ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Велигден
KAtegorija
Најубавите градови и дворци во Чешка за Велигден
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

НАЈУБАВИТЕ ГРАДОВИ И ДВОРЦИ ВО ЧЕШКА

 

БРНО-ПРАГА- ДВОРЕЦ ХРАДЧАНИ-ДВОРЕЦ КАРЛШТЕЈН-ДВОРЕЦ ХЛУБОКА НАД ВЛТАВА-ЧЕШКА БУЃЕЈОВИЦА-ЧЕШКИ КРУМЛОВ-ДВОРЕЦ ЧЕШКИ КРУМЛОВ

 

(05.04.2018-09.04.2018)

 

Прв ден: 05.04.2018 година (четврток)

 

12.00 часот. Заминување на групата од Кавадарци и во 14.00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Чешка. Дневно и ноќно возење преку Србија и Унгарија со попатни застанувања и одмори.

 

 

Втор ден: 06.04.2018 година (петок)

 

Пристигнување во Брно во претпладневните часови-шармантен град, втор по големина во Чешка и центар на Моравската Покраина. По изгледот потсетува на средновековен град, а сите градби се преубаво вклопени во една раскошна шарена фреска на фасади, што само го засилува впечатокот дека сте влегле во град заглавен во времето. Прошетка низ улиците со калдрма и разгледување на најзначајните знаменитости со локален туристички водич: импозантната неоготска Катедрала Свети Петар и Павле, Зелениот Плоштад каде се наоѓаат Столбот на Светото Тројство и барокната Парнас фонтана па се до прочуената Масарукова улица...
Во попладневните часови го напуштаме родниот град на чешкиот книжевник Милан Кундера опиени од пријатната атмосфера најдобро отсликана во неговите љубовните романи. Заминуваме кон Прага, златниот град со илјада кули, величествен спој на природата и архитектурата, дестинација која до денес го задржала својот првобитен изглед. Сместување во хотел  „Olуmpik 1 Hotel“ 4* (www.olympik.cz). Одмор од патувањето. Во вечерните часови индивидуални прошетки низ Прага по улиците низ кои се испреплетуваат одлично сочувани градби од периодот на готиката, романтизмот и ренесансата. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

 

Трети ден: 07.04.2018 година (сабота)

 

Појадок. Потоа заминување на групата на организиран разглед на Прага со локален водич. Градот е поделен на неколку целини: Стар град, Нов град, Храдчани и Мала страна. Од 1992 година стариот дел на Прага е на листата на УНЕСКО како светско културно богатство. Обиколка на Катедралата Св.Вида, Базиликата Св.Ѓорѓи, Карловиот Мост, Плоштадот на Малтешките витези, Еврејската четврт со најстарата синагога во Европа, Тинската Црква, Стариот Плоштад со прочуениот астрономски часовник Орлој... Посета на Прашкиот дворец кој според Гинисовата книга на рекорди е најголем дворец на светот, поранешна резиденција на Чешките кралеви и на императорите на Светото Римско Царство, а денес официјално седиште на Претседателот на Република Чешка. Дворецот се наоѓа во делот на градот Храдчани на брегот на реката Влтава. Составен е од три меѓусебно поврзани двора низ кои чекореле владетелите од најстарите времиња до денес, тоа е тврдина на чешката нација во која се собрани сите спомени на овој народ... тука се старите калдрамисани улици, плоштади, палати, цркви и паркови меѓу кои се издвојуваат Кралските градини каде се наоѓа Кралската летна палата Белведере и распеаната фонтана која го добила името по звукот на водата која паѓала во базенот. Во дворецот живее Претседателот на Чешка, а интересен е податокот дека секогаш кога претседателот е отсутен од државата од капијата на кралската палата се симнуваат знамињата. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 08.04.2018 година (недела)

 

