ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2019 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Банско
Hotel Belvedere Holiday Club 4* - Есен - Банско
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

БАНСКО-БУГАРИЈА

HOTEL BELVEDERE Holiday Club“ 4****

 

 

„Belvedere Holiday Club“ е хотелски комплекс од затворен тип категоризиран со 4**** кој располага со луксузни апартмани со една или со две спални соби. Комплексот се состои од 3 згради со пространа внатрешност  и пријатно оззеленети надворешни површини. Има одлична местопололжба- се наоѓа на само 4 минути пешачење до жичарницата и во непосредна близина на новиот МОЛ во Банско.

 

Апартхотелот располага со внатрешен и надворешен базен, спа центар со џакузи, финска сауна, инфрацрвена сауна, парна бања, турска бања, масажни кабинети, солариуми, фитнес и детско катче, мини кошаркарско игралиште, сала за електронски игри, билијард, пинг понг. Атрактивниот отворен базен со џакузи, детскиот оддел и барот се одлична можност за разладување во жешките летни денови. Фудбалското игралиште со размери 45/85 метри е значаен предуслов за организирање фудбалски турнири и кампови за подготовка на спортисти.

 

Гостите имаат на располагање три паркинзи, а преку зимскиот период за да стигнат до жичарницата можат да го користат транспортот што е во сопственост на хотелот.

 

„Belvedere Holiday Club“ располага со удобна конференциска сала со 120 места, опремена со мултимедијален проектор, екран, флипчарт, и безжичен интернет. Салата е идеално место за организирање и спроведување на Вашите конференции, обуки, семинари, деловни состаноци, презентации и корпоративни настани.

 

Независно дали ќе престојувате во апартхотелот преку летото или зимата, „Belvedere Holiday Club“ ќе Ви овозможи пријатен одмор во одличните апартмани и спа центарот.

 

НАПОМЕНА: Во текот на месеците октомври и ноември хотелот ќе работи само за време на викендите! 

 

 

09.09.2019-30.11.2019

 

 

Цената вклучува:

 

  - Ноќевањe  според избраната услуга по лице од ден

 Сместување во апартмани со една или со две спални соби

Користење на спа центарот во хотелот:внатрешен базенсо вградени тангенторни ефекти, финска сауна, парна бања, инфрацрвена сауна со вградени паноа од хималајска сол, фитнес, внатрешно џакузи, интернет, паркинг, детски оддел, фудбалско игралиште,туристичка такса

 

 

Цената не вклучува:

 

-Користење на бањарки (доплата на рецепција во хотелот)

-Патничко осигурување

 

 

Услови за деца:

 

- Дете до 5,99 год  бесплатно сместување (со 2 возрасни)

 

 

Напомена:


- Во апартманите со една спална можат да се сместат 2+2 лица

(2 лица плаќаат 100%, останатите според возраста)

- Во апартманите со две спални можат да се сместат 4+2 лица

(4 лица плаќаат 100%, останатите според возраста)

 

 

Плаќање исклучиво  во денарска противвредност по курс 1€= 62 денари

 

Информации, резервации и уплата:

ТА„Атлантик Турс“ Кавадарци

телефон/факс:043/ 420 885 ; 412 885; 413 885

 

ТА „Атлантик Турс“ Скопје

телефон/факс: 02/ 3109 825 ; 3109  826

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)