ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
2. Август
KAtegorija
Илинденски празници во Врњачка Бања
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

ИЛИНДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ ВО ВРЊАЧКА БАЊА

"Love Fest" - Фестивал на љубовта

 

 (01.08.2018 – 05.08.2018)

 

 

Прв ден01.08.2018 (среда)

22:30 часот заминување на групата од Кавадарци и во 00:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

 

Втор ден: 02.08.2018 (четврток)

Пристигнување во Врњачка Бања во утринските часови. Сместување во хотел „Zepter“ 3*** (www.zepterhotelvbanja.com).  Краток одмор од патувањето. Потоа организиран разглед на градот со локален туристички водич. Слободно време за користење на содржините во хотелот: затворен базен со топла термална вода, џакузи, сауна... Ноќевање.

 

Трет ден: 03.08.2018 (петок)

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности. Најголемиот настан во Врњачка Бања-Фестивалот на љубовта и музиката Love Fest официјално започнува вечерта во 19 часот. Фестивалот кој има 12 годишна традиција секоја година го следат околу 100.000 посетители, главно млади луѓе од целиот свет кои уживаат во добрата музика и одличните изведувачи. Врњачка Бања за време на одржувањето на фестивалот е центарот на светската музичка сцена... дури и да не сте љубители на електронската музика ќе имате несекојдневна можност да бидете дел од таа еуфорија која ја споделуваат младите. Врњачка Бања деновиве живее за овој настан. Ноќевање.

 

Четврти  ден04.08.2018 (сабота)

Појадок. Организирано заминување со локален туристички водич (факултативно) кон  Жича, средновековен женски манастир кој од 1797 година се наоѓа под заштита на Република Србија како Споменик на културата. Во овој манастир е крунисан Стефан Немањич, роден брат на Свети Сава, познат како Стефан Првовенчани. Во попладневните часови враќање во Врњачка Бања. Ноќевање.

 

Петти ден05.08.2018 (недела)

Појадок. Околу пладне заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........129 евра (7.990 денари)

  (плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Три ноќевања со појадок во хотел „Zepter“ 3*** во Врњачка Бања

- Разглед на Врњачка Бања со локален туристички водич

- Организација на патувањето и туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

 

- Посета на Манастирот Жича со локален туристички водич – 5 евра

- Туристичка такса: 1.20 евра по лице на ден

- Доплата за вечера – 5 евра

- Патничко осигурување

 

Услови за деца: До 3 години бесплатно сместување (во заеднички кревет со две возрасни лица и без седиште во автобус), деца од 3-11,99 години плаќаат 70 % од аранжманот  (користат сопствен кревет и седиште во автобус). Во случај на сопствен превоз цената се намалува за 10 евра

 

НАПОМЕНА: За реализација напатувањето потребни се минимум 40 патници

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)