На местото на некогашниот стар хотел Zvezda, на централниот дел од шеталиштето Променада на површина од 11.445 m2 се наоѓа хотелот Zvezda, еден од најголемите и најимпозантните хотели во Врњачка Бања. Хотелот е единствен спој на стариот и новиот дел. Стариот дел, од 1920 година е директно изграден на главното шеталиште. покрај реката, а неговата надворешна архитектура е со закон заштитена како историски споменик од културата. Новиот, поголемиот дел од хотелот излегува на улицата паралелна на шеталиштето, што му овозможува на хотелот да има пристап од сите страни.
Хотелот располага со 96 Lux соби, 18 Deluxe соби и 4 Deluxe апартмани. Има два ресторана (Zepter SmartLife ресторани Kristalnu dvoranu),Zepresso Aperitiv bar, летна тераса со поглед на променадата, кардио-интернитестичка и забна ординација, Zepter Garden Block, отворен простор во кој гостите можат да уживаат во разновидниот асортиман на храна и пијалоци.
Од спортските содржини, најатрактивен е затворениот базен (целосно реновиран) со термална минерална вода, а гостите имаат на располагање и џакузи. Хотелот има сопствена градина со аперитив бар отворена во летниот период како и потполно нова и модерно опремена теретана и сауна.
Zepter Hotel е познат по конгресните капацитети до 1400 места со можност за работа по секции во пет помали сали.
ЈАНУАРСКА АКЦИЈА
Цената е по лице од ден и вклучува:
- Ноќевањe со појадок
- Користење на внатрешен базен и џакузи
Цената не вклучува:
- Туристичка такса – 1,15 евра по лице од ден
- Превоз и патничко осигурување
Услови за сместување:
- Доплата за пансионска вечера- 8,5 евра, за деца 6 евра
- Еднокреветна соба – 40% од цената за сместување во двокреветна соба
Плаќање исклучиво во денарска противвредност по курс 1€= 62 денари

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА