ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Сопствен закуп - Лето 2017
KAtegorija
Неколку причини зошто да летувате на Атос !
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Можете ли да се сетите што друго може да ве опушти повеќе од делувањето на топлите сончеви зраци и шумот на морските бранови? Летувањето на море ни дава можност да заборавиме барем на неколку дена на секојдневните проблеми и целосно да се одмориме. Ако се согласувате дека летото е најдобрата прилика да бидеме со своите најмили и да им се радуваме на малите нешта кои го прават животот поубав, тогаш немојте да експриментирате ниту да дозволите некој да ви го уништи тоа задоволство. Ние Ви помагаме полесно да ја изберете Вашата летна дестинација која ги задоволува Вашите очекувања.

 

Несомнено, најбарната дестинација и ова лето е Грција. И повторно Грчкиот полуостров Халкидики со вкупно 500 километри крајбрежје кој ги има трите мали полуострови, распоредени како три испружени прсти-едниот се вика Касандра, по Касандрос,кралот на Македонија од древно време, вториот прст Ситонија е наречен по Ситон, синот на митолошкиот бог Посејдон, а третиот е Атос.

За лето 2017 ја имаме најатрактивната понуда токму на Атос-третиот и најисточниот крак на Халкидики... Зошто токму Атос? Како се стигнува до него? Колку е далеку?

 

Како да стигнете до Атос ?

Наједноставното објаснување е дека побрзо ќе стигнете на Атос отколку на Касандра или на Ситонија. Патот Ве води до обиколницата околу Солун, каде треба да бидете внимателни, бидејќи воопшто не се движите кон Касандра и Ситонија, туку на само 10 км од обиколката, веднаш скршнувате десно на патот кон Кавала. Автопатот е широк и има само една патарина (цената во еден правец за возила е 2,5 евра по автомобил). Првото скршнување од автопатот Ви е кон Ставрос, градот што се наоѓа на само 140 км од границата Евзони.

 

Ставрос е првото место каде имаме сместувачки капацитети за ова лето - Апартхотелот Alexander Inn преубав комплекс со базен,на само осумдесетина метри од плажата. Градот изобилува со маркети, ресторани, таверни, кафетерии, слаткарници, пекари, продавници за гардероба и сувенири. Во центарот на градот има луна парк и најразновидни забавни игри за деца, убаво уреден парк, локални автобуси кои сообраќаат до Неа Врасна и Аспровалта.Од заливот Стримоникос се упатувате кон третиот крак Атос, кон туристичките места Јерисос, Неа Рода и Уранополис кои се наоѓаат на оддалеченост од 40 до 60 километри.

 

Легендата за Халкидики:

Тешко е да се изберат зборови со кои би ги опишале сите бои на морето, небото и природата што ќе ги сретнете тука. Бистро море...медитеранска шума...приморски места идеални за уживање...мир со кој зрачи оваа „Света Земја“. Името го добило по еден од Гигантите кои во митолошко време ја населувале оваа област. Според легендата, Гигантите војувале со олимписките богови и во еден судир Посејдон, Богот на морето го фрлил на нив својот трозабец и така Халкидики се расцепил на три дела. Најголемиот дел од површината на Атос ја сочинува монашката држава Света Гора на која се наоѓаат 20 манастири,од кои по еден српски, бугарски и руски, а останатите се грчки. Тука пристапот на целиот женски род, вклучувајќи ги и животните е строго забранет, а мажите кои сакаат да стапнат на оваа територија мора да поседуваат посебна дозвола која секој ден ја добиваат по 120 Грци и 10 странци. И токму тоа го прави овој крак најатрактивен - да можете да летувате на само неколку чекори пред капијата на единствената монашка држава во целиот свет-Света Гора за која Владиката Николај Велимирович запишал: „Царство без круна. Држава без војска. Мудрост без школо. Кујна без месо. Богатство без пари. Земја без жени“.

