ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2018 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Амулијани
KAtegorija
Hotel Ismini - Amulijani
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

Амулиjани е прекрасен мал остров на Егејско море, и е единствен населен во северниот дел на Грција. 
Со големина од 4,5км2 изобилува со прекрасни плажи: Аликес, Агиос Георгиос, Мегалиамос, Карагација и многу мали заливи за оние кои сакаат да уживаат во интимата.
Лоциран е во заливот на планината Атос и доминира зелената боја, со маслинови полиња...
Мирно место, го препорачуваме за семејства и парови кои сакаат вистински одмор. Местото е полно со таверни, бутици, кафе барови и продавници.
Всушност, отпатувајте заедно со нас и вратете се со свои впечатоци од ова мало, извонредно место, се надеваме дека ќе уживате во неговите убавини.

Хотелот Исмини е лоциран на 300 метри од пристаништето во Амулијани, во мирниот дел од селцето. Располага со двокреветни соби и двокреветни со дополнително (нестандардно) легло, опремени со тоалет, ТВ , клима уред, интернет и балкон. Појадокот е шведска маса. 

 

 

 

Напомени и услови:

 

- Цените во табелите се објавени во денари и во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари.

 

- За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

 

- Вонсезонските цени се изразени по лице за пакет аранжман од 7,9,10 или 12 ноќевања со појадок  и автобуски превоз и вклучен траект (Трипити – Амулијани – Трипити) .За аранжман со сопствен превоз (кај вонсезонските цени) се одбива по 620мкд (10евра) од цената за првото и второто лице, третото  легло се наплаќа во целост. 

 

- Сезонските цени се изразени по лице за  9 ноќевања со појадок.

 

Цените означени со ѕвезда (*) се промотивни и не подлежат на попусти за ран букинг, превозот не се одбива од истите.

 

- Појадокот е шведска маса.

 

- Дете до 3 години во двокреветна соба со двајца возрасни БЕСПЛАТНО (добива легло)

 

Дете од 3 до 12 години во двокреветна соба со двајца возрасни плаќа 3.100 мкд (50 евра)

 

- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

 

- Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, автобуски превоз на релација Скопје – Трипити (пристаниште) Скопје, карта за траект Трипити – Амулијани – Трипити и трансфер до куќите.

   

- За возрасни 2.790 мкд. (45 евра) 

- За деца до 12 години 1.860 мкд. (30 евра) 

- Деца до 2 години бесплатно, без седиште

 

- Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавремено напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

 

- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

 

- Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.atlantikturs.com) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, за овој аранжман не можеме да гарантираме сместување во прецизно одредена соба од објавените.

 

- Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути.Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.

 

- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

 

- Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

 

- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

 

- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во ТА Атлантик Турс.

 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ

 

 

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)