ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
8. Март
ОСМИ МАРТ ВО КАПАДОКИЈА
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

ОСМИ МАРТ ВО КАПАДОКИЈА

(АНКАРА-КАПАДОКИЈА-БУРСА-ИСТАНБУЛ)

 

(01.03.2021 – 07.03.2021)

 

 

Доживејте ја магијата на Турција на патувањето кое нема никогаш да го заборавите...Во Земјата на самовилите...на убавите коњи... со најубавите пејзажи на светот кои потсетуваат на површината на месецот... Во Земјата која е лулка на христијанството...

Ако ја сакате Турција, тогаш Кападокија ќе ја обожавате...

 

 

Прв ден: 01.03.2021 (понеделник)

 

14.00 часот. Заминување на групата од Кавадарци и од Скопје во 15.30 часот ( пред туристичките агенции) кон Турција.Ноќно возење преку Република Бугарија со попатни застанувања и одмори.

 

 

 

Втор ден: 02.03.2021 (вторник)

 

Пристигнување во Анкараво претпладневните часови.Разгледување на главниот град на Република Турција со локален туристички водич. Организирана посета на Мавзолејот на Ататурк-основачот на Современа Турција, монументален објект изграден на површина од 750.000 квадратни метри на кои се сместени неколку објекти: мавзолејот, музејот и прекрасниот парк на кои се посадени 48.500 садници донесени од цел свет. По завршување на разгледот сместување на групата во хотел „Royal Carine4****(http://www.royalcarine.com). Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални прошетки. Вечера. Ноќевање.

 

 

 

Трет ден: 03.03.2021 (среда)

 

Појадок. Заминување на групата кон Кападокија - област позната по своите рељефни форми создадени пред десетина илјади години по истовременото избувнување на двата вулкана Ерчисе и Хасанда. Областа Кападокија е спомената уште во Библијата. Раните христијани се населиле тука за слободно да ја проповедаат својата религија. Под дејство на водата и воздухот се создале тие чудни форми - чуда на природата. Попатна посета на второто по големина езеро во Турција-Туз Ѓоли, кое е едно од најсолените места на планетата со двојно повеќе концентрација на салинитет од Мртвото Море. Турција обезбедува 70 % од потребите на сол токму од овде. Слободно време за одмор и можност боси да зачекорите по испуканите табли сол на самиот брег на езерото кое во лето сосема испарува и наликува на пустина.Го продолжувме патувањето кон областа Кападокија со пауза во грнчарска работилница во градчето Аванос, надалеку познато по грнчарскиот занает. Тука со векови грнчарските производи се правеле со мешање на црвена глина богата со железо и бела земја од вулканските стени богата со силициум, а дизајнот и мотивите на производите се широко распространети дури и кај денешните уметници. Од тука патот ќе не` води низ анадолската висорамнина меѓу најнеобичните облици на карпи од кои вулканската лава создала неверојатни форми и облици. Ќе ги сретнеме „Трите убавици“, „Долината на камилата“, „Долината на самовилските оџаци“... безброј чудни форми во природата на кои задолжително им претходат тезги со сувенири, а нам фото пауза. Во попладневните часови пристигнување во централна Кападокија во градчето Ургуп кое за време на Селџуците било прогласено за центар на целиот округ, а денес е вински центар на Кападокија. Сместување во хотел „Tassaray“ 4**** (http://www.oteltassaray.com). . Вечера. Ноќевање.

 

 

 

Четврти ден: 04.03.2021 (четврток)

 

Доколку дозволат временските услови, љубителите на адреналинот во раните утрински часови ја започнуваат својата најголема авантура-летање со балон над волшебната област. Летот го реализира лиценцирана турска фирма со комплетна организација (трансфер од хотелот до местото на полетување, доделување сертификат на сите учесници и здравица со шампањско). На висина од 600 метри над земјата, балоните ги надлетуваат единствените геолошки форми над карпите на Кападокија, а целиот простор ја менува бојата според изгрејсонцето. Се` одозгора наликува на сцена од фантастичен филм, а летањето со балон е доживување кое ќе се памети цел живот. Во најјаката сезона, секојдневно областа ја надлетуваат над 2000 туристи од целиот свет. Појадок. Целодневна екскурзија низ Кападокија. Името што во превод значи земја на убавите коњи е непрегледната област пренесена од соништата и фантастичните приказни каде ветерот и сонцето извајале чудни фигури во карпите , а околу V век човечката рака ги издлабила во нив најстарите христијански цркви и манастири. Тука Апостол Павле ги води првите Христијани, тоа е родното место на Св.Георги и Св.Василиј Велики. Екскурзијата е по таканаречениот „Месечев пејзаж“ создаден од самата природа: розови и бели ѕидови насекаде, магични кули недопрени од човечка рака... сето тоа е распослано во Музејот на отворено Ѓореме кој е под заштита на Унеско... Тука, во ова поклоничко место ќе имате можност да ги посетите уникатните пештерни градови издлабени во карпите каде сеуште се наоѓаат цели домови и дворци, гостински и спални соби, манастири и цркви, светилиштата на православната Византија: Школата на Свети Апостол Павле, ѕидните фрески на православните светци, Библиски сцени на старите фрески... Најубавото кафе ќе го испиеме во Долината на гулабите од каде го имаме најраскошниот поглед кој наликува на бајка, а најсмелиот подвиг е искачувањето на врвот на тврдината Учхисар, највисоката точка во околината со неверојатен поглед на целата област. Враќање во хотелот. Вечера. Возбудливиот ден го завршуваме во автентичен турски ресторан издлабен во пештера, каде ќе уживаме во одлична музика, забава и пијалоци. Изведувачите на сцена ќе ги оживеат културата и наследството на Турција преку песна и игра изведувајќи вообичаени народни танци од различни региони, како и традиционални турски свадбени танци, а кога танчарката ќе излезе на сцена, ќе имате можност покрај неа да го научите стомачниот танц. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

