ОСМИ МАРТ НА ЗЛАТИБОР
(Дрвенград-Врњачка Бања)
(06.03.2025 – 09.03.2025)
Вклучена забава со музика во живо и вечера !
Прв ден: 06.03.2025 (четврток)
23:30 часот заминување на групата од Кавадарци и во 01:30 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Србија. Патуваме со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.
Втор ден: 07.03.2025 (петок)
Пристигнување во Златибор во утринските часови. Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во убавините на Златибор,. Кога ќе зачекорите низ овој туристички центар, првото нешто што ќе Ви го привлече вниманието е Златиборското Езеро. Веднаш над езерото се наоѓа Кралскиот Плоштад со огромно шеталиште, а од таму патот Ве води до малиот трговски центар во кој се наоѓаат голем број ресторани и бутици. Сместување на групата во хотелот „Buket“ 4**** (www.buketzlatibor.rs) кој се наоѓа на одлична локација во прекрасната борова шума во непосредна близина на Кралскиот Плоштад. Слободно попладне за одмор и за релаксација во спа центарот на хотелот- затворен внатрешен базен, хидромасажна када, топли клупи, солена соба, парно купатило, финска и био сауна, фитнес центар (бесплатно користење). Во вечерните часови можете да уживате во убавините на овој туристички центар. Првото нешто што ќе Ви го привлече вниманието е Златиборското Езеро. Веднаш над езерото се наоѓа Кралскиот Плоштад со огромно шеталиште, а од таму патот Ве води до малиот трговски центар во кој се наоѓаат голем број ресторани и бутици. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.
Трет ден: 08.03.2025 (сабота)
Појадок. Во договореното време организирано заминување кон Мокра Гора каде на ридот Меќавник по замисла на филмскиот режисер Емир Кустурица е изградено етно селото Дрвенград. Самиот Кустурица за Дрвенград ќе рече: „Измислив град кој изгледа како во него отсекогаш да се живеело. А не се живеело никогаш“. Изградено за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“, селото потсетува на вистински град: на самиот влез има голема влезна капија од каде започнува главната улица која се протега се до другиот крај каде се наоѓа мала дрвена православна црква со дрвено ѕвонче посветена на Свети Сава, градена по угледот на руските црквени брвнари. Во централниот дел на селото е плоштадот поплочен со дрвени коцки и опколен со брвнари кои се автентични и пренесени од околните села. Во секоја од нив се содржините карактеристични за секој град: хотел Меќавник, галерија со слики, библиотека, кино сала сместена под земја, слаткарница со домашни колачи и природни сокови, национален ресторан и продавница со народни ракотворби од тој крај... Улиците во селото добиле имиња по познати личности од науката и културата. Така, главната улица го носи името на Иво Андриќ, а покрај неа се улиците Ернесто Че Гевара , Диего Марадона, Миодраг Петровиќ Чкања, а една улица го носи и името на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Стручното жири на бриселската Фондација за архитектура оваа градба ја прогласила за најдоброто архитектонско остварување во изминатите три години во Европа. Дрвенград веќе има статус на град хотел со 4 ѕвезди, исто како што е Свети Стефан во Црна Гора. Слободно време за разгледување на етно селото и за уживање во вкусните специјалитети во ресторанот и слаткарницата. Враќање во Златибор во попладневните часови. Слободно време за релаксација во спа центарот на хотелот и за индивидуални прошетки и уживање во убавините на Златибор. Во вечерните часови во ресторанот на хотелот вечера и организирана забава со музика во живо. Ноќевање.
Четврти ден: 09.03.2025 (недела)
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови продолжуваме кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........209 евра (12.960 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со туристички автобус
- Две ноќевања со појадок и вечера во хотел „Buket“ 4**** во Златибор
- Забава во хотелот со музика во живо
- Користење на спа центарот во хотелот: затворен внатрешен базен, хидромасажна када, топли клупи, солена соба, парно купатило, финска и био сауна, фитнес центар
- Посета на етно селото Дрвенград со вклучена влезница
- Посета на Врњачка Бања
- Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
- Туристичка такса – 1.50 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)
- Доплата за еднокреветна соба - 45 евра (за две ноќевања)
- Патничко осигурување
За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА
-
ОСМИ МАРТ ВО КАВАЛА - (со едно ноќевање)Едно ноќевање со појадок (08.03.2025 – 09.03.2025)
-
ПРОДОЛЖЕН ПРАЗНИЧЕН ВИКЕНД БАНСКО - САНДАНСКИДве ноќевања со појадок и вечера(29.03.2025 – 31.03.2025)
-
ОСМИ МАРТ ВО ЗНАКОТ НА КРИСТАЛИТЕТри ноќевања со појадок (05.03.2025 – 10.03.2025)
-
8. МАРТ ВО АНДАЛУЗИЈАЛет од Скопје (07.03.2025-10.03.2025)
-
ОСМИ МАРТ ВО КАВАЛАДве ноќевања со појадок и осмомартовска вечера (07.03. – 09.03.2025)