ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Шпанија
KAtegorija
Одмор на КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ - Тенерифе - Хотел Catalonia Las Vegas 4*
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Одмор на КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ - Тенерифе - Хотел Catalonia Las Vegas 4*

 

Софија – Тенерифе – Порто де ла Круз – Остров Ла Гомера – Санта Круз де Тенерифе – Сан Кристобал де Ла Лагуна – Плажата Лас Тереситас – Ла Оротава – Икод де лос Винос – Тенерифе – Национален парк Тејде – Канделарија – Плажа Лас Америкас – Софија

 

 

Локација:

 

Хотел "Catalonia Las Vegas" 4 * е лоциран во самиот центар на одморалиштето Пуерто де ла Круз, во близина на уникатниот комплекс "Лаго Мартианес", кој нуди на посетителите неколку базени со морска вода и исклучително импресивна архитектура - влезници - 5,50 EUR за возрасен / 2,50 EUR за деца до 10 години; цената вклучува користење на лежалки, но не и на чадор - тој се доплаќа околу 3 EUR .; работно време - секој ден од 10:00 часот до 19:00 часот.

 

Хотелот има уникатна глетка, како кон морето, така и кон природниот парк "Кањадас". Хотелот се наоѓа само на 38 километри оддалеченост од главниот град на островот Санта Круз де Тенерифе, на 36 километри од националниот парк "Кањадас" и вулканот Теиде.
 

 

Хотел:

 

  Лоциран е на првата линија на морето. Хотелот нуди на своите гости отворен базен со чадори и лежалки, миниголф и пинг-понг маси.

 

 

Соби:

 

Собите БЕЗ балкон се со поглед кон градот или Теиде (погледот не може да се гарантира). Опремени се со модерен и удобен мебел и располагаат со ТВ, клима уред, фен, телефон, вентилатор, огледало во цел раст, бања со када или туш, бесплатен Wi-Fi и електронски сеф со доплата.

 

Собите СО балкон се со поглед кон океанот, градот или Теиде( погледот не може да се гарантира). Опремени се со модерен и удобен мебел и располагаат со ТВ, клима уред, фен, телефон, вентилатор, огледало во цел раст, бања со када или туш, бесплатен Wi-Fi и електронски сеф со димензии за лаптоп.

 

Премиум собите се обновени и се со поголема површина. Располагаат со балкон, поглед кон океанот, Теиде, Лаго Мартианес или Пуерто де ла Круз ( погледот не може да се гарантира).Опремени се со модерен и удобен мебел и располагаат со ТВ, клима уред, фен, телефон, вентилатор, огледало во цел раст, бања со када или туш, бесплатен Wi-Fi, електронски сеф со димензии за лаптоп, сет за кафе / чај, бањарка и влечки.

 

 

Термини и цени:

 

 

 

ТУРИСТИЧКА ПРОГРАМА:

 

Прв ден: Софија – Тенерифе

 

Заминување од аеродромот во Софија со директен чартер лет. Пристигнување на аеродромот во Тенерифе. Трансфер до хотелот. Вечера. Ноќевање.



Втор ден: Порто де ла Круз

 

Појадок. Информативна средба. Ручек.

 

Туристичка програма во Пуерто де ла Круз (вклучено во цената): Пуерто де ла Круз - втор најгусто населен регион на островите, каде што започнува да се развива туризмот на Канарските острови. Главната атракција тука е катедралата "Нуестра Сенор де ла Пена де Франс" - типичен католички храм, кој се наоѓа во централниот дел на Пуерто де ла Круз. Во катедралата се наоѓаат едни од најпочитуваните олтари на островот - "Дева Кармен од Пуерто де ла Круз" и "Големата сила на Бог". Посета на ботаничката градина (со вклучена влезница).

По желба и претходна резервација: Фламенко шоу во ресторан "Abaco" со вклучен двонасочен трансфер со такси и чаша "Сангрија". Заминување од хотелот околу 20:00 часот.

Вечера. Ноќевање.

