ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
08. Март
ОСМИ МАРТ ВО ИЗМИР Најмонденскиот град во Турција
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ОСМИ МАРТ ВО ИЗМИР

(05.03.2020 – 09.03.2020)

 

 

Еден од највредните подароци со кој биле дарувани кралевите уште во најстарите времиња е смирна. Тоа е смола која тече од кората на дрвјата, со преубав мирис и горчлив вкус, но и со антимикробни и лековити својства. Легендата од Стариот Завет вели дека смирна е симболот на маките на Исус Христос на крстот... Мироносниците- жените кои дошле да му помогнат после неговото распнување и затекнале празен гроб носеле со себе смирна... Зборот „смирна“ има и друго значење: Многу луѓе знаат дека Смирна е древен јонски град сместен во Турција кој денес има модерно име-се нарекува Измир! Ве водиме во градот на слепиот поет Хомер да го пробате вкусниот специјалитет kumru кој се прави само овде... Afiyet olsun (Добар апетит)!

 

 

Прв ден: 05.03.2020 (четврток)

 

Поаѓање на групата од Скопје во 15.00 часот и од Кавадарци во 16.30 часот. Ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори.

 

 

Втор ден: 06.03.2020 (петок)

 

Во утринските часови пристигнување во Галиполе и преминување на Дарданелите со фериброд. Пристигнување во Азискиот дел на Турција, во Чанак Кале. Патувањето го продолжуваме покрај планината Ида и Бергамо кон Измир. Во пладневните часови пристигнување во Измир. Сместување во хотел „Ontur“ 4****(http://izmir.onturhotels.com/) во центарот на градот. Слободно време за одмор од патувањето. Потоа заминуваме на разглед на градот со локален туристички водич. Една легенда вели дека градот го основал Тантал, синот на богот Зевс и на Смирна, прекрасната кралица на Амазонките, па во нејзина чест го добил и името. Според друга легенда, градот е основан од војсководецот Александар Велики. Тој еден ден отишол на лов на ридот Pagos и заспал покрај храмот на богињата Немезис. Таа му се појавила во сонот и го советувала на тоа место да изгради голем град. Грците веднаш побарале совет од пророштвото во Делфи и кога добиле потврден одговор, хеленисичката Смирна била родена. Токму од ова место наречено Кадифекале или кадифена тврдина од каде како на дланка  се распостила преубав поглед започнуваме да ја разоткриваме приказната за градот Измир, трет по големина во Турција, веднаш после Истанбул и Анкара. Ова е дел каде живее сиромашното локално население на кое во 1907 година богатиот еврејски трговец Nesim Levi му подарил интересна градба: кула со современ јавен лифт кој бесплатно ги превезувал жителите од горниот до долниот дел на градот. Денес на врвот на кулата е отворен ресторан каде често навраќаат жителите најмногу заради прекрасната панорама на Измир. Оттаму се спуштаме кон центарот на градот каде правиме панорамна обиколка. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

 

Трет ден: 07.03.2020 (сабота)

 

Појадок. Заминување на групата на организиран разглед на Измир со локален туристички водич (факултативно). По својот изглед, центарот на градот потсетува на многу европски метрополи, надополнет со шармот на морето, палмите и тивкиот ветер кој ја прави климата идеална. На централниот градски плоштад Конак се наоѓа симболот на градот-Саат Кулата, изградена во 1901 година по повод 25-годишнината од владеењето на султанот Abdulhamid II. Часовникот кој е поставен на кулата бил подарок на султанот од германскиот цар Wilhelm II. Во близина на плоштадот се наоѓа трговскиот дел на Измир - најпознатиот Kemeralti Bazar, просторот каде „европскиот“ Измир се претвара во класичен пример на турската култура и страста кон занаетите и трговијата. Тука на едно место Ви се нуди се што ќе посакате да купите: текстил, облека, зачини, злато... според турската култура и традиција задолжително ќе мора да ја намалите цената на производот кога пазарувате. Физички, Измир е поделен на два дела, а ние по обиколката на овој дел од градот заминуваме кон пристаништето од каде со фериброд ќе преминеме во областа Каршијак, или како уште го нарекуваат богатиот дел на Измир. На влезот во најпрометната и најубавата улица ќе не дочекаат две статуи на девојки кои се ослободуваат од велот кои всушност ја претставуваат слободата на жената. Слободно време за прошетка низ овој дел на градот. Во попладневните часови време предвидено за шопинг во  центарот Optimum mall . Во вечерните часови враќање во хотелот. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 08.03.2020 (недела)

 

Појадок. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки на плоштадот Конак. Околу пладне заминување кон Македонија преку протокот Дарданели и Република Грција со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Македонија во утринските  часови во понеделник на 09.03.2020 година.

 

 

 

Промотивна цена за уплата до 31.01.2020......139 евра (8.620 ден.)

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........149 евра (9.240 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 31. јануари

и целосна доплата до 25. февруари

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус

- Две ноќевања со појадок во  хотел  4**** во  Измир

- Разглед на Кадифекале и на централното градско подрачје

- Организација на аранжманот и  придружник на патувањето

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

- Разглед на областа Каршијак со вклучен билет за фериброд – 15 евра

- Патничко осигурување

  

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

 

 

Информации, резервации и уплата:

ТА „Атлантик Турс“ Кавадарци

телефон/факс: 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885

ТА „Атлантик Турс“ Скопје

телефон/факс: 02/ 3109 825 ; 3109  826

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)