ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
ТА Атлантик Турс
Известување за патниците кои имаат резервирано и уплатено аранжмани за претстојниот период
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

 

 Ве информираме дека од понеделник, 04. Мај Атлантик Турс започнува со работа со скратено работно време од 09.00-17.00 часот, а од среда, 06. Мај ги отвара канцелариите во Кавадарци и во Скопје за своите клиенти. Имајќи ги предвид препораките од надлежните институции, Ве замолуваме да почекате ние да Ве контактираме, со цел на најбезбеден начин да ја оствариме комуникацијата со Вас и согласно законските уредби да постапиме по сите направени резервации за годинашната летна сезона.

 

Ве замолуваме да ги почитувате мерките за задолжително носење заштитни маски и одржување на дистанца.

 

Почитувани патници,

 

Имајќи ја предвид моменталната состојба на прогласена пандемија на светско ниво од страна на Светската здравствена организација, а поради прогресивното ширење на коронавирусот (COVID – 19), Ве информираме дека сите туристички аранжмани за престојните пролетни патувања, како и сите летни аранжмани за целата сезона – лето 2020 година, за сите дестинации надвор од РСМ, заклучно со 2020 година, се целосно откажани за реализација од страна на туристичките агенции. 


Информациите дадени во ова соопштение се однесуваат и на сите останати патници, кои имаа уплатени туристички аранжмани за осмомартовските патувања кои беа предвидени за реализација пред прогласување на вонредната состојба, како и за сите веќе откажани патувања во време на траење на вонредната состојба (од 16. март 2020 година).


Владата на РС Македонија на ден 24.03.2020 година донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за туристичката дејност за време на траење на вонредната состојба (Службен весник на РСМ, бр. 80 од 27.03.2020 година). Уредбата упатува на издавање на ваучери од страна на туристичките агенции за патниците, во случај на откажување на аранжманите од страна на туристичките агенции.


За таа цел, врз основа на примена на одредбите од Уредбата и врз основа на мислењето дадено од страна на Министерството за економија – сектор за туризам и угостителство, во продолжение Ви ги презентираме условите и начинот за подигање и користење на ваучерите.

 

- Сите туристички агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на вонредната состојба се должни да издадат нов ваучер на корисникот на ваучерот (патникот) за туристичкиот аранжман.


- Ваучерите ќе се издаваат во три примероци, со рок на важење најдоцна до 31.12.2021 година (еден примерок од Ваучерот ќе се достави и до Министерството за економија заради евиденција)

 

- Начинот на издавање на Ваучерите ќе се реализира во согласност со двете страни, односно туристичката агенција (носител на аранжманот) и корисникот на ваучерот (патникот) ќе се договорат за: дестинацијата, терминот на поаѓање, времетраење на аранжманот.

 

- Издадениот ваучер, патникот ќе има можност да го искористи за аранжмани достапни во понудата на туристичката агенција (носител на аранжманот) .

 

- Вредноста на ваучерот ќе биде во висина на уплатениот износ на аранжманот кој е откажан поради вонредната состојба.

 

- Ваучерите кои ќе бидат издадени од страна на туристичките агенции, патниците ќе можат да ги подигнат лично во туристичките агенции каде имале извршено уплата/резервација на аранжманот (од моментот на започнување со редовна работа на канцелариите) или по барање на патникот истиот ваучер може да им биде испратен по електронски пат односно по е-маил.

 

- Ваучерите кои ќе бидат издадени и гласат на име на патникот кој извршил уплата/резервација, можат да бидат преносливи, односно Ваучерот може да се искористи и од страна на друг патник по договор меѓу патникот и туристичката агенција.

 

Здравјето е заедничка одговорност, па затоа ги следиме  препораките на Светската здравствена организација и Владата на нашата држава.

 

TA Атлантик Турс
Кавадарци, 16.04.2020

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)