 

 

Трет ден: Остров Ла Гомера

 

Појадок. Слободно време. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање

 

Туристичка програма по желба: целодневна екскурзија до Остров Ла Гомера ( на англиски јазик): Рано наутро трансфер до кејот на Лос Кристианос во јужниот дел на островот. Патување со траект до пристаништето Сан Себастијан – главен град на остров Гомера, од каде што започнува искачувањето до Национален парк Гарахонај - суптропска шума и биосферски резерват заштитен од УНЕСКО. Пауза во заштитената месност "Ла Лагуна Гранде". Заминување преку националниот парк кон населбите Ермигуа и Агуло - ручек во локален ресторан со демонстрација на традиционалниот за островот "Начин на зборување со свиркање". Враќање во Сан Себастијан. Кратко слободно време за прошетка.

 

Друга опција која можете да ја изберете:

 

Еднодневен билет за посета на тематскиот парк Сијам парк - најголемиот аквапарк во Европа. Се наоѓа на површина од 185 квадратни километри на планината Адехе, во јужниот дел на Тенерифе. Овде посетителите можат да сурфаат на гигантските бранови, да се спуштаат по тобогани со голема брзина или да го покачат адреналинот поминувајќи  низ базен со ајкули. "Siam Beach" ги има највисоките вештачки бранови во светот,кои се идеални за оние кои сакаат да ја совладаат уметноста на сурфањето. Таканаречената "Моќна кула" е една од најголемите атракции: достигнува висина од 28 метри и претставува вертикална лизгалка која ве спушта покрај базенот со ајкули.

 

 

Четврти ден: Санта Круз де Тенерифе – Сан Кристобал де Ла Лагуна – Плажата Лас Тереситас

 

Појадок. Слободно време. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

 

Туристичка програма по желба: Екскурзија до Сан Кристобал де ла Лагуна и Санта Круз : Поаѓање од Пуерто де ла Круз кон Сан Кристобал де ла Лагуна - студентскиот центар на остров Тенерифе. Кратка пешачка прошетка во централниот дел на градот: Плоштадот "Аделантадо", Доминиканскиот манастир, зградата на општината, катедралата на Ла Лагуна. Заминување за главниот град на островот Тенерифе - Санта Круз де Тенерифе, најголем град и главен административен центар на ентитетот Канарски Острови. Кратка пешачка прошетка во централниот дел на градот: плоштадот "Шпанија", главната трговска улица. Слободно време за прошетка. Враќање во хотелот за ручек.

 

 

Попладне трансфер до плажата со златен песок Лас Тереситас. Слободно време - околу 2 часа. Важно: трансферот се однесува за ден 4 или ден 5 од дневната програма. Враќање во хотелот за вечера.

 

Друга опција која можете да ја изберете:

 

Walking tour во природен резерват Малпас де Гуимар со водич на англиски јазик: Лесна и пријатна прошетка сред убавата природа на крајбрежниот природен резерват Малпас де Гуимар. Резерватот се наоѓа на источното крајбрежје на остров Тенерифе. Прошетката започнува од пристаништето Ел Пуертито де Гуимар (на 54 км од Пуерто де ла Круз), продолжува околу 3 часа и завршува пак на истото место. За време на оваа близу 7 километарска тура ќе имате можност да уживате во специфичната флора на мноштвото ендемски растенија, зачувани во резерватот и да направите прекрасни фотографии меѓу вулканскиот пејзаж и живописните пештери.

 

* Не заборавајте да си подготвите удобни чевли, облека, ранец, мантил, капа за сонце, вода, храна и мобилен телефон со полна батерија и активиран роаминг!

 

* Walking tour-от се спроведува само во соодветни временски услови! Екскурзијата не е погодна за туристи со проблеми во движењето или со други здравствени проблеми!

