ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
8. Март
ОСМИ МАРТ ВО КАВАЛА
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

                                                                                                                             

ОСМИ МАРТ ВО КАВАЛА

(ДРАМА-ПОРТО ЛАГОС-КСАНТИ)

 

(08.03.2024 – 10.03.2024)


Вклучена забава во ресторан со музика во живо и вечера

 

 

 Прв ден: 08.03.2024 година (петок)

 

03:00 часот заминување на групата од Скопје и во 05:00 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Грција со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Кавала, еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Сместување на групата во хотел „Oceanis“ 4**** (https://www.oceaniskavala.gr/) лоциран во центарот на градот. Организирано разгледување на стариот дел на Кавала, градот зачетник на христијанството во Грција од каде Апостол Павле започнал да го проповеда Светото писмо, градот кој бил главен центар за време на владеењето на Александар Македонски. Од 15. до 20. век Кавала е под Турска власт и од тоа време останал најважниот градски споменик - стариот аквадукт, денес познат како „Камарес“ кој изгледа како мост кој е поврзан со старите куќи од едната и од другата страна на градот. Во таквата турска Кавала во 1769 година е роден Мухамед Али Паша, или Мехмед Паша, кој во 1801 година е испратен во Египет каде станал основач на модерната Египетска држава. Во Кавала до денес е зачувана неговата родна куќа како музеј. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Во вечерните часови организирано заминување на осмомартовска забава во таверна во градот Драма со вклучена вечера и музика во живо. После полноќ враќање во хотелот во Кавала. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 09.03.2024 година (сабота)

 

Појадок. Во договореното време заминуваме на целодневен излет во градот Ксанти. Најпрво пристигнуваме во Порто Лагос, местото каде езерото Вистонида се спојува со Тракијското Море, на границата на округот Ксанти и Родопите. Тоа е сликовито пристаниште потопено во зеленилото на шумата и во синилото на водата и претставува резерват за ретки видови диви птици кои тука можат да се видат во голем број (патки, пеликани, корморани, па дури и фламингоси). Слободно време за разгледување на преубавиот манастир Свети Никола и Богородица изграден на мал остров споен со дрвен мост со копното. Легендата вели дека Порто Лагос припаѓал на некој турски бег кој целиот свој имот го подарил на манастирот во знак на благодарност кон еден монах кој ја излегувал неговата болна ќерка. Потоа продолжуваме кон Ксанти, единствениот град во Тракија со космополитски дух во кој се спојуваат неколку различни религии, култури и јазици. Во стариот дел на градот некогаш живееле богати луѓе-аристократи кои се занимавале со продажба на тутун. Денес сеуште се забележува архитектурата од тоа време и иако сите куќи потсетуваат една на друга, нема да успеете да пронајдете две исти. Традиционалната архитектура доминира и низ улиците на Ксанти кои се направени од калдрма. По организираниот разглед, слободно време за индивидуални прошетки и за шопинг на големиот базар. Во доцните попладневни часови враќање во хотелот во Кавала. Ноќевање.

 

 

Трети ден: 10.03.2024 година (недела)

 

Појадок. Во договореното време одјавување од хотелот и заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........179 евра (11.100 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Две ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 4 **** во Кавала

- Организирана прослава на празникот во таверна во Драма (вечера со музика во живо)

- Организиран излет до Порто Лагос и Ксанти

- Лиценциран туристички водич за разгледите вклучени во програмата

- Организација на патувањето и туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

 

- Доплата за еднокреветна соба – 30 евра (за двете ноќевања)

- Туристичка такса во Кавала (се плаќа во агенцијата) – 1,50 евра по лице од вечер

- Пијалок за време на вечерата во таверна

- Патничко осигурување

    

 

За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)