• стока за лична употреба во текот на престојот (личен багаж)
• преработки од тутун:
- 200 цигари, или
- 100 цигарилоси (цигари со максимална тежина од 3 гр.по парче), или
- 50 пури, или
- 250 грама тутун за пушење, или
- сразмерна количина на различни преработки на тутун
• алкохол и алкохолни пијалоци:
- дестилирани и жестоки алкохолни пијалоци со процент на алкохол над 22%: 1 литар или
- дестилирани и алкохолни пијалоци и ап еритиви со винска или алкохолна основа со процент на алкохол што не надминува 22%: 2 литри и
- вино: 2 литри и
• парфеми: 50 мл
• тоалетна вода: 250 мл.
*** Ослободувањата за преработки од тутун и алкохол и алкохолни пијалоци не важат за патници помлади од 18 години.
Домашните патници се ослободени од увозни давачки за увоз на стока од некомерцијална природа со вредност до 350 евра. Во овие 350 евра ослободување не влегуваат алкохолни пијалоци, преработка од тутун, парфеми и тоалетна вода.
Резидентите можат во Република Македонија да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност од 10.000 евра и повеќе, само доколку при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови што го внесуваат.
Резидентите можат при преминот на државната граница кај надлежните царински органи да пријават и ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во износ помал од износот од став (2).
- РЕЗИДЕНТИ
ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ
ОД ЖИВОТИНСКО И РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО
За внесување/изнесување на живи животни, домашни миленичиња и производи од животинско и растително потекло, потребни се законски пропишани дозволи/ одобренија.
За секој домашен миленик кој се пренесува преку граничен премин на Република Македонија, сопственикот или одговорното лице, треба да поседува соодветна документација за идентификација, односно
Внесување на лекови без горенаведената дозвола е законски дозволено само доколку лековите се наменети за лична употреба. Доколку лековите се наменети за лична употреба не е потребна горенаведената дозвола. Во тој случај, патникот треба да поседува:
• потпис на лекарот што е доказ дека лековите кои патникот ги носи со себе се за негова лична употреба.
За лекови кои во себе содржат опојни дроги или психотропни субстанции, потребно е патникот да поседува потврда издадена од Биро за лекови при Министерство за здравство.
Во случај на непочитување на законските одредби со кои е регулирано внесувањето на лекови, медицински помагала и психотропни супстанци во државата, предвидени се соодветни казни.
За оружје не се смета:
• Декоративно оружје
• Имитација на оружје
• Старинско оружје
• Оружје што е трајно онеспособено за употреба
• Реплика на старинско оружје
• Оружје за индустриски цели и
• Харпуни за подводен риболов
Во случај на непочитување на законските одредби предвидени се соодветни прекршочни мерки.
ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
Фалсификатите и пиратските стоки се опасни по здравјето и безбедноста на луѓето, а во исто време тие доведуваат до намалување на буџетот и зголемување на сивата
економија. Препознатливи се по ниската вредност, слабиот квалитет, лошиот изглед на пакувањето, технички грешки во текстот на етикетите и ознаките.
За фалсификат се смета и знак, лого, букви, бројки, слики, налепници, брошури, упатство за употреба или гарантен документ, дури и ако се внесувааат или изнесуваат одделно или заедно со стоката. Пиратска стока е онаа стока која е направена или која содржи примероци без согласност на носителот на авторското право или сродното право.
Царинската управа, фалсфикатите и пиратските стоки привремено ги одзема и по потврдување на оригиналноста ги уништува.
Исклучок од ова е стока која е дел од личен багаж на патници, предмети од некомерцијална природа со мала вредност кои повремено се примаат од странство, а кои се ослободени од плаќање на царински давачки. Прекршителите со закон се
санкционираат.
За достигнувањата во борбата против фалсификувањето и пиратеријата, во конкуренција на 174 администрации членки на СЦО, Царинската управа на Република Македонија, во 2009 година ја доби престижната награда на Светската царинска организација Yolanda Benitez WCO Trophy 2009 Combating Counterfeiting and Piracy.
