ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2017 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Корисни информации
KAtegorija
Постапка за издавање меѓународна возачка дозвола
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

(Обновено на 03.04.2016г.)


На возачот кому му е издадена возачка дозвола на Република Македонија за управување со моторно возило, по негово барање може да му се издаде и меѓународна возачка дозвола.

Меѓународната возачка дозвола  се издава со рок на важност од три години од денот на нејзиното издавање односно со рок на важност до денот на важење на возачката дозвола, доколку истекот на нејзината важност е помалку од три години.

 

Меѓународните возачки дозволи ги издава правно лице овластено од Министерството за внатрешни работи.

Меѓународна возачка дозвола не може да му се издаде на возач на кого му е изречена казна односно прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило, за периодот додека трае забраната. Исто така меѓународната возачка дозвола издадена во Република Македонија, не може да се користи за управување со моторни возила на територијата на Република Македонија.

 

- Потребни документи за издавање на меѓународна возачка дозвола:

  1. Барањето за издавање на меѓународна возачка дозвола;
  2. важечка лична карта;
  3. важечка возачка дозвола;
  4. две фотографии 45x35mm;
  5. потврда од Министертвото за внатрешни работи за прекшочнаа санкција забрана за управување со моторно возило и
  6. доказ за извршена уплата.

Покрај меѓународната возачка дозвола доколку патувате со моторно возило надвор од нашата граница исто така ви е потребно и зелена карта.

 

- Што е зелена карта и каде се издава ?

Зелената карта е проширување на територијалното покритие на осигурувањето од автоодговорност. Истата е задолжителна доколку планирате да патувате во странство со вашето моторно возило и ги покрива штетите што сo употрeба на моторното возило ќе бидат причинети на трети лица.

Зелена карта или Меѓународен сертификат за осигурување на моторни возила го гарантира осигурителното покритие кога патувате во земји членки на системот на зелена Карта во согласност со законодавството и минималните лимити на осигурително покритие во земјата на сообраќајната незгода.

Валидна зелената карта е онаа која има задолжителна форма и содржина и се издава со авторизација на Националното Биро за осигурување на Македонија врз основа на Препорака бр.5 од Европската комисија и U.N. Road Transportation Commission .

Зелената карта се издава врз основа и во период на валидност на полисата за задолжително осигурување од автоодговорност.

Доколку планирате да управувате со возило кое не гласи на Ваше име потребна Ви е и дозвола за управување на туѓо моторно возило

 

- Дали ми е потребно одобрение за управување на туѓо моторно возило?

Одобрението за управување на туѓо моторно возило  е меѓународен документ кој е неопходен за патување надвор од граництие на Македонија, доколку државјанинот на Република Македонија треба да патува со возило кое не гласи на негово име, односно, кога сопственикот на возилото не патува во возилото. Дозволата за управување на туѓо моторно возило  се издава само на државјани на Република Македонија, што значи дека доколку корисникот нема валиден македонски пасош, нему не може во ниеден случај и по ниеден услов да му биде издаден овој документ.

Одобрението за управување на туѓо моторно возило се издава со важност од една година од денот на издавањето. При тоа овој документ може да се издаде со важност помала од една година, доколку сопственикот на возилото изрази таква желба.

Потребни документи:

  1. Барање за издавање на одобрение за управување со туѓо моторно возило во странство;
  2.  Важечка лична карта на сопственикот на возилото;
  3.  Овластување од правното лице;
  4.  Важечка патна исправа на корисникот (лична карта/пасош број);
  5.  Регистарски таблици на возилото;
  6.  Марка и тип на возилото;
  7.  Сериски број на сообраќајната дозвола;
  8. Датум на издавање;
  9.  Период на важење и
  10.  Сериски број на одобрението.

Извор:
http://www.uslugi.gov.mk/Prasanja.aspx?UslugaID=7303ccc3-8fcd-4377-8bd6-429b3b672205

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)