Појадок. Го напуштаме хотелот и престолнината на Чешка и заминуваме кон дворецот Карлштејн, официјално најпосетениот дворец во Чешка. Изграден е во средината на XIV век, во 1348-та година по налог на чешкиот крал Карло IV. Овој раскошен дворец кој често може да се види на чешките разгледници во почетокот бил изграден со намена да биде ризница за чување на богатството од Светото римско царство, за подоцна  богатството на чешкото кралство да биде сместено во Големата Кула- Капелата на Светиот крст. Во дворецот ќе ја видите круната на Св. Вацлав која била чувана тука повеќе од два века за време на Хуситските војни,  бројните декорации по ѕидовите кои датираат од самата изградба на замокот, како и 129 слики на дрвени плочки  со најголемата галерија портрети на познатите владетели на Чешка. Од ѕидините на дворецот се простира прекрасен поглед на околината и тогаш сфаќате дека оваа градба доминира со целиот крај. Потоа продолжуваме кон  Хлубока над Влтава, еден од најубавите чешки дворци кој е романтична копија на англискиот Windsor. Дворецот има 11 кули од кои највисоката има 60 метри,  изграден е во XIII век од страна на чешко-романскиот крал Otakara II  најпрво во готски стил, за подоцна во XIX век по реконструкцијата да добие романски изглед. По пристигнувањето разгледување на внатрешните простории на дворецот со приватните соби на принцезата Елеонора, богатата колекција мебел, таписерии, порцелан, оружје и ловечки трофеи кои припаѓале на фамилијата Schwarzberg. Потоа слободно време за  обиколка на градините во склоп на дворскиот комплекс со несекојдневна можност да уживате на една од најубавите тераси на дворецот. Во попладневните часови го продолжуваме патувањето кон Јужна Бохемиа и градот Чешка Буѓејовица. По пристигнувањето сместување во хотел „Clarion Congress“ 4* (www.clarioncongresshotelceskebudejovice.com). Одмор од патувањето, а во вечерните часови прошетка низ стариот градски центар кој претставува мешавина на готика, ренесанса, барок и архитектура од XIX век. Слободна вечер да се релаксирате во некоја од многубројните пивници во сопственост на Budweiser. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

 

Петти ден: 09.04.2018 година (понеделник)

 

Појадок. По појадокот заминување кон најубавиот и најромантичниот град во Јужна Чешка- Чешки Крумлов изграден во 13 век, а од 1992 е под заштита на УНЕСКО како единствен пример на најдобро сочувана урбана целина. Градот е сместен на брегот на реката Влтава и заедно со неа прави неверојатен пејзаж-над неа се издигнуваат ренесансни и барокни палати и куќи поврзани со улички чија атмосфера ве носи во далечното минато. Разгледување на градот со локален туристички водич- главниот плоштад со фонтаната која некогаш била единствениот извор на вода за пиење, црквата Св. Вита која доминира со градот, а потоа слободно време за прошетки во овој град со неверојатна убавина на чии улици бројни режисери ги снимале своите филмови. Чешки Крумлов е познат и по пиварата Eggenberg чија традиција е долга речиси колку и историјата на градот. Потоа организирана посета на дворецот Чешки Крумлов, изграден во непосредна близина на реката во форма на потковица. Дворецот е втор по големина во Чешка, а заради својата архитектура, културна традиција и големина спаѓа во водечките знаменитости на централна Европа. Уникатната готска градба се состои од 40 конструкции и палати со 5 посебни целини и градина. Неверојатниот ентериер во дворецот е своевиден времеплов кој ве води низ различни стилови од XIV до XIX век- ренесанса, барок и другите стилови се менуваат од просторија до просторија се до Eggenberg салата која ги остава сите посетители без здив. Тука ќе го видите и уникатниот бароктен театар со бина која се користи само три пати во текот на годината како и златната кочија. Од 1963 година дворецот е прогласен за Национален Споменик, а од 1992 година е под заштита на УНЕСКО. Слободно време за индивидуални прошетки. Во доцните попладневни часови заминување кон Македонија. Ноќно возење преку Унгарија и Србија со попатни паузи. Пристигнување во претпладневните  часови во вторник на 10.04.2018 година.

 

 

Промотивна цена за уплата до 28.02.2018........ 199 евра (12.330 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........209 евра (12.950 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30% аконтација до 28. февруари

и целосна доплата до 28.март

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  

-          Превоз со туристички автобус

-          Две ноќевања со појадок во хотел „Olуmpik 1 Hotel“4**** во Прага

-          Едно ноќевање со појадок во хотел „Clarion Congress“ 4**** во Чешка Буѓејовица

-          Разглед на Брно, Прага, Чешка Буѓејовица и Чешки Крумлов со локален туристички водич

-          Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

-          Влезници на дворците: Храдчани (Прашки Дворец), Карлштејн, Хлубока над Влтава и Чешки Крумлов - 50 евра (со вклучен локален туристички водич), за деца до 15 години 30 евра

-          Доплата за еднокреветна соба 75 евра

-          Услови за деца: од 2- 5 години во заеднички кревет со две возрасни лица плаќаат 50% од аранжманот, деца од 5-12 години (со двајца возрасни) на дополнителен кревет плаќаат 75 % од аранжманот

-          Патничко осигурување

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)