Нелегално увезени животни и растенија најчесто се заразени со опасни болести и паразити.
Заштитени видови животни и производи добиени од нив се:
• Кафеава мечка, сив сокол, пеперуга Hipparchia semele-критично загрозена, волци,
змии, гуштери и тропски животни,
• Корали и школки,
• Егзотични растенија(орхидеи, кактуси) итн,
• Сите видови предмети кои произлегуваат од загрозени растителни и животински
видови, како:
› Музички инструменти
› Артефакти од корали и слонова коска
› Облека, обувки и модни додатоци итн.
Царинските службеници, полициските службеници или инспекторите ќе ги одземаат
нелегалните пратки, а прекршителот, покрај плаќање на парични казни, ќе ги покрие и сите останати трошоци за привремената грижа или складирање на такви пратки.
Бидете внимателен купувач и зачувајте ја природата и видовите!
потребни уверенија за извоз или привремено изнесување од територијата на Република Македонија се:
•археолошки предмети (ископани од земја или извадени од вода кои потекнуваат од определен период),
•етнолошки предмети (предмети кои сведочат за начинот на живеење, традицијата, обичаите и сл.),
•историски предмети (кои потекнуваат од определени историски настани или ги користеле историски личности, како и стари монети -пари),
•уметнички предмети (слики, цртежи, скулптури, бакрорези, гравури и други уметнички композиции),
•технички предмети (машини, алати, инструменти, опрема и сл. кои потекнуваат од одредена етапа на технички прогрес),
•архивска граѓа (одбран, изворен и репродуциран документарен материјал од трајна вредност),
•библиотечни добра (стари ракописи настанати до крајот на XIX век, стари и ретки книги и други публикации),
•кинотечни добра (снимени кинематографски дела, филмови-цртани, документарни, научно-популарни и др.),
•аудиовизуелни (изворни материјали и тонска копија на игран или анимиран филм, сценарија, фотографии, слајдови, постери и сл) и
•фонотечни добра (изворен материјал на снимени звуци односно оригинални музички и друг вид на звучни записи).
Културно наследство од особено значење (како заштитените музејски збирки) не смее да се извезе.
Културно наследство што не е под општа забрана за извоз, како и добро што претставува национално богатство, може да се извезува само со дозвола на
Управата за заштита на културно наследство.
• репродукции
• копии на музејски експонати (антиквитети и други музејски предмети), пропратени со соодветен сертификат, со кој се потврдува копијата, потеклото на оригиналниот предмет и институцијата која што го издала.
Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА
-
Како да бидете во тек со сите наши објави на социјалната мрежа FacebookFacebook инструкции
-
Што е здравствено патничко осигурување?Дали и во кои држави е задолжително?
-
Во кои земји можете да патувате без виза?Oсновни правила за безвизно патување во Европската Унија .....
-
Издавање одобренија за патување во странство на малолетни лицаОдобрението важи за лица до 14 годишна возраст ...
-
Се што треба да знаете за туристичката такса за сместување во ГрцијаИнформации во врска со туристичката такса во Грција
-
Законски ограничувања при патување во ГрцијаЦарински ограничувања, закони, забрана за пушење, регистрација и престој ....
-
Бугарските вињетки отсега ќе можете да ги купите и преку интернет !Новиот систем ни овозможува да си купиме вињетка преку интернет за да не застануваме на граница...
-
Постапка за издавање меѓународна возачка дозвола - промени !Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на секој возач кој поседува возачка дозвола, на н
-
Законски ограничувања при патување во Црна ГораЦарински ограничувања, закони, регистрација и престој ....
-
Законски ограничувања при патување во ТурцијаЦарински ограничувања, закони, закон за пушење....
-
Општи услови за патување при резервација на хотели преку ТА Атлантик ТурсПрепорачливо е да ги прочитате оштите услови доколку сакате да резервирате хотел преку нашиот систем (online ил