото низ посебно изградени канали. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време заминуваме кон Лименас, а потоа со фериброд кон Керамоти. Враќање во Кавала. Ноќевање.

 

 

Трети ден: 12.06.2022(недела)

 

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон преубавата плажа Ammolofoi Beach(Nea Peramos), едно од најпознатите туристички места во близина на Кавала. Слободно време за плажа и ручек (факултативно).Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........139 евра (8.620 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со автобус на наведената релација

- Две ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 4 ****

- Организиран разглед на градот солокален туристички водич

- Влезница во Тврдината во Кавала

- Целодневен излет на островот Тасос со вклучен автобуски превоз и билет за фериброд

- Организирана посета на плажата Ammolofoi Beach

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

 

- Патничко осигурување

- Туристичка такса (се плаќа во агенцијата)…1,5 евро по лице од вечер

- Доплата за еднокреветна соба.....30 евра (за две ноќевања)

 

За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

 

Последен рок за пријавување: 31. Мај 2022 година

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)