ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Врњачка Бања
Hotel Solaris 4* - Vrnjacka Banja
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

 

Хотел Solaris е единствен wellness  и spa resort во регионот на Врњачка Бања кој се простира на површина од 1 хектар и има 4 ѕвезди. Во изминатите години го зазема водечкото место во хотелиерството, во wellness  и spa, како и во спортскиот, конгресниот и индивидуалниот туризам. Хотелот има 91 конфорна сместувачка единица, апартмани со големина од 45 метри квадратни, на располагање на гостите им се penthouse апартмани, lobby bar, два ресторани, два отворени базени ( од кои еден bio-design а другиот со тропски бар во водата) и затворен базен со солена вода. Комплексот има 100 наткривени паркинг места, wellness центар кој се простира на површина од 1000 m2, конгресна сала до 200 места за седење која е опремена со најсовремена опрема (по потреба може да се подели на две целини) и игротека со два стручни аниматори кои ќе им го направат на децата престојот во хотелот назаборавен. Solaris Resort е сместен во мирниот дел на бањата, во непосредна близина на шеталиштето. Паролата на хотелот е: „Доаѓате како гостин, заминувате како пријател на хотелот“.

 

 Solaris нуди луксузни апартмани и фамилијарни соби со елегантен ентериер, ресторан „Biber“, аперитив бар, wellness центар, сала за семинари, сопствен паркинг простор и детска игротека „Ѕвончиња“.

 

Следејќи ги современите текови, Solaris креирал разновидни содржини во состав на relax & wellness зоната. Во најголемиот wellness центар Ве очекува единствената студена соба, финска и руска сауна, солена соба, џакузи, топли клупи, турско купатило, издробен мраз, арома тушеви и тропски дожд.

 

Најсовремената конференциска сала е со капацитет од 200 места, се простира на површина од 200 m2  и е идеален простор за организација на различни видови семинари, конференции и работни состаноци. Просторот е опремен со најмодерна технологија, климатизација, озвучување, wi-fi конекција, лап топ, четири проектори, 4 платна, flip-chart табли.

 

По потреба, салата може да се подели  во две независни целини кои можат да се прилагодат за потребите на сите видови настани. Конференциската сала се наоѓа во непосредна близина на рецепцијата и е поврзана со lobby барот. За време на организацијата на конференциите, семинарите и работните состаноци, постои можност за организирање коктели за добредојде, кафе паузи и организација на работни или свечени ручеци и вечери.

 

 

НапоменаЦените се по лице од ден 

 

 

Секојдневно неограничено користење на wellness центарот (затворен базен со солена вода, финска и руска сауна, парно купатило, солена соба, студена соба, џакузи, топли клупи, издробен мраз)-еден влез дневно

Трочасовно користење на игротеката за деца

Во летната сезона неограничено користење на отворените базени. Базенот е со тропски бар и "biodesign" базен

- Обезбеден паркинг простор

- Обезбеден Wi-Fi интернет

- Дневен одмор во апартманот (во траење од 3 часа)-45 евра (без користење на wellness центарот)

- Доплата за пансионски појадок – 5 евра/ за дете доплата 3 евра

- Доплата за пансионски ручек/вечера-9 евра/за дете доплата 4 евра

 

 

Општи напомени:

 

- Сместување од 14 часот, одјава до 11 часот

- Можност за доцна одјава (на барање)

- Појадокот, ручекот и вечерата се служат во изложбениот дел

- Туристичка такса – 1 евро по лице на ден

- Осигурување – 0,10 евра по лице на ден

- Доплата за престој на домашно милениче – 39 евра, независно од должината на престојот

- Во периодот на целосна пополнетост на комплексот, wellness центарот го задржува правото за одредување на термини, со цел поконфорно користење на содржините

 

 

Услови за престој на деца:

 

- Деца до 7 години бесплатно сместување

- Од 7-12 години доплата: ноќевање со појадок – 16 евра, полупансион -18 евра

- Деца до 7 години не плаќаат туристичка такса

- Од 7-12 години плаќаат туристичка такса 0,50 евра од ден

- Осигурување 0,10 евра по ден

- Деца до 12 години ја користат солената соба и затворениот базен со солена соба во придружба на возрасни лица во детскиот wellness во терминот од 10-18 часот.

 

 

Напомена: Цените се по соба од ден 

 

Solaris Resorts го задржува правото да ги отстрани лицата со сомнително/неприфатливо однесување во просториите на комплексот. Сите направени штети за време на престојот во комплексот гостите ќе мора да ги надоместат.

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)