ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2019 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
14. Февруари
КОПАОНИК - ПРАЗНИК НА ВИНОТО И ЉУБОВТА
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

КОПАОНИК

ПРАЗНИК НА ВИНОТО И ЉУБОВТА

 

(14.02.2019 – 17.02.2019)

 

 *** СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА ***

 

Прегрнете го оној кој го љубите... Отворете шише добро вино... Црно Тиквешко... И сакајте се!

 

 

Прв ден:14.02.2019 (четврток)

 

03:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 05:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце. Пристигнување во Брзеќе, планинско место на источната страна на планината Копаоник во претпладневните часови. Сместување во апартхотел „Копаоник“, распослан на 1100 метри надморска висина која, според стручњаците е идеална за закрепнување и за одмор. Во секоја соба ќе Ве пречека  шише Тиквешко вино-подарок од агенцијата организатор на патувањето. Краток одмор. Потоа организирано заминување со автобус кон скијачкиот центар Копаоник, оддалечен 12 километри од Брзеќе. Слободно време за уживање во овој најголем ски центар во Европа каде скијачката сезона е во најголемиот ек. На љубителите на белите спортови им се достапни околу 62 км стази за алпско и нордиско скијање, меѓусебно поврзани и прилагодени за сите групи скијачи-и за почетници и за искусни скијачи. Слободно време за индивидуални активности. Она што никако нема да го прескокнете на Копаоник се малите угостителски објекти-кафеани каде можете да се одморите и стоплите. Изградени од дрво во автентична планинска атмосфера, со неизбежната топлина од камините и со традиционална српска кујна и пијалоци...тие само ја надополнуваат снежната убавина со греаното вино и ракија, топлото чоколадо, кафе и чај, специјалитети од скара со српски кајмак... Во попладневните часови враќање во хотелот. Слободно време за одмор. Вечерта свечена празнична вечера со музика во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

 

 

Втор ден: 15.02.2019 (петок)

 

Денот кога се празнува големиот Христијански празник Сретение на Господ Исус Хрисос, четириесетиот ден од раѓањето на Исус Христос кога Богородица отишла во црквата да го принесе како жртва. Таму го сретнала старецот Симеон кој во малиот Исус го препознал спасителот...Меѓу народот се верува дека ова е ден кога се пресретнуваат зимата и пролетта. Во Србија на овој ден се празнува и Денот на државноста.

Појадок. Во договореното време организирано заминување со автобус кон скијачкиот центар Копаоник. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

 

Трет ден: 16.02.2019 (сабота)

 

Појадок. Во договореното време организирано заминување со автобус кон скијачкиот центар Копаоник. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 17.02.2019 (недела)

 

Појадок.  Одјавување од хотелот и заминување кон скијачкиот центар Копаоник. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ......... 119 евра (7.380 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Три ноќевања со појадок и две вечери во апартхотелот „Копаоник“ во Брзеќе (појадок на шведска маса, вечера на класично послужување)

- Една свечена вечера со еден вклучен пијалок и со музика (на 14.02.2019)

- По едно шише тиквешко вино во секоја соба-подарок од агенцијата организатор на патувањето

- Организиран трансфер од Брзеќе до ски центарот Копаоник (четири дена)

- Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

- Туристичка такса – 1 евро по лице на ден

- Доплата за еднокреветна соба – 10 евра на ден

- Патничко осигурување

 

 

Услови за деца: До 3 години бесплатно (во заеднички кревет со две возрасни лица),  од 3-10 години (при сместување  со две возрасни лица)  плаќаат 50 % од аранжманот и  0,5 евра од ден туристичка такса. Во случај на сопствен превоз цената се намалува за 10 евра.

 

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници. Пријавување до 25. јануари 2019

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)