 

 

Петти ден: Ла Оротава – Икод де лос Винос

 

Појадок. Слободно време. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

 

Туристичка програма по избор: Полудневна екскурзија – тура на северниот дел на островот (со услуга на бугарски јазик): Поаѓање од Порто де ла Круз за Ла Оротава - град познат по својата исклучителната архитектура. Пешачка тура во централниот дел на градот: црквата "Сан Аугостин", зградата на лицеја, зградата на општината, куќата со балконите, катедралата " Нуестра сењора Де ла Консепсион". Долината на Оротава е позната по своите импресивни пејсажи, крунисани со вулканот Теиде, тропска клима и прекрасни градини. Заминување кон јужниот дел на островот и крајбрежјето и карпестите формации Гигантите, распоредени по северозападниот брег на Тенерифе со највисока точка до 800 метри. Продолжуваме кон Икод де лос Винос - дом на најголемото и високо Драсаена драко( Змејово дрво) во светот. Кратка прошетка за фотографирање и по желба дегустација на ликер од банана и рум со мед локално производство.

 

 

Шести ден: Тенерифе

 

Појадок. Слободно време. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

 

Туристичка програма по желба: Прошетка со туристичко бродче "Шогун" и набљудување на делфини (со услуги на англиски јазик): Наутро трансфер до пристаништето Порто Колон кое се наоѓа во јужниот дел на островот. Околу 10:30 часот поаѓање со туристичко бродче "Шогун" - ќе имате можност да набљудувате делфини во нивната природна средина. Тенерифе е второ најпопуларно место во светот каде што може да се видат делфини и китови пилоти. Не ја пропуштајте оваа можност и уживајте во нивното шоу! За време на патувањето ќе може да уживате во сончевите зраци, да пливате во прекрасниот залив "Маска" со кристална вода и да ручате на бродот. Враќање на пристаништето во Порто Колон околу 15.30 ч. Трансфер до Пуерто де ла Круз со времетраење околу 1:30 ч.

 

Друга опција која можете да ја изберете:

 

Мини крстарење со катамаран "Royal Delfin" со проѕирно дно. Вклучува: ручек, разгледување на карпите "Лос Гигантес", можност за пливање и набљудување на делфини. Услуги на англиски јазик. Времетраење околу 4 и пол часа. Автобусот ги зема туристите од ресторан "McDonald's" во хотел "Catalonia Las Vegas" 4 * во 11:30 часот. Поаѓање за Плаја де лас Америкас. По патот автобусот запира на уште неколку места, за да се приклучат и други туристи. Пристигнување на пристаништето Порто Колон во Плаја де лас Америкас. Заминување со катамаран "Royal Delfin" во 14:00 часот. Крстарењето е со времетраење од околу четири и пол часа. За време на ова мини крстарење на располагање на туристите има бар, кој нуди бесплатно пиво, сангрија, безалкохолни пијалоци и вода. Ручекот, кој се нуди на катамаранот, обично вклучува ќофтиња со сос од домати, ориз, зелка салата, леб и банана за десерт. За време на крстарењето е предвидено време за пливање и разгледување на карпите "Лос Гигантес". По крајот на крстарењето следува трансфер до хотелот "Catalonia Las Vegas" 4 *.

 

 

Седми ден: Национален парк Тејде

 

Појадок. Слободно време. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

 

Туристичка програма по желба: Екскурзија до национален парк "Теиде" со времетраење 6 часа (со услуга на бугарски јазик): Ова е еден од најпосетуваните национални паркови во Шпанија и во светот , кој е познат по импресивните глетки. Од 2007 година се вбројува во Листата на светско - културно и природно наследство на УНЕСКО. Врвот Теиде е висок 3718 метри што е највисока точка во цела Шпанија. Поаѓање од Пуерто де ла Круз кон Агуамаса. Пауза кај карпестите формации "Маргарита де Пиедра". Од националиот парк "Теиде" се продолжува со автобус кон Белата планина до 2356 метри надморска висина, од каде што доколу дозволуваат временските услови туристите ќе имаат можност со лифт да се качат до горната станица на висина 3555 м. (доплата на лице место - 27 EUR по турист за карта за лифт ). Од таму се отвара панорама кон островите Ла Гомера, Јеро, Палма и Гран Канарија. За туристите кои не користат лифт до 3555 метри висина, организирана е панорамска тура со автобус на калдерата на Теиде во времетраење од 1:30 ч., при што се посетува вулканскиот комплекс "Los Roques de Garcia" и видиковецот во долината Уканка. Потоа, откако автобусот ќе ја собере групата од лифтот, турата продолжува покрај Исања каде се наоѓа Центарот за истражување и проучување на атмосферата. Турата продолжува кон видиковецот "Тортата", "Местото на Злото", "Фонтаната на Џоко" и "Ортуньо", потоа спуштање кон Есперанса. Непосредно пред Пуерто де ла Круз туристите ќе уживаат во најубавиот пејсаж во светот според германскиот географ Александар фон Хумболт од истоимениот видиковец со неповторлива глетка кон Теиде и Атлантскиот океан.

