ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
8. Март
ОСМИ МАРТ ВО ВРЊАЧКА БАЊА
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

ОСМИ МАРТ ВО ВРЊАЧКА БАЊА

(Со посета на манастирите Жича и Љубостиња)

 

(05.03.2021 – 07.03.2021)

 

 

Прв ден: 05.03.2021 (петок)

 

01.00 часот Поаѓање  на групата од Кавадарци и од Скопје во 02.30 часот (пред туристичките агенции ) кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори. Пристигнување во Врњачка Бања во претпладневните часови. Oрганизиран разглед на градот со локален туристички водич, а потоа сместување на групата во хотел „Zepter“ 4**** (www.zepterhotelvbanja.com). Слободно време за одмор, индивидуални активности и користење на содржините во хотелот: затворен базен со топла термална вода, џакузи, сауна...Ноќевање.

 

 

Втор ден: 06.03.2021 (сабота)

 

 

Појадок. Заминување со локален туристички водич на организиран разглед на манастирот Жича, средновековен манастир од првата половина на 13-от век, едно од најсветите места за српскиот народ. Градбата на главната манастирска црква е завршена во 1217 година, а во манастирот е крунисан првиот српски крал Стефан Првовенчани. Една убава стара легенда проповеда дека во Жича се крунисани вкупно седум кралеви, а за време на секое ново крунисување е отварана нова врата низ која поминувал само крунисаниот владетел, а веднаш потоа вратата била заѕидана. Во 1979 година манастирот Жича е под заштита на државата како Споменик на културата од исклучително значење. Во пладневните часови враќање во Врњачка Бања. Слободно попладне за индивидуални активности и за користење на содржините во хотелот. Ноќевање.

 

 

Трет ден: 07.03.2021 (недела)

 

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Љубостиња, средновековен женски манастир кој припаѓа на епархијата на Крушевската Српска Православна Црква. Манастирот е граден во периодот од 1388 до 1405 година по барање на жената на кнезот Лазар, кнегињата Милица. Покрај неа, во манастирот е погребана и монахињата Јефимија, сопругата на деспотот Угљеша Мрњавчевиќ.  За време на Кочина Буна, народот е повикан на востание токму од овој манастир и во знак на освета, Турците го запалиле манастирот. Во пожарот изгореле речиси сите фрески, а притоа е откриена тајна ризница која била скриена во манастискиот ѕид зад една икона каде кнегињата Милица го сокрила своето богатство. Турците го опљачкале целиот манастир, а меѓу најзначајните реликвии е одземена круната на српскиот кнез Лазар која денес се чува во Истанбул. Манастирот Љубостиња денес е под заштита на државата како Споменик на културата од исклучително значење. Околу пладне заминуваме кон шопинг центарот Shopping Park. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови враќање кон Македонија. Пристигнување во Скопје и во Кавадарци во доцните вечерни часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........119 евра (7.380 денари)

 (плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Две ноќевања со појадок  во хотел „Zepter“ 4**** во Врњачка Бања

- Користење на spa & wellness центарот во хотелот (два часа на ден)

- Посета на манастирите Жича и Љубостиња 

- Локален туристички водич за сите разгледи

- Организација на патувањето и туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

- Доплата за еднокреветна соба - 25 евра (за двете вечери)

- Туристичка такса...1.15 евра по лице на ден (се плаќа на рецепција)

- Патничко осигурување

 

 

Напомена: За патување во Република Србија не е потребен PCR тест за Covid-19

 

 

За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници

 (за време на патувањето ќе се почитуваат сите здравствени протоколи)

 

 

Последен рок за пријавување: 25.02.2021 година

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)