ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Неповторливо доживување на Tурската ривиера
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Неповторливо доживување на Tурската ривиера

 

Кушадаси -Памук Кале-Мармарис-Островот на Клеопатра-Островот на желките-Реката Даљан-Саримсакли-Островот Џунда-Ѓаволската трпеза-Ајвалик

 

 

(11.06.2021-20.06.2021)

 

 

Комплетна програма без никакви доплати !!!

 

 

Многу изненадувања ќе открие ова патување! Егејското и Средоземното Море ќе Ве милуваат со својата медитеранска клима... Ќе зачекорите на памучните карпи на Памук Кале... ќе уживате во раскошниот колорит низ улиците на Кушадаси... Приморскиот град Мармарис, некогашното заспано рибарско село ќе Ви посака добредојде на Медитеранскиот Брег... Ќе се восхитувате на неверојатната убавина на островот Седир каде илјадници години порано египетската кралица Клеопатра и римскиот војсководец Марко Антониј поминале среќни моменти од нивната љубов ... Ако имаме среќа ќе ги видиме огромните желки кои доаѓаат да ги положат своите јајца во реката Даљан, од таму ќе се упатиме кон калните бањи да го почувствуваме нивниоит благодет... Попатно ќе ги видиме ликијските кралски гробници издлабени високо во карпите... И на крај, ќе го испиеме кафето на островот Џунда и од Ѓаволската трпеза ќе уживаме во прекрасниот залез на сонцето!

 

 

Прв ден11.06.2021 (петок)- Кавадарци-Скопје-Едрене-Чанак Кале

 

15.00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 17.00 часот од Скопје кон Турција. Ноќно возење преку Република Бугарија со попатни застанувања и одмори. Во утринските часови пристигнување во Галиполе и преминување на Дарданелите со фериброд. Пристигнување во Азискиот дел на Турција, во Чанак Кале.

 

 

Втор ден12.06.2021 (сабота)- Чанак Кале-Кушадаси

 

Краток одмор од патувањето и панорамско разгледување на Чанак Кале со фото пауза пред макетата на коњот користен во текот на снимањето на филмот Троја. Продолжување на патувањето покрај планината Ида и Бергамо кон Кушадаси. Во попладневните часови пристигнување во Кушадаси. Сместување во хотел Dabaklar4**** во центарот на градот (http://www.dabaklarhotel.com/). Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

 

 

 

Трет ден13.06.2021 (недела)- Кушадаси-Пам-Памук Кале

 

 

Појадок. Заминување на групата кон Памук Кале со попатна посета на хотелскиот комплекс со термални извори „Пам“. Единствена можност за мачкање со лековита кал и користење на базените со термална вода. Ручек на богата шведска маса. По ова несекојдневно доживување, организирана посета на единствениот природен феномен во светот-Памук Кале, античкиот Хиераполис и изворот на Клеопатра. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Кушадаси. Вечера. Ноќевање.

 

 

Четврти ден:14.06.2021 (понеделник)- Кушадаси-Мармарис

 

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон преубавиот Мармарис, градот распослан на местото каде се спојуваат Егејското и Средоземното Море, едно од најпознатите турски летувалишта. По пристигнувањето следи панорамски разглед на градот, а потоа сместување на групата во „Hotel Costa Mare Suites 4**** (http://www.costamaresuites.com/). Слободно попладне за индивидуални активности и за уживање во хотелскиот комплекс кој се наоѓа во непосредна близина на морскиот брег. Вечера. Ноќевање.

 

 

Петти ден: 15.06.2021 (вторник)- Мармарис-Островот на Клеопатра

 

Појадок. Заминуваме на целодневна организирана посета на островот Седир, познат како островот на Клеопатра, рајско парче на земјата заштитено од Министерството за култура на Турција како национално богатство. Легендата вели дека сакајќи со уникатен венчален подарок да ја израдува Клеопатра откако се согласила да се омажи за него, римскиот војсководец Марко Антониј наредил на островот да бидат донесени 60 бродови песок од Египет. Овој уникатен песок постои само на две места во светот и има интересни карактеристики: песокот гори на оган, во минерална вода се зголемува и се движи доколку се набљудува под лупа. Слободно време за уживање во прекрасната морска вода во заливот во кој пред илјадници години се бањала египетската кралица Клеопатра. Организиран ручек на бродот. Во договореното време враќање назад во Мармарис. Вечера во хотелот. Ноќевање.