 

По желба: еднодневен билет за посета на тематскиот парк "Лоро Парк", кој се наоѓа во одморалиштето Пуерто де ла Круз што е на површина од 13,5 хектара и претставува најголемата атракција на Тенерифе и задолжителна станица за секој посетител на Канарски острови, вистинско рајско катче каде може да се забележат различни егзотични растителни и животински видови. Паркот кој првично е создаден како парк за папагали прераснува во најдобриот парк во Европа. Во него можете да следите различни претстави како шоу со фоки, делфини и китови. Во склоп на паркот е и најголемиот пингвинариум, кој обезбедува арктичка клима – во тек на еден ден врне 12 тони снег.

 

* Посетата на паркот е индивидуална. Пред хотел “Catalonia Las Vegas”4* застанува вовче со кое е обезбеден бесплатен превоз до влезот на “Лоро Парк” на секои 20 мин

 

 

Осми ден: Канделарија – Плажа Лас Америкас – Софија

 

Појадок. Слободно време или туристичка програма по желба: Полудневна екскурзија до јужниот дел на островот (на бугарски јазик): Поаѓане од Пуерто де ла Круз кон јужното крајбрежје на островот. Посета на градот Канделарија. Тука се наоѓа главниот храм на Канарските острови - кралската базилика "Богородица од Канделарија", каде што се наоѓа статуата на Богородица, позната како Црната мадона - светица заштитник на жителите на Канарските острови. На плоштадот со лице кон океанот можат да се видат статуите на Гуанчес (царевите) - првите жители на Канарските острови. Посета на Плаја де Лас Америкас, каде што ќе има слободно време за прошетка или плажа. Враќање во хотелот за ручек.

 

Трансфер до аеродромот. Заминување за Бугарија. Пристигнување на аеродромот во Софија.

 

 

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ:

 

- Рок за откажување на екскурзијата поради недоволен број на пријавени патници - минимум 30 дена пред почетниот датум.

- Деца до 2 години (неполни) - бесплатно на дополнителните екскурзии.

- Деца под 2 години плаќаат само такса за летот во износ од 82 евра.

- Услови за резервација: депозит - 35% од основната цена + цената на дополнителните екскурзии; целосна доплата - до 30 дена пред датумот на поаѓање.

- Услови за анулирање: до 31 дена пред почетниот датум: 35% од основната цена; от 30 дена до почетниот датум на патување - 100%.

 

Ред на летање:

Софија – Тенерифе 14:30 - 18:20

Тенерифе – Софија 19:10 - 02:10

 

* Можна е промена на часот на летот од страна на авиокомпанијата!

 

- Редоследот на спроведување екскурзиите се дефинира на лице место!

- Организаторот го задржува правото да ги менува правците и распоредот или да помести патувања за друг ден, кога климатските услови го налагаат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.

 

- Визно-пасошки режим:

Биометриски пасош со рок на важност подолг од планираниот престој во странство. За одредени држави е потребно патната исправа да има валидност најмалку 6 месеци подолга од почетниот период на патување.

