ТА Атлантик Турс | Хотели и авионски билети - online резервации

Нова Година 2016/2017 во продажба...

Лето 2019 - Сопствен закуп (каталог) За нас Општи услови за патување
Јазик / Language: Македонски / English
FACEBOOK
Банско
Hotel Amira 5* - Bansko
Сподели со пријателите:
Испринтај: print

 

БАНСКО-БУГАРИЈА

HOTEL AMIRA“ 5*****

 

 

Хотелот „Amira“ е луксузен бутик хотел со 5*****, расположен во подножјето на Пирин планина во Банско кој се наоѓа во непосредна близина на жичарницата. Хотелот располага со петнаесет едноспални апартмани од кои два се ВИП, единаесет студија и пет двокреветни соби. Постои можност просториите да се комбинираат на различни начини : студио со двокреветна соба, едноспален апартман со двокреветна соба и студио со едноспален апартман.

 

Има три ресторани: класичен ресторан со деведесет места во кој се нуди висок комфор, богата листа на вина и уникатна комбинација на најдобрите спацијалитети од локалната и глобалната кујна. Потоа тераса кон ресторанот со дваесет и четири места, лоби бар до дваесет и осум места и пријатен камин и ВИП салон со дваесет места наменет за релаксација.

 

Модерниот спа центар располага со две кабини за масажа, спа терапии и козметички процедури, релакс соба, финска сауна, панорамна инфрацрвена сауна со хималајска сол, парна бања, џакузи, внатрешен базен со зона за хидромасажа и  детски внатрешен базен. За своите најмали гости хотелот има организирано детско катче за слободна игра и зона за креативни работилници.

 

Хотелот „Amira“  работи преку целата година. Нуди беспрекорна услуга карактеристично за комплексите од највисока класа, како и поединечно внимание кон секој свој гостин.

 

Хотелот располага со мултифункционална сала опремена со се што е потребно за бизнис - состаноци, корпоративни семинари, презентации, изложби, коктели, обуки и други. Салата располага со централна климатизација, плазма екран 50 инчи, телефон и безжичен интернет.

 

За организирање  на корпоративни настани и конференции хотел „Amira“ нуди конференциска сала со капацитет до четириесет места.

 

Независно од поводот, секој празник е одлична можност да бидете со своите најблиски. Без разлика каква е Вашата идеја за празник - контактирајте не и ние ќе се погрижиме за целата организација.

 

 

 (20.09.2019-30.11.2019)

 

 

 

 

Цената е по лице од ден и вклучува:

  

  - Ноќевањe  со појадок или  полупансион (појадок и вечера)

 -Сместување според избраниот тип на соба

- Користење на внатрешниот  базен за возрасни со зона за хидромасажа и оддел за деца

-  Финска сауна,парна бања, панорамска инфрацрвена сауна со вградени паноа од хималајска сол, внатрешно џакузи, релакс сала, фитнес  сала, детски оддел со игри, мини сеф, интернет, туристичка такса

 

 

Цената не вклучува:

 

- Превоз и патничко осигурување

 

 

Услови за деца:

 

- Деца до 12,99 год  на услуга ноќевање со појадок бесплатно (сместување со 2 возрасни на дополнително легло)

- Деца од 6 до 12,99 години на услуга ноќевање со појадок и вечера плаќаат по 9 евра  (сместување со 2 возрасни на дополнително легло)

-Трет возрасен (над 13 години) сместен на дополнителено легло во студио или апартман доплаќа 70% од цената на возрасен на редовно легло

 

 

Напомена:

 

- Во студијата  можат да се сместат 2+1 лица

(2 лица плаќаат 100%, останатите според возраста)

- Во апартманите со една спална можат да се сместат 2+2 лица

(2 лица плаќаат 100%, останатите според возраста)

 

 

Плаќање исклучиво  во денарска противвредност по курс 1€= 62 денари

 

 

Информации, резервации и уплата:

ТА„Атлантик Турс“ Кавадарци

телефон/факс:043/ 420 885 ; 412 885; 413 885

ТА „Атлантик Турс“ Скопје

телефон/факс: 02/ 3109 825 ; 3109  826

Резервирај
На вашата емаил адреса се испратени информации со понатамошни инструкции.

Доколку сакате да извршите резервација на овој аранжман пополнете ја следнава форма за да извршите online плаќање.
ПРЕД ДА ИЗВРШИТЕ УПЛАТА ВЕ МОЛИМЕ ЈАВЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈАТА НА ТЕЛ 043/ 420 885 ; 412 885; 413 885 ; 071 661 589 И ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА СЛОБОДНИ МЕСТА









Внесете ја сумата што сакате да ја уплатите во денари (само броеви)