ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
08. Март
ОСМИ МАРТ ВО ВРЊАЧКА БАЊА - Вклучена осмомартовска вечера со музика во живо
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ОСМИ МАРТ ВО ВРЊАЧКА БАЊА

МАНАСТИР ЉУБОСТИЊА-КРУШЕВАЦ

 

(07.03.2020 – 08.03.2020)

 

ВКЛУЧЕНА СВЕЧЕНА ВЕЧЕРА СО МУЗИКА ВО ЖИВО

 

 

Прв ден: 07.03.2020 (сабота)

 

01.00 часот Поаѓање  на групата од Кавадарци и од Скопје во 02.30 часот (пред туристичките агенции ) кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори. Пристигнување во Врњачка Бања во претпладневните часови. Oрганизиран разглед на градот со локален туристички водич, а потоа сместување на групата во хотел „Zepter“ 4**** (www.zepterhotelvbanja.com). Слободно време за одмор, индивидуални активности и користење на содржините во хотелот: затворен базен со топла термална вода, џакузи, сауна... Вечерта, свечена празнична вечера со музика во живо во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 08.03.2020 (недела)

 

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Љубостиња, средновековен женски манастир кој припаѓа на епархијата на Крушевската Српска Православна Црква. Манастирот е граден во периодот од 1388 до 1405 година по барање на жената на кнезот Лазар, кнегињата Милица. Покрај неа, во манастирот е погребана и монахињата Јефимија, сопругата на деспотот Угљеша Мрњавчевиќ.  За време на Кочина Буна, народот е повикан на востание токму од овој манастир и во знак на освета, Турците го запалиле манастирот. Во пожарот изгореле речиси сите фрески, а притоа е откриена тајна ризница која била скриена во манастискиот ѕид зад една икона каде кнегињата Милица го сокрила своето богатство. Турците го опљачкале целиот манастир, а меѓу најзначајните реликвии е одземена круната на српскиот кнез Лазар која денес се чува во Истанбул. Манастирот Љубостиња денес е под заштита на државата како Споменик на културата од исклучително значење. Потоа продолжуваме со организиран разглед на градот Крушевац и посета на црквата Лазарица и на Лазарев Град. Околу пладне заминуваме кон шопинг центарот Shopping Park. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови враќање кон Македонија. Пристигнување во Скопје и во Кавадарци во доцните вечерни часови.

                                                                     

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........79 евра (4900 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Едно ноќевање со појадок  во хотел „Zepter“ 4**** во Врњачка Бања

- Свечена вечера со музика во живо во ресторанот на хотелот

- Разглед на Врњачка Бања  со локален туристички водич

- Разглед на манастирот Љубостиња и градот Крушевац  со локален туристички водич           

- Организација на патувањето и туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

- Пијалоци за време на вечерата

- Доплата за еднокреветна соба – 15 евра

- Туристичка такса - 1.30 евра по лице 

- Патничко осигурување

 

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

 

 

Информации, резервации и уплата:

ТА„Атлантик Турс“ Кавадарци

телефон/факс: 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885

ТА „Атлантик Турс“ Скопје

телефон/факс: 02/ 3109 825 ; 3109  826

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)