 

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ:

- Екскурзија до национален парк "Теиде" со услуги на македонски/српски/бугарски јазик при минимум 24 туристи. Времетраење 6 часа

Лица над 12 години - 44 eur

Лица од 2 до 11 години - 22 eur

Лица од 0 до 1 година - бесплатно

 

- Полудневна екскурзија на северниот дел на островот (без Теиде) на македонски/српски/бугарски јазик при минимум 24 туристи

 Лица над 12 години - 30 eur

 Лица од 2 до 11 години - 15 eur

 Лица од 0 до 1 година - бесплатно

 

- Полудневна екскурзија на јужниот дел на островот со услуги на македонски/српски/бугарски јазик при минимум 24 туристи

 Лица над 12 години - 30 eur 

Лица од 2 до 11 години - 15 eur 

Лица од 0 до 1 година - бесплатно

 

- Полудневна екскурзија до Сан Кристобал де ла Лагуна , Санта Круз со услуги на македонски/српски/бугарски јазик при минимум 24 туристи

Лица над 12 години - 30 eur 

Лица од 2 до 11 години - 15 eur 

 Лица од 0 до 1 година - бесплатно

 

- Прошетка со туристичко бродче "Шогун" и набљудување на делфини (на англиски јазик). Со 30 туристи потврдуваме услуга на македонски/српски/бугарски јазик) - 55 евра по лице

 

- Целодневна екскурзија до Остров Ла Гомера - на англиски јазик (при 30 туристи потврдуваме услуги на македонски/српски/бугарски јазик) - 69 евра по лице

 

- 3 екскурзии на островот - национален парк "Теиде", екскурзија на северниот и на јужниот дел на островот (екскурзиите се реализираат со минимум 24 пријавени туристи) 3 екскурзии на островот - национален парк "Теиде"; екскурзија на северниот дел на островот; Сан Кристобал де Ла Лагуна , Санта Круз и Лас Тереситас (времетраење 5 часа) со услуги на македонски/српски/бугарски јазик со минимум 24 туристи

 

Лица над 12 години - 90 eur

Лица од 2 до 11 години - 45 eur 

Лица од 0 до 1 година - бесплатно

 

- 3 екскурзии на островот - национален парк "Теиде"; екскурзија на јужниот дел на островот ; Сан Кристобал де Ла Лагуна , Санта Круз и Лас Тереситас (времетраење 5 часа) со услуги на македонски/српски/бугарски јазик со минимум 24 туристи

 

Лица над 12 години - 90 eur

Лица од 2 до 11 години - 45 eur 

Лица од 0 до 1 година - бесплатно

 

- 3 патувања на островот - национален парк "Теиде", екскурзија на јужниот дел на островот и полудневна екскурзија до Санта Круз,Сан Кристобал де Ла Лагуна и Лас Тереситас (времетраење 5 часа) со услуги на македонски/српски/бугарски јазик при минимум 24 туристи

 

Лица над 12 години - 90 eur

 Лица од 2 до 11 години - 45 eur 

Лица од 0 до 1 година - бесплатно

 

- 4 екскурзии на островот - национален парк "Теиде"; Сан Кристобал де Ла Лагуна, Санта Круз и Лас Тереситас; екскурзија на северниот дел на островот; екскурзија на јужниот дел на островот (екскурзиите се реализираат со минимум 24 пријавени туристи)

 

Лица над 12 години - 115 eur 

Лица од 2 до 11 години - 60 eur  

Лица од 0 до 1 година - бесплатно

 

- Еднодневна карта за Лоро Парк

Лица над 12 години - 35 eur 

Лица од 7 до 11 години - 24 eur  

Лица од 0 до 6 години - бесплатно

 

- За лица над 69 г. автоматски се додава доплата за осигурителна премија - бесплатно

 

- Мини крстарење со катамаран "Royal Delfin" со проѕирно дно. Вклучува: ручек, разгледување на карпите "Лос Гигантес", можност за пливање и набљудување на делфини. Услуги на англиски јазик. Времетраење на крстарење: околу 4 часа и 30 мин. Неопходна е претходна резервација во агенција!

 

Лица над 12 години - 58 eur 

Лица од 4 до 11 години - 29 eur

 

- Walking tour во природен резерват Малпаис де Гуимар (околу 3 ч. пешачење; должина 6,8 км; денивелација 330 метри). Вклучува трансфер од хотелот до пристаниште Пуертито де Гуимар и обратно; професионален планинарски водич на англиски јазик; планинарско осигурување. Се спроведува при минимум 8 туристи (се потврдува САМО во соодветни временски услови и се однесува за туристи САМО во добра физичка состојба!)