На почетокот на Атос се наоѓа местото Каково или Мило Арсеница, имот на Српскиот Манастир Хиландар на Света Гора каде имаат пристап и жените. Манастирот има околу 2000 хектари шума и сопствена пилана, езеро со рибник, маслинки...Според прикажувањата, Хиландар го добил овој имот пред многу векови од еден турски бег кој не можел да има деца. Со помош на неколку зрна грозје од чудотворната лоза која веќе осум века расте и раѓа на гробот на Свети Симеон на Хиландар турскиот бег  добил наследник. Во знак на благодарност сакал својот син да го подари на манастирот, но кога монасите го одбиле,тој им го дарувал имотот кој имал преку 2000 хектари површина.

 

Уранополис - Небесниот Град

И без дозвола можете да го посетите третиот крак, но само до Уранополис, што во превод значи Небесен Град. Тука е капијата преку која се влегува во независната монашка држава, последното место на Халкидики кое наликува на рајот што можете овде да го добиете. Уранополис е тесна граница меѓу ноќниот живот и аскетската духовност...до скоро речиси целосно изолиран за масовен туризам, а сепак најатрактивно летувалиште заради небесно сината вода и волшебните плажи...Старата кула од византискиот период на брегот од морето е симболот на овој град. Одовде секојдневно испловуваат бродови до Дафни-главното пристаниште на Света Гора, како и до ненаселените острови Дрениа и Магарешкиот остров прочуени по прекрасните плажи.

Уранополис е преубав приморски град со недопрена природна убавина, златни песочни плажи, чисто море, неповторлива атмосфера. На само неколку километри пред градот е пристаништето Трипити, од каде со траект можете да пристигнете на Амоулиани - единствениот населен остров на Халкидики и тука неколку часа да уживате на преубавата песочна плажа Golden beach... Привилегија е да летувате во Уранополис, во местото во кое владее апсолутен мир, дестинација која досега беше позната само по хотелите кои се изградени надвор од градот. Во нашата понуда за лето 2017 ја имаме вилата Tanos што се наоѓа на самиот влез во овој небесен град, со студија и апартмани кои имаат преубав поглед на раскошната морска недогледност и на привлечните острови.

 

Убавините на Неа Рода

Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во исто време да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, аптека, па дури и кино на отворено...На спротивниот дел од Неа Рода се наоѓа мало пристаниште од каде секој ден од локалните риболовци можете да купите свежа риба и морски плодови по многу поволни цени. Целосно затскриениот залив е исто така популарен меѓу сурферите и љубителите на глисери. Во самиот центар на местото, распослана на самата плажа се наоѓа малата симпатична вила Mariana“ со апартмани кои се издвојуваат по феноменалниот поглед на раскошната морска бесконечност...тоа е се што Ви треба за уживање. На само стотина метри подолу се наоѓа вилата Anastasia“ каде располагаме со дуплекс апартмани.

На околу 100 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода се наоѓа хотелот од апартмански тип Lazaridisво кој располагаме со студија во сопствен закуп . Студијата имаат пространи тераси со поглед на море, а целиот хотелски објект е со прекрасно природно опкружување.

Доколку Вашиот избор за ова лето биде Неа Рода, задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Не помалку атрактивна е и плажата Voulitsa скриена во преубавиот залив.

 

Јерисос - едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која се простира до бесконечност па можете да шетате неколку километри пред да Ви исчезне песокот од под стапалата. На плажата која има Сино Знаме за чистота, мноштвото дрвја им прават природна ладовина на туристите, а жедта од сонцето можете да ја угасите во неколкуте барови кои се распослани во линија на морскиот брег. Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амоулиани. На околу 300 метри од топлата вода на западниот брег на Атос се наоѓа вилата Lena во која поседуваме пространи апартмани што можат да Ви го направат Вашиот летен одмор повеќе од релаксирачки.

 Атлантик Турс Ви посакува најубаво Лето 2017. Не заборавете пред да тргнете на летување да земете боенки од нашите агенции и да добиете попуст за некое следно патување. Имајте убав одмор!

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)