 

Петти ден: 05.03.2021 (петок)

 

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Бурса. Попатна посета на Деринкују, еден од подземните градови коi Хетите ги изградиле во длабочина од над десетици километри под земја уште од пред 4000 години. Внатре имало се` што треба да има еден град-резервоари за вода, магацини за жито, воденици, штали, станбени простории... Според некои историчари, во подземните градови во Кападокија во минатото живееле и до 80.000 жители. Во вечерните часови пристигнување во Бурса, старата престолнина на Отоманската Империја. Сместување во хотел „ Kirci“ 4**** (https://www.kircihotel.com). Ноќевање.

 

 

 

Шести ден: 06.03.2021 (сабота)

 

Појадок. Заминуваме на организирано разгледување на четвртиот град по големина во Турција со локален туристички водич. Во центарот на Бурса сеуште има остатоци од Османлиското Царство: Султанат Каписи-некогашната влезна капија до која се стигнува од улицата Осман Гази, возвишението Топхане каде Османовиот син Орхан подигнал тврдина, како и мавзолејот на Османската Империја во која се сочувани гробниците на шест турски султани заедно со гробницата на Осман и Орхан Гази. Потоа ќе си дозволиме слободно време за посета на Капали чаршијата распослана во должина од осум километри. Имате вшечаток како целата чаршија да е прелиена со злато затоа што во секој излог ќе најдете по нешто што сјае. Поголем дел од излозите се токму златарски дуќани, но освен злато, тука има во изобилство турска свила, квалитетна кожа и незаобиколните слатки деликатеси: локум, алва, костени, баклава... Ако не го пробате турскиот чај кој се служи низ улиците, исто како да не сте биле овде. Во договореното време ја напуштаме Бурса и заминуваме кон Македонија. Попатно ќе направиме панорамски разглед на Истанбул, градот кој ги поврзува Европа и Азија, волшебната турска метропола на Босфорот каде Западот се сретнува со Истокот, градот од кој кога ќе излезете убедени сте дека во него сигурно повторно ќе се вратите. Ноќно патување преку Република Бугарија со попатни паузи. Пристигнување во Скопје и во Кавадарци во недела на 07. Март околу пладне.

 

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ......... 289 евра (17.920 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз на наведената релација со туристички автобус

- Едно ноќевање со појадок и вечера во хотел 4* во Анкара

- Две ноќевања со појадок и вечера во хотел 4* во Кападокија

- Едно ноќевање со појадок во хотел 4* во Бурса

- Разглед на Анкара

- Посета на Мавзолејот на Ататурк во Анкара

- Разглед на областа Кападокија

- Посета на Музејот на отворено Ѓореме со вклучена влезница

- Посета на подземниот град Деринкују со вклучена влезница

- Посета на тврдината Учхисар со вклучена влезница

- Турска вечер со богата музичка програма и пијалоци

- Разглед на Бурса

- Панорамски разглед на Истанбул

- Професионален локален туристички водич во Анкара, Кападокија и Бурса

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

 

 

- Доплата за еднокреветна соба – 50 евра

- Летање со балон над Кападокија

- Патничко осигурување

 

 

НАПОМЕНА:

 

Патувањето е транзит преку Република Бугарија и не е потребен тест

За влез во Република Турција важноста на пасошот мора да биде 6 месеци од датумот на враќање од патувањето

 

 

За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници

(за време на патувањето ќе се почитуваат сите здравствени протоколи)

 

 

Последен рок за пријавување: 25.02.2021 година

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)