ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Кефалонија
KAtegorija
Hotel Lorenzo 3* | Kefalonia - Leto 2018
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 


Hotel Lorenzo се наоѓа во самиот ценатр на Ласси, на 50 метри од главната улица во која се наоѓаат изобилство таверни, кафетерии и продавници за сувенири. Од најблиската плажа е оддалечен 250 метри, додека од најпознатата плажа  Makris Gialos околу 500 метри.  Hotel Lorenzo е комплекс што се состои од главна зграда и бунгалови кои се наоѓаат веднаш покрај главната зграда. Во понудата имаме двокреветни студија со помошен кревет на кој може да спие едно дете до 12 години. Студијата се наоѓаат во приземјето на бунгаловите.  Сите се опремени со кујна  наменета за подготовка на полесни оброци (фрижидер, мини електричен шпорет, садови за јадење), купатило, TV, клима чие користење е вклучено во цената, сеф кој се користи без доплата и влезна тераса со гарнитура за седење. Студијата се опремени со крпи и постелнина кои се менуваат на 5 дена, а чистењето е секојдневно. Туристите имаат можност да доплатат појадок на лице место (цената е 8 евра од ден за возрасни и 4 евра за деца до 10 години ). Целиот комплекс е опкружен со зеленило, простран двор од каде има  неверојатен поглед на морето. Во состав на хотелскиот комплекс има базен со лежалки и чадори.Обезбеден е паркинг, рампа за лица со инвалидитет, рецепција која работи 24 часа,  Wi-Fi  околу базенот и на рецепција (со слаб сигнал), лоби бар со  TV сала, бар и ресторан. Гостите имаат на располагање билијард, пинг понг, како и игротека  за најмладите. Доколку сакате својот одмор да го поминете во природа, во непосредна близина на најубавите плажи, во мирно, семејно и пријателско опкружување, тогаш Hotel Lorenzo  е вистинскиот избор.

  

Локација на објектот

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)