60 евра по лице

 

- Фламенко шоу во ресторан "Abaco" со вклучен двонасочен трансфер и чаша "Сангрија" - при минимум 4 туристи. Времетраење на шоуто: околу 1 час и 30 мин. Неопходна е претходна резервација во агенција!

 32 евра по лице

 

- Специјална услуга: Ноќевање во хотел "Хемус" *** По пристигнување + трансфер аеродром - хотел (цена на турист при сместување во двокреветна соба)

15 евра по лице

 

- Специјална услуга: Ноќевање во хотел "Хемус" *** По пристигнување + трансфер аеродром - хотел (цена на турист при сместување во еднокреветна соба)

28 евра по лице

 

- Rent-a-car наем за 3 дена - категорија B - Renault Twingo / Fiat Panda со 3 врати и 4 места; земање и враќање од рецепцијата на хотелот (ве молиме запознајте се детално со условите на rent-a-car компанија "Oasis") - цена со вклучена такса и полно осигурување за 3 дена (услугата подлежи на дополнителна потврда)

99 евра за наем од 3 дена

 

- Rent-a-car наем за 5 дена - категорија B - Renault Twingo/ Fiat Panda со 3 врати и 4 места; земање и враќање од рецепцијата на хотелот ( Ве молиме запознајте се детално со условите на rent-a-car компанијата „Oasis“) - цена со вклучена такса и полно осигурување за 5 дена (услугата подлежи на дополнителна потврда)

165 евра за наем од 5 дена

 

- Rent-a-car наем за 7 дена - категорија B - Renault Twingo / Fiat Panda со 3 врати и 4 места; земање и враќање од рецепцијата на хотелот (ве молиме запознајте се детално со условите на rent-a-car компанија "Oasis") - цена со вклучена такса и полно осигурување за 7 дена (услугата подлежи на дополнителна потврда)

203 евра за наем од 7 дена

 

- Car наем за 3 дена - категорија D - Seat Ibiza / Citroen C3 / VW Polo со 5 врати и 5 места; земање и враќање од рецепцијата на хотелот (ве молиме запознајте се детално со условите на rent-a-car компанија "Oasis") - цена со вклучена такса и полно осигурување за 3 дена (услугата подлежи на дополнителна потврда)

123 евра за наем од 3 дена

 

- Rent-a-car изнајмување за 5 дена - категорија D - Seat Ibiza / Citroen C3 / VW Polo со 5 врати и 5 места; земање и враќање од рецепцијата на хотелот (ве молиме запознајте се детално со условите на rent-a-car компанија "Oasis") - цена со вклучена такса и полно осигурување за 5 дена (услугата подлежи на дополнителна потврда)

 205 евра за наем од 5 дена

 

- Rent-a-car наем за 7 дена - категорија D - Seat Ibiza / Citroen C3 / VW Polo со 5 врати и 5 места; земање и враќање од рецепцијата на хотелот (ве молиме запознајте се детално со условите на rent-a-car компанија "Oasis") - цена со вклучена такса и полно осигурување за 7 дена (услугата подлежи на дополнителна потврда)

259 евра за наем од 7 дена

 

- Еднодневен билет за Сиам Парк + БОНУС трансфер од хотелот (во 08:30) до Сиам парк и назад (во 17:30 ч.)

 

Лица над 12 години - 37 eur 

Лица од 3 до 11 години - 25 eur  

Лица од 0 до 2 години - бесплатно

 

- Комбиниран билет за посета на Лоро парк и Сиам парк + БОНУС трансфер од хотелот (во 08:30 ч.) до Сиам парк и назад (во 17:30 ч.)

 

Лица над 12 години - 63 eur 

Лица од 6 до 11 години - 43 eur  

Лица од 0 до 2 години - бесплатно

 

 

- Гарантиран транфер Скопје - аеродром Софија - Скопје

Цена по лице - 30 евра

Цена за лица од 0 до 5 години - 20 евра

 

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)