ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2019 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
8. Март - 2019
ОСМИ МАРТ ВО ЗНАКОТ НА МИМОЗИТЕ - ХЕРЦЕГ НОВИ - Дубровник - Котор
Сподели со пријателите:
Испринтај: print
  •  

ОСМИ МАРТ ВО ЗНАКОТ НА МИМОЗИТЕ

ХЕРЦЕГ НОВИ-ДУБРОВНИК-КОТОР

(06.03.2019 – 09.03.2019)

 

БЕСПЛАТЕН КОНЦЕРТ НА САША МАТИЌ !

 

 

Прв ден: 06.03.2019 (среда)

 

21:00 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон  Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.

 

 

Втор ден: 07.03.2019 (четврток)

 

Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич. Градот кој е основан пред 600 години уште го нарекуваат и градот на сонцето заради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето-тука вегетираат 250 различни видови растенија кои потекнуваат од сите континенти, а со децении ги носеле печалбарите, па така целиот град претставува една огромна ботаничка градина. Тесни улички, калдрамисани шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бокакоторски Залив...сето тоа му дава извесна доза на шарм и елеганција со што овој град се издвојува од сите други на црногорското приморје. Освен за време на летната туристичка сезона, Херцег Нови е особено атрактивен во февруари и во март, кога цветаат мимозите во чија чест се организира најзначајната фестивалска манифестација Мимоза фест. По разгледот заминуваме кон Игало, едно од осумте  туристички места низ кои се простира Херцегновската ривиера кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Сместување во хотел „Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** (https://www.palmonbayspa.com). Слободно време за одмор од патувањето и уживање во содржините на хотелот кој располага со внатрешен базен и  Wellness и Spa центар. Хотелот е препознатлив по базенот со лековита минерална вода која го враќа балансот на  природните минерали и соли во телото.  Во вечерните часови присуствуваме на концертот на отворено на големата музичка ѕвезда Саша Матиќ. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

 

Трет ден: 08.03.2019 (петок)

 

Појадок. Заминување  на факултативен излет кон Дубровник, еден од најатрактивните и најпознатите градови на Средоземјето. Тоа е  белиот град обвиткан околу 2 км со дубровачките ѕидини, поделен со главната улица Страдун, заштитен од Свети Влах, главниот заштитник на Дубровник, градот кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО... Разгледување на градот со локален туристички водич. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови враќање во Херцег Нови. Вечерта празнична осмомартовска вечера со музика во живо во ресторан (факултативно). Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 09.03.2019 (сабота)

 

Појадок.  Одјавување од хотелот и заминување кон Пераст, мал град кој се наоѓа на местото каде се разделуваат Бокакоторскиот и Рисанскиот Залив. Градот се издвојува со живописната архитектура, а со својата убавина ги привлекува модерните морепловци, уметниците и патниците кои се во потрага на убавина и мир. Во центарот на градот се наоѓа плоштадот на кој доминира црквата Свети Никола со својата импресивна камбанарија висока 55 метри. Од таму со брод заминуваме кон малото камено островче Госпа од Шкрпеља. Легендата вели дека на 22 јули 1452 година  морнарите пронашле на карпа во средината на морето икона на Богородица со дете во рацете и од тој ден останала традицијата морепловците по враќањето од успешната пловидба да оставаат камења покрај брегот, па така се создал овој вештачки остров. На островот се наоѓа црква која содржи голем број уметнички дела како и икона на Госпа од Шкрпеља, но она што го привлекува вниманието на сите посетители е необична таписерија која цели 25 години ја изработувала извесна Јанцита Куниќ чекајќи го својот сопруг да се врати од пловидбата. Во таписеријата се наоѓаат вткаени и прамени од нејзината коса, златни од времето на нејзината младост и сребрени од годините кога таа остарела. По разгледот на црквата се враќаме повторно со брод назад кон Пераст, а од таму заминуваме кон Котор, градот кој е стар повеќе од 2000 години и се наоѓа на листата на светските културни богатства токму заради урбаната архитектура, културното наследство и прекрасниот природен амбиент. Организиран разглед на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за прошетки низ градските плоштади и улици кои се користат како отворени сцени за изведба на многу традиционални манифестации и приредби. Во попладневните часови заминуваме кон Македонија. Пристигнување во недела, на 10. Март во раните утрински часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........119 евра (7.380 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

  

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

Превоз со туристички автобус

- Две ноќевања со појадок  во хотел „Palmon Bay Hotel&Spa“ 4+ ****  во Игало

- Користење на базенот и спа центарот во хотелот

- Организиран разглед на Херцег Нови со локален туристички водич

- Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

- Посета на Дубровник со локален туристички водич – 10 евра

- Билет за брод, влезници во црквата Госпа од Шкрпеља и во стариот град Котор со вклучен автобуски превоз и локален туристички водич 10 евра

- Празнична вечера со музика во живо во ресторан – 20 евра

- Туристичка такса – 1.4 евра по лице на ден

- Доплата за еднокреветна соба – 15 евра на ден

- Патничко осигурување

 

 

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници.

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)