 

 

Шести ден: 16.06.2021 (среда)- Мармарис-Островот на желките-реката Даљан

 

Појадок. По појадокот заминување на групата на крстарење со брод до Островот на желките и реката Даљан. Бродот застанува на неколку места за пливање и фотографирање. Доколку не` послужи среќата, ќе ги видиме и големите желки кои се атракција за туристите и кои ги закопуваат јајцата во песокот на местото каде последниот дел од реката Даљан се влева во морето. Дел од ова необично крстарење е можноста да уживате во калните бањи кои, според потврдените податоци по квалитет се веднаш после калните бањи во Индонезија. Се верува дека калта е лековита и поволно делува кај луѓето кои имаат проблем со ревматизам, лумбаго и кожни болести. Посебно доживување на ова крстарење еглетката кон остатоците од античкото археолошко наоѓалиште Kaunos , како и ликијските кралски гробници од IV-II век пред нашата ера во хелинистички стил, издлабени високо во околните карпи. На бродот имаме организиран ручек. Во попладневните часови враќање во Мармарис и во хотелот, побогати со уште едно ново возбудливо доживување. Вечера. Ноќевање.

 

 

Седми ден: 17.06.2021 (четврток)- Мармарис-Саримсакли

 

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Саримсакли, приморски град на самиот брег на Егејското Море,. Она што е посебно карактеристично за ова туристичко место се исклучително добрите климатски услови - по препорака на Светската Здравствена Организација градот се наоѓа на првото место во Европа и второ во светот по лечење на дишните органи кај децата и возрасните. Со само 0,5 % влажност во воздухот, Саримсакли припаѓа на таканаречените воздушни бањи. Сместување во „Mushohotel“ 4**** (https://www.mushootel.com/) на самиот морски брег. Вечера. Ноќевање.

 

 

Осми ден: 18.06.2021 (петок)- Саримсакли-Островот Џунда-Ѓаволска трпеза

 

Појадок. Слободно претпладне за индивидуални прошетки и плажа. Во договореното време заминуваме на организирана посета на островот Џунда кој од 1963 година е поврзан со градот и е претворен во полуостров. Потоа се упатуваме кон пределот наречен Ѓаволска трпеза, од чиј врв се простира прекрасна панорама на целиот залив, градот, околните острови, шуми... Од тука ќе уживаме во прекрасниот залез на сонцето кој многумина го сметаат за најубав на светот. Во вечерните часови враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

 

Девети ден: 19.06.2021 (сабота)- Саримсакли-Ајвалик-Чанак Кале-Скопје-Кавадарци

 

Појадок. Слободно претпладне за плажа. Напладне се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Ајвалик, градот што го карактеризираат мали медитерански тесни улици со живописни ресторани и дуќани. Немојте да се изненадите доколку низ улиците слушнете како се зборува на грчки јазик; градот со години бил под влијание и на Грција и на Турција, за конечно во 1922 година да и` припадне на Турција. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување кон Македонија преку протокот Дарданели. Ноќно возење преку Република Бугарија со попатни застанувања и одмори. Пристигнувањево Македонија во пладневните часови во недела, на 20.јуни.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........399 евра (24.740 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Билети за траект на Чанак Кале

- Седум полупансиони (ноќевање, појадок и вечера-шведска маса) во хотели во Кушадаси, Мармарис и Саримсакли

- Целодневен излет до Памук Кале: автобуски превоз, користење на калните бањи и базените со термална - вода во хотел „Пам“, ручек на шведска маса, влезница во Памук Кале

- Целодневен излет со брод до островот на Клеопатра со вклучен ручек на бродот

- Крстарење со брод по реката Даљан со вклучен ручек на бродот

- Организирана посета на островот Џунда и Ѓаволската трпеза

- Посета на Ајвалик

- Лиценциран локален туристички водич за сите излети вклучени во програмата

- Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

 

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

 

- Доплата за еднокреветна соба - 120 евра

- Патничко осигурување

 

 

Услови за деца: До 4 години бесплатно. За деца од 4-12 години се плаќа 70 % од аранжманот

 

 

НАПОМЕНА:

 

Патувањето е транзит преку Република Бугарија

За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

Последен рок за пријавување: 01. Јуни